Еритропоетинот е ткивен хормон кој го секретираат бубрезите. Тој стимулира еритропоеза во коскената срцевина. Се лачи во услови на намалено количество на кислород во крвта, појава позната како хипооксија. Еритропоетинот е гликобелковина. Нервните дразби како што се крвавење или движење на висока надморска височина го поттикнуваат лачењето на еритропоетинот.

erythropoietin
Назнаки
СинонимиEPOuniprot:P01588epoetin
External IDsGeneCards: [1]
RNA expression pattern
More reference expression data
Orthologs
ВидовиЧовекГлушец
Entrez
Ensembl
UniProt
RefSeq (mRNA)

n/a

n/a

RefSeq (protein)

n/a

n/a

Location (UCSC)n/an/a
PubMed searchn/an/a
Википодатоци
View/Edit Human

Луѓето со нефункционирачки бубрези можат да се одржат во живот со дијализа. Но дијализата само ја прочистува крвта од екскретите. Без извор на еритропоетин, овие пациенти страдаат од анемија. Денес, благодарејќи на рекомбинантната ДНК технологија, со рекомбинантниот човечки еритропоетин е можно да се третираат овие пациенти.

Други употреби на рекомбинантниот еритропоетин Уреди

  • Некои од лековите кои се користат за лечењето на СИДА, како зидовудинот (АZT) на пример, предизвикуваат анемија како спореден ефект. Рекомбинантниот ЕП им помага на заболените од СИДА да се справат со овој проблем.
  • Рекомбинантниот ЕП ја спречува анемијата која е чест спореден ефект при хемотерапијата на ракот.
  • Кај Јеховините Сведоци, чија религија забранува крвна трансфузија, големата загуба на крв може да се надомести со рекомбинантниот ЕП.
  • Бидејќи еритропоетинот го зголемува хематокритот, дозволува повеќе кислород да оди до скелетните мускули. Некои спортисти ја користат оваа погодност (велосипедисти на пример). Меѓутоа, поради зголемениот хематокрит, доаѓа до редукција во срцевата работа, што може да биде фатално.

Во поново време е откриено дека еритропоетинот исто така се синтетизира и во мозокот кога има недостиг од кислород (на пример, по мозочен удар) и помага во заштитувањето на невроните.

Наводи Уреди