Социјалдемократска партија на Германија
Социјалдемократска партија на Германија (германски: Sozialdemokratische Partei Deutschlands, SPD) — социјалдемократска[2][3][4][5] политичка партија во Германија. Партијата е една од двете големи современи политички парти во Германија, заедно со конзервативната унија CDU/CSU, и е предводена од Зигмар Габриел.
Социјалдемократска партија на Германија Sozialdemokratische Partei Deutschlands | |
---|---|
Претседател | Зигмар Габриел |
Генерален секретар | Јасмин Фахими |
Заменици-претседатели | Ханелоре Крафт Торстен Шефер-Гимбел Олаф Шолц Мануела Швезиг Ајдан Езогуз |
Основана | 23 мај 1863 (ADAV) 7 август 1869 (SDAP) 27 мај 1875 (спојување) |
Штаб | Willy-Brandt-Haus D-10911 Берлин |
Студентско крило | Социјалистички германски студентски сојуз (1946-1961), Јузо-универтетски групи (од 1973) |
Младина | Јузос |
Женско крило | Сојуз на социјалдемократски жени |
Членови (2013) | ▼ 472.469[1] |
Идеологија | социјалдемократија[2] третпат[2] |
Полит. положба | лев центар |
Меѓународна припадност | Прогресивна алијанса, Социјалистичка интернационала |
Европска припадност | Партија на европските социјалисти |
Европски парламент | Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи |
Бои | црвена |
Места во Бундестагот | 193 / 631 |
Места во регионалните парламенти | 597 / 1.875 |
Места во Европскиот Парламент | 27 / 96 |
Премиери на покраини | 9 / 16 |
Мрежно место | |
http://www.spd.de | |
Знаме | |
Политика на Германија Политички партии Избори |
Моментално, SPD владее на сојузно ниво со голема коалиција со Христијанската демократска унија и Христијанската социјална унија од декември 2013 година по општите избори во Германија во 2013 година. Партијата учествува во тринаесет покраински влади, од кои девет предводени од министри-претседатели од SPD.
SPD е членка на Партијата на европските социјалисти и Социјалистичката интернационала и основач на Прогресивната алијанса на 22 мај 2013 година.[6][7][8] SPD е најстарата постоечка политичка партија во Бундестагот во Германија, основана уште во 1863 година. Воедно, партијата поседува најголемо членство од сите германски партии. По Втората светска војна, под водство на Курт Шумахер, SPD се поставила како идеолошка партија, којашто ги застапувала интересите на работничката класа и синдикатите. Партиската програма, што ги следела марксистичките принципи, повикувала на национализација на главните индустрии и државно планирање.
Наводи
уреди- ↑ „Mitgliederzahlen: SPD baut Vorsprung gegenüber CDU aus“. Spiegel Online. Посетено на 16 август 2013.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Партии и избори во Европа: База на податоци за парламентарните избори и политичките партии во Европа; Волфрам Нордзик
- ↑ Merkel, Wolfgang; Alexander Petring; Christian Henkes; Christoph Egle (2008). Social Democracy in Power: the capacity to reform. London: Taylor & Francis. ISBN 0-415-43820-9.
- ↑ Dimitri Almeida (27 April 2012). The Impact of European Integration on Political Parties: Beyond the Permissive Consensus. CRC Press. стр. 71–. ISBN 978-1-136-34039-0. Посетено на 14 July 2013.
- ↑ Ashley Lavelle (1 March 2013). The Death of Social Democracy: Political Consequences in the 21st Century. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 7–. ISBN 978-1-4094-9872-8. Посетено на 18 July 2013.
- ↑ http://www.spiegel.de/politik/deutschland/progressive-alliance-sozialdemokraten-gruenden-weltweites-netzwerk-a-901352.html
- ↑ http://www.faz.net/aktuell/politik/sozialdemokratie-progressive-alliance-gegruendet-12191286.html
- ↑ http://www.n-tv.de/politik/SPD-gruendet-Progressive-Alliance-article10689571.html
Надворешни врски
уреди- Социјалдемократска партија на Германија на Ризницата ?
- Официјална страница
- Официјална страница на младинската организација
- Историја на социјалдемократската партија Архивирано на 4 октомври 2010 г.