Егнатија
- За римскиот пат со вакво име, погл. Вија Егнација.
Егнатија (грчки: Εγνατία Οδός, Егнатија Одос; ознака: А2) — автопат во Грција, дел од Европскиот пат Е90. Се протега во должина од 670 км, од Игуменица на запад до грчко-турската граница кај Бахчеќој (Кипи) на исток. Овој голем изградбен зафат започнал во 1994 и конечно завршил во 2009 г. со вкупна цена на чинење од 5,93 милијарди евра.[1] Со проектот раководело претпријатието „Егнатија одос“ А.Д.
Автопат A2 | |
---|---|
Егнатија Одос Εγνατία Οδός | |
Протегање на автопатот „Егнатија“ | |
Информации за правецот | |
Дел од Е90 | |
Должина: | 670 км |
Поважни клучки | |
Од: | Игуменица |
До: | Бахчеќој (Кипи) |
Местоположба | |
Области: | Епир, Егејска Македонија, Тракија |
Патна мрежа | |
Автопатишта во Грција |
Име
уредиАвтопатот, инаку познат како А2, е наречен по познатиот римски пат Вија Егнација (на грч. Егнатија Одос) поради приближнот освоаѓање на нивното движње во делницата од Марица до Солун во должина од 360 км. Сепак, стариот римски пат е многу подолг (1 120 км), протегајќи се од Драч во денешна Албанија преку Солун, па сè до Цариград во денешна Турција.
Географија
уредиПравецот минува преку планинските предели на Епир и Егејска Македонија како што се венците Пинд и Каракамен (Вермио), што претставувало голем предизвик за градителите. Автопатот има вкупно 76 тунели и 1 650 мостови, напреден систем за надзор, осветлување, сударни ублажувачи и тунелско проветрување.[2]
Автопатот ги има следниве одлики:
- Опфат: од пристаништето Игуменица, Теспротија до граничниот премин Бахчеќој (Кипи) на реката Марица во Тракија
- Должина: 670 километри
- Минува низ окрузите: Теспротија – Јанина – Гребен – Кожани – Иматија – Солун – Кавала – Скеча – Родопи – Марица.
- Поврзан со девет главни оски кои ги поврзуваат соседните земји на север (Албанија, Р Македонија, Бугарија, Турција).
- Минува низ поважните градови: Игуменица – Јанина – Мечово – Гребен – Кожани – Бер – Солун – Кавала – Скеча – Ѓумурџина – Дедеагач
- Ги поврзува пристаништата: Игуменица – Солун – Кавала – Дедеагач
- Ги поврзува аеродромите: Јанина – Костур – Кожани – Солун – Кавала – Дедеагач
- Технички особености: по две сообраќајни ленти по правец, разделна лента по средината и принудна лента од десно.
- Опслужуваните подрачја ги опфаќаат:
- 36 % од населението во државата
- 33 % од БДП во државата
- Во основните дејности: 54 % од обработливотото и 65 % од наводнуваното земјиште во државата
- Во производните дејности: 41 % од индустриската дејност во државата
- 51 % од рударството во државата.
Покрај главниот правец, постојат и напречни патишта кои го поврзуваат со другите градови и аеродроми во Егејска Македонија. Иако е завршен во 2009 г., последниот зафат на правецот е направен во 2014 г. со изградбата на последниот мост.[3]
Населени места
уредиОва се сите населени места со свои излези на автопатот, наведени по возен редослед од исток кон запад:[4]
- Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[5]
Округ | Излез | Населено место | Одредишта | Се совпаѓа со |
---|---|---|---|---|
Марица (Еврос) |
ГП Бахчеќој (Кипи) - Ипсала | D110 E90 за Турција | источен крај на А2 | |
43 | Саранли (Ардани) | ЕО51 E85 за Бугарија, Турција | ||
42 | Дедеагач (Александруполи) — Индустриско подрачје | |||
41 | Дедеагач (Александруполи) | |||
40 | Макри | |||
39 | Мести | ЕО2 за Шапчи (Сапес) и Мароња (Маронија) | ||
