Грамоштица
Грамоштица[1] (Грамоска Река[1], Грамош[2] или Корнишорска Река[2]; грчки: Γραμμος) — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија.
Грамоштица Γραμμος | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Ениџевардарско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Пајак |
• координати | 40°58′44″N 22°15′47″E / 40.9788° СГШ; 22.2631° ИГД |
Устие | |
• место | Колудеј кај Балџа |
• координати | 40°46′17″N 22°20′26″E / 40.7713° СГШ; 22.3406° ИГД |
Особености на сливот | |
Реките Мегленица и Грамоштица го обликуваат западниот дел на планината Пајак, одделувајќи ги од запад и исток главниот врв Пајак (1.460 м), Црвена Бара (1.050 м) и Проса (980 м). Средишниот дел на планината се издвојува од Грамоштица на запад и Црна Река од исток. Во овој дел се врвовите Поглед (1.650 м), Бајраците (1.420 м), Голата Чука (1.307 м), Кашпот (1.300 м), Гацови Митеризи и други.[1][3] Грамоштица (Грамоска Река), која тече на југ и е притока на Колудеј, го двои Поглед на исток од помалиот масив Метеризи на запад.[4]
Реката извира под името Грамада северно од врвот Паприте (1.355 м). Тече во југоисточен правец. Минува источно од Корнишор, излегува на Солунското Поле и кај возвишението Кумарката (327 м) врти на југ. Тука на грчки е позната како Ксиропотамос. Проаѓа меѓу К’шлар на запад и Крушари на исток, а потоа меѓу Ново В’дришта на исток и В’дришта на запад, за потоа да се влее во каналот Балица, притока на Колудеј, западно од Балџа.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Бабев, Иван (2009). Македонска голгота. София: ТАНГРА ТанНакРа ИК. стр. 92. ISBN 978-954-378-050-1.
- ↑ 2,0 2,1 Шалдевъ, Христо (1930). „Областьта Боймия в Югозападна Македония“ (PDF). Македонски прегледъ. София: Издава Македонскиятъ наученъ институтъ. VI (1): 50.
- ↑ Шалдевъ, Христо (1930). „Областьта Боймия в Югозападна Македония“ (PDF). Македонски прегледъ. София: Издава Македонскиятъ наученъ институтъ. VI (1): 52.
- ↑ Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 440. ISBN 978-960-86676-6-2.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“