Фракција на црвената армија
Фракција на црвената армија (на германски: Rote Armee Fraktion - RAF) во раните фази попозната како Бадер-Мајнхоф групата, беше еден од најнасилните и истакнати лево ориентирани терористички групи по Втората светска војна во Западна Германија терористички групи. Организацијата себеси се дефинирала како комунистичка и анти-империјалистичка "урбана гериласка" група која имала за цел соборување на фашистичка држава, односно Западна Германија која што членовите на РАФ така ја оценувале, преку вооружен отпор. Фракција на црвената армија е основана во 1970 година од страна на Андреас Бадер, Гудрун Енслин, Хорст Махлер, и Улрике Мајнхоф.
Функционира | 1970 – 1998 |
---|---|
Водач | Андреас Бадер |
Подрачја | Западна Германија Германија |
Идеологија | Марксизам |
Фракција на црвената армија егзистирала во периодот помеѓу 1970-1998 година, извршила многубројни операции, особено во есента 1977 година, што довело до германска политичка криза, која станала позната како "Германска есен". Групата била одговорна за триесет и четири убиства, вклучувајќи и многу секундарни цели, како што се шофери и телохранителите, во текот на акциите биле повредени голем број на цивили. Групата секогаш себеси се именувала како "Фракција на црвената армија". Термините "Групата Бадер-Мајнхоф" или едноставно "Бадер-Мајнхоф" понекогаш биле користини како прекар за организацијата. Фракција на црвената армија никогаш не ги користела овие имиња, но германските медиуми ги користеле за да избегнат легитимирање на групата како вистинска политичка организација.
Имаше три последователни инкарнации на организацијата, "првата генерација", која се состоеше од Бадер и неговите соработници, на "втората генерација" РАФ, која оперирала од средината до крајот на 1970-тите години и "третиот генерација" , која дејствувала во 80-те и 90-те години на XX век.
На 20 април 1998 година бил испратен факс до новинската агенција Ројтерс, во кој Фракцијата на црвената армија изјавувила дека групата се самораспушта [1].
Извори
уреди- ↑ 'RAF Aufloesungserklaerung';RAFinfo.de