Кожани (округ)

Кожани (грчки: Περιφερειακή ενότητα Κοζάνης) — округ во Егејска Македонија (денес Грција), дел од периферијата Западна Македонија. Зафаќа површина 3.516 км2

Кожани
Περιφερειακή ενότητα Κοζάνης
Округ
Општини во округот Кожани
Општини во округот Кожани
Местоположба во Грција
Местоположба во Грција
Координати: 40°20′N 21°40′E / 40.333° N; 21.667° E / 40.333; 21.667Координати: 40°20′N 21°40′E / 40.333° N; 21.667° E / 40.333; 21.667
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
Админ. центарКожани
Површина
 • Вкупна3.516 км2 (1,358 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно150.196
 • Густина43/км2 (110/ми2)
Пошт. бр.50x xx
Пов. бр.246x0
ISO 3166GR-58
Рег. таб.KZ
Мреж. местоkozani.gr

Има население од 156.807 жители. Денес најголемиот дел се Грци, но има и Македонци, Власи и др. Административен центар е градот Кожани кој воедно е и најголем и главен град на целата периферија Западна Македонија.

Се граничи на север со Постол, на запад со Костур, на северозапад со Лерин, на исток со Иматија и Пиерија, на југ со Гребен и на југозапад со Лариса во Тесалија.

Административна поделбаУреди

Перфектурата има 4 општини: Кожани, Серфиџе-Велвендо, Еордеја и Горуша.

ОпштиниУреди

Округот Кожани се дели на 4 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата)::[1]

ДемографијаУреди

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 17 населени места и сочинуваат околу 8% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 12.000 Македонци.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди