Пејзаново
Пејзаново, Киречќој или Варово (грчки: Ασβεστοχώρι, Асвестохори) — гратче во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Сместено е веднаш до градот Солун, а населението брои 6.453 жители (2021) кои до денес се исклучиво Македонци.[2]
Пејзаново Ασβεστοχώρι | |
---|---|
Поглед на Пејзаново | |
Координати: 40°38.5′N 23°1.5′E / 40.6417° СГШ; 23.0250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Капуџилар-Хортач |
Општ. единица | Пејзаново |
Надм. вис. | 460 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 6.453 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 10 |
Повик. бр. | +30-231x-xxx-xxx |
Рег. таб. | NAx-xxxx to NXx-xxxx |
Географија и местоположба
уредиГратчето се наоѓа на планината Хортач, во подножјето на врвот Свети Илија, 5 км источно над градот Солун, на надморска височина од 460 м.[2]
Се смета дека местото има многу здрава клима поради полупланинскиот карактер и претставува популарно излетничко место поради близината до Солун.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСпоред Кузман Шапкарев, селото е основано од Османлиите откако завладеале со Солун и тука населиле Бугари со цел да бидат испостава, пазејќи го градот од „грчки смутови“.[3] Сè до првата половина на XIX век, населението уживало особени привилегии. Не плаќале никакви даноци и се нарекувале пајзани, т.е. „пазачи“, со традицонална задача да го пазат водоснабдувањето на Солун.[2]
Селото подоцна се нарекувало и Варово (на турски Киреч Ќој) поради тоа што населението специјализирало во производство на вар, потоа превезувајќи го за продажба нашироко, дури до Анадолија.[2]
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Пејзаново како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Пејзаново Киречќој (Payzanovo Kiretchkeui) селото е заведено со 700 домаќинства со вкупно 3.158 жители, сите Македонци.[6][7]
На почетокот на 1870-тите рускиот козул во Солун сведочи дека селото има 700 македонски[8] и 15 влашки семејства. Во продолжение, конзулот вели дека Македонците се поделени на партии поради странските странски пропаганди, од кои посилна е онаа на патријаршијата (грчката).[9]
Во 1874 г. бугарските пропагандисти конечно успеале да отворат бугарско училиште,[10] покрај постоечкото големо грчко училиште со шест учители. Бугарското училиште работело сè до првата половина на 1880-тите, кога е затворено по силни залагања на солунскиот митрополит Јоаким (подоцна вселенски патријарх Јоаким III)[11]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Киречќој (Пејзаново) живееле 4.200 Македонци-христијани.[6][12]
По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Киречќој живеат Македонци[6] под врховенството на Цариградска патријаршија и во селото работи едно основно и едно средно грчко училиште.[13]
Боривое Милоевиќ вели дека пред Балканските војни Кречово (Киречкеј) се состоело од 1000 македонски куќи.[14]
Во Грција
уредиСо Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 4.800 жители.[2] Сè до Првата светска војна Пејзаново било најголемото македонско село во Солунско. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Ова се сменило поради страдањата во неа, така што во 1920 г. се заведени само 2.767 жители[2], а во 1928 г. населението понатмау опаднало на 2.705 жители.[2] Селото до денес останува сосем македонско благодарение на тоа што во него воопшто не се сместувале грчки доселенички семејства.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.732 | 2.519 | 2.618 | 2.592 | 2.602 | 3.326 | 4.702 | 6.393 | 6.453 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1800 г., прогласена за споменик на културата
- Црква „Св. Петка“
- Пејзановска пештерна црква
Самоуправа и политика
уредиГратчето припаѓа на општинската единица Хортач со седиште во Пејзаново, која припаѓа на поголемата општина Капуџилар-Хортач, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пејзаново, каде спаѓа и новосоздаденото место Кранос, кое најчесто се смета за дел од него.
Наводи
уреди„Пејзаново“ на Ризницата ? |
- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 337.
- ↑ Шапкарев, Кузман. Руссаллии. Древен и твърде интересен българский обичай запазен и до днес в Южна Македония. Пловдив, 1884, с.27.
- ↑ нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.150-151.
- ↑ нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската политика
- ↑ Маркова, Зина. „Българската екзархия 1870-1879“. София, 1989, стр. 81.
- ↑ Апостоловски, Иван. Отварянето на първото българско училище в село Киречкьой (Солунско). - Македонски преглед, 1928, кн.3.
- ↑ Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 28.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.218-219.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 36.
Надворешни врски
уреди- Пејзаново на Ризницата ?
- Дијалектен текст од Пејзаново (Киречќој), стр. 293-294 — Истражувачки центар за ареална лингвистика при МАНУ