Автопат 1 или А1 (грчки: Αυτοκινητόδρομος 1) — магистрала во Грција, втора по големина во земјата. Претставува главна државна сообраќајница во правецот север–југ, поврзувајќи ја престолнината Атина со Тесалија и Егејска Македонија, заклучно со нејзиниот главен град Солун.

Автопат A1 shield

Автопат A1
Информации за правецот
Дел од Е75
Должина:550 км
Поважни клучки
Северен крај:Мачуково
Јужен крај:Атина
Местоположба
Области:Егејска Македонија, Тесалија, Централна Грција, Атика
Поважни градови:Солун, Катерина, Лариса, Ламија, Атина
Патна мрежа
Автопатишта во Грција

Правец

уреди

Автопатот минува низ копнена Грција. Почнува од булеварот „Кефис“ во Атина, веднаш северно од заливот Фалер, па продолжува север сè до Мачуково (Евзони) на границата со Македонија, каде продолжува како автопатот А1 („Пријателство“). Целиот пат е дел од поголемиот европски пат Е75, а пред промената на патните ознаки, северниот дел од Мачуково до ЕО2 ја носел ознаката E5N. Задачата за одржување и наплата на патиштата во најново време е доделена на приватни претпријатија, како дел од зделката за изградба на Автопатот 5 („Јонија“), Е65, како и заобиколницата на Темпејската Долина.

Делот западно од градскиот центар на Атина оди врз реката Кефис како булевар наречен по неа. Почнувајќи северно од границата Беотија - Фтиотида, па близу до Велестино, патот го следи брегот на Егејското Море. Потоа продолжува на север од Темпејската Долина до клучката со европскиот пат Е90. Потоа оди по делница од 25 км на А2 / Е90 или „Егнатија“ (во правец запад–исток), па продолжува на Вардарската клучка и кон Мачуково на границата со Македонија. Има вкупна должина од 550 км.

Историја

уреди

1950-ти - 1970-ти

уреди

Сè до 1973 г. ова бил пат со две ленти кој завршувал кај Катерина. Делницата Атина - Ламија е отворена во август 1962 г. како пат широк 14 м. Делницата Ламија - Лариса е пуштена во октомври 1967 г. со истата ширина. Потегот Лариса - Катерина е пуштен во септември 1959 г. со ширина од 13 м (освен превојот за Темпејската Долина, широк 10 м). Продолжетокот од Катерина до Солун е завршен во септември 1973 г., повторно со ширина од 14 м. Делницата Вардарска клучка - Мачуково (границата) е отворена во јули 1973 г. Делот од Вардарската клучка до Ругуновец е пуштен со ширина од 14 м, а пак потегот Ругуновец - Мачуково (границата) е изграден како автопат.

1980 - денес

уреди

Со продолжувањето на патот до Солун и границата со Р Македонија, автопатот добил четири ленти. Доградбата на северниот дел е направена во 1980-тите, а на јужниот на почетокот и во средината на 1990-тите, почнувајќи од патарината кај Ќурка. Во 1995 г патот А1 имал одлики на автопат од Атина до Теба и од Клиди до Солун, додека пак делницата Теба - Клиди останала неодделен пат со ширина од 14 м. Во 1998 г. автопатот добил шест ленти сè до излезот северно од Теба, а четири ленти од Теба до Темпејската Долина, со тоа што неколку делници во западна Мегнезија останале со само 2 ленти. Оттогаш е изградена Лариската заобиколница. Во 2017 г. А1 го задоволува автопатниот стандард по целата негова должина, со две, три или четири (кај Атина) сообраќајни ленти во секоја насока, како и лента за итно запирање.

Последната делница на автопатот е довршена во април 2017 г. Оваа минува низ Темпејската Долина, каде оди низ најголдиот тунел на Балканот, долг 6 км long, како и уште два тунела. Обиколницата околу Атина („Атички пат“) овозможува непопречен тек на сообраќајот кон Пелопонез, поврзувајќи се со пристаништето Патра (преку А8) и Каламата (преку автопатот „Мореја“).

Населени места

уреди

Ова се сите населени места со свои излези на автопатот, наведени по возен редослед од север кон југ:[1]

Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[2]
Напомена
      во изградба
      предвидено
Округ Излез Населено место Одредишта Белешки/Совпаѓања
Кукуш
(Килкис)
ГП Мачуково (Евзони)   М1   Е75
  Македонија  
северен крај на А1
Мачуково (Евзони)   ЕО1
  Е75
Ругуновец (Поликастро)
  Е75
        одмориште Ругуновец
Солун
(Тесалоники)
Ватилак (Ватилакос)
предвидено
Каваклиево (Агиос Атанасиос)   ЕО2   Е86
  Е75
Кулакија (Халастра) — Север
предвидено
19 Вардар (Аксиос) — клучка   А2   Е90
  Е75
18 Нов Малград (Неја Малгара)
  Е75   Е90
Иматија 17 Клиди — клучка Запад:   А2 (  Е90): Кожани, Бер, Јанина
  Е75
Пиерија Либаново (Егинио)
  Е75
Нов Ахтопол (Неја Агатуполи)
  Е75
Макријалос
  Е75
        одмориште Коринос
Коринос
  Е75
Катерина (Катерини) — Север

