Европска Заедница за Одбрана
Европската Заедница за Одбрана (ЕЗО) е обид на западноевропските сили, поддржани од САД, да направат противтежа на прекумерната воена моќ со конвенционалното оружје на Советскиот Сојуз во Европа со создавање на националната Европска армија, вокоја спаѓаат и силите на Западна Германија. Договорот бил склучен во 1952 година, но со одбивањето на францускиот парламент да го ратификува договорот во 1954 година овој проект не се реализирал. Една последица од постапката на Франција била одлуката донесена во 1955 година, со која Западна Германија повторно се вооружила и станала членка на НАТО. Во 1955 година ЕЗО била заменета со Западноевропска унија.