Родопи | 38 | Ѓумурџина (Комотини) — Исток | ЕО2 Коридор IX за Бугарија |
|
37 | Ѓумурџина (Комотини) — Запад | ЕО2 | ||
36 | Јасиќој (Јасмос) | |||
Скеча (Ксанти) |
35 | Скеча (Ксанти) — Исток | ЕО2 | |
34 | Скеча (Ксанти) — Запад | |||
Кавала | 33 | Саришабан (Хрисуполи) | ||
32A | Караџаќој (Перни) | |||
32 | Чинар (Левки) | ЕО2 | ||
31 | Кавала — Исток | ЕО12 за Драма | ||
30 | Стар Чифлик (Палио) | |||
29 | Кавала — Запад | |||
28C | Правишта (Елевтеруполи) | |||
28B | Моштијан (Мустени) | |||
28A | Дедебал – Орфан (Галипсос - Орфани) | |||
Сер (Серес) |
28 | Струма (Стримонас) | ЕО2 ЕО59 за Сер (Серес), Драма | |
Солун (Тесалоники) |
27 | Аспровалта | ||
26 | Рендина | |||
25A | Чали (Нимфопетра) | |||
25 | Клисели (Профитис) | ЕО2 | ||
24 | Лагадина (Лагадас) | A25 E79 за Сер (Серес), Бугарија | ||
23B | Дервент | |||
23A | Старечки Дом (Гирокомио) кај Кучкар (Галини) | |||
23/K4 | Лембет (Евкарпија) | A24 за Солун (Тесалоники), Нова Мудања (Неја Мудања) | ||
22/K2 | Додулари (Дијавата) | ЕО2 E86 за Пазар/Ениџе Вардар (Јаница), Воден (Едеса) | ||
21/K1 | Гаскарка (Калохори) | ЕО1β | ||
20 | Текелиево (Синдос) — Југ | |||
20A | Кулакија (Халастра) | |||
19 | Вардар (Аксиос) | A1 E75 за Македонија | ||
18 | Нов Малград (Неја Малгара) | |||
Иматија | 17 | Клиди | A1 E75 за Атина | |
16 | Гида (Александрија) | |||
15 | Колура (Кулура) | |||
Меч (Меси) | за Негуш (Науса), Вртикоп (Скидра) | |||
14 | Бер (Верија) | |||
Кожани (Козани) |
13 | Хадова (Полимилос) | ||
12 | Кожани (Козани) | A27 E65 за Македонија ЕО3 E65 за Лариса |
||
11 | Коба Оваси (Каламија) | ЕО20 | ||
10 | Сачишта (Сјатиста) — Исток | |||
9A | Сачишта (Сјатиста) — Запад | A29 за Албанија | ||
Гребен (Гревена) |
9 | Гребен (Гревена) — Исток | ЕО15 | |
8B | Гребен (Гревена) — Запад | ЕО15 | ||
8A | Венетик (Венетикос) кај Мавран (Мавранеи) | |||
Кипурѓо (Кипурио) | A3 | |||
8 | Черешово (Аја Параскеви) | |||
Јанина (Јоанина) |
7 | Мечово (Мецово) | ЕО6 E92 | |
6A | Менгули (Перистери) – Хрисовица | |||
6 | Арахтос – Загори | |||
5A | Јанинско Езеро (Памвотида) | |||
5 | Јанина (Јоанина) | ЕО5 E951 | ||
4A | Рапчишта (Педини) | A5 за Арта, Агринио | ||
4 | Црковишта (Додони) | ЕО17 | ||
Теспротија | 3 | Сели – Тирија | ||
2 | Неохори – Парамитија | ЕО18 | ||
1A | Клобучар (Василикос) | |||
1 | Игуменица – Ледежда (Ладохори) | |||
Игуменица — Пристаниште | E90 E92 E55 траект за Крф (Керкира), Италија |
западен крај на A2 |
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Egnatia Odos. „The Construction of the Egnatia Motorway“. www.egnatia.eu. Архивирано од изворникот на 2018-08-19. Посетено на 18 August 2018.
- ↑ Main Road Furniture Архивирано на 20 јули 2011 г., Главна тунелска опрема Архивирано на 20 јули 2011 г. (англиски)
- ↑ „Ολοκληρώθηκε και τυπικά η Εγνατία Οδός“. ypodomes.com. Архивирано од изворникот на 2015-01-24. Посетено на 2021-08-12.
- ↑ „Aυτοκινητόδρομος (Aftokinitodromos) A2 – Eγνατια Oδóς (Egnatia Odos)“. motorways-exits.com.
- ↑ Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.
Надворешни врски
уреди„Егнатија“ на Ризницата ? |
- Матична страница на „Егнатија одос“ А.Д. Архивирано на 15 февруари 2008 г. (англиски)
- Патот „Егнатија“ Архивирано на 8 март 2006 г. — Министерство за развој, планирање и јавни работи (грчки)
- Набљудувачница на патот „Егнатија“ Архивирано на 26 март 2019 г. (грчки)