Вромероскала (Паралија)

Катеринска обиколница

    Вромероскала, Вромери (Калитеја)

  Е75
Катерина (Катерини) — Исток   ЕО1
  Е75
Тунел „Филип“ (1.095 м) (кон југ) Тунел „Александар“ (1.100 м) (кон север)
Катерина (Катерини) — Југ   Олимпски Брег (Олимпијаки Акти)
  Е75
Ступи (Неја Ефесос)     Нов Ефес (Неја Ефесос), Кондариотиса
  Е75
Литохорска Плажа (Паралија Литохору),

Малатрија (Дион)

Малатрија
  Е75
Литохоро Запад: Литохоро,   пл. Олимп

Исток:   Плака

  Е75
Плака   Плака
  Е75
Лептокарија,

Скотина

  ЕО1

Исток:     Лептокарија,   Скотинска Плажа (Паралија Скотинас)

  Е75
        одмориште Скотина
тунел „Платамон“ (Т3) (2.700 м) тунел „Платамон“ (Т3) (2.700 м)
Платамон (Платамонас),

Нова Пурлија (Неи Пори)

  Е75
Лариса Рапсани
  Е75
тунел „Темпи 2“ (Т2) (6.000 м) тунел „Темпи 2“ (Т2) (6.000 м)
тунел „Темпи 1“ (Т1) (2.000 м) тунел „Темпи 1“ (Т1) (2.000 м)
Евангелисмос,

Макрихори

  ЕО1
  Е75
        одмориште Евангелисмос
Лариса 1   ЕО1 (воедно за Кожани)
  Е75
Лариса 2
  Е75
Лариса 3   ЕО6
  Е75
Лариса 4 (воедно за Трикала и Кардица)   ЕО108   Е92
  Е75
Килелер
  Е75   Е92
Мега Монастири
  Е75   Е92
Магнезија Велестино
Волос
  ЕО6   Е92
  Е75
Аерино   ЕО1
  Е75
Микротивес
Волос
Фарсала
  ЕО30
  Е75
Алмирос
  Е75
Сурпи
  Е75
        одмориште Алмирос
Агии Теодори
  Е75
Фтиотида Гардики (Пелазгија)
  Е75
Рахес   ЕО1
  Е75
Стилида
Каравомилос
  Е75
Аја Марина   ЕО1
  Е75
Аја Параскеви
  Е75
Ламија 1   Е65
  Е75
        одмориште Ламија
Ламија 2   А3
предвидено
Бралос   ЕО27   Е65
  Е75
Термопили
  Е75
Молос
  Е75
Кенурѓо
  Е75
Камена Вурла
  Е75
Латомио
  Е75
Агиос Константинос
  Е75
Лонгос
  Е75
Аркица
  Е75
Ливанатес
  Е75
Аталанти
  Е75
Трагана
  Е75
Малесина
  Е75
Мартино
  Е75
Беотија Кастро   ЕО48
  Е75
33 Акрефнија
  Е75
31 Теба — касарна
  Е75
Теба
  Е75
Теба 2   А13 (идна Атинска заобиколница)
предвидено
        одмориште Тангара
30 Рицона   ЕО44
  Е75
Схиматари   ЕО44β A1 како приклучок на A11 кон југ
  Е75
Халкида — клучка   А11
  Е75
Инои
  Е75
Источна Атика Инофита
  Е75
       

одмориште „Сериос“
Малакаса   ЕО79
  Е75
Маркопуло
  Е75
Капандрити   ЕО81
  Е75
Ќурка (Афиднес)
  Е75
Агиос Стефанос   ЕО83
  Е75
Северна Атина Варибоб (Варибоби)
  Е75
Кифисија
  Е75
Ликовриси
  Е75
Метаморфоси
  Е75
Метаморфоси — клучка   А6   Е94
  Е75
Централна Атина ул. „Анагенисеос“
  Е75
ул. „Крестенис“
  Е75
ул. „Вриулон“
  Е75
ул. „Ахарнон“
  Е75
Агии Анаргири
  Е75
ул. „Лиосион“
  Е75
Патисија
  Е75
Перистери — Север
  Е75
бул. „Константинуполеос“
  Е75
ул. „Етнарх Макариј“
  Е75
Перистери — Југ   ЕО8
  Е75
Западна Атина ул. „Јера“
  Е75
бул. „Петрос Ралис“
  Е75
Пиреј ул. „Ајас Анис“
  Е75
ул. „Пиреј“   ЕО56
  Е75
Пиреј   Е75 јужен крај на А1

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Автопатишта — Списоци на излези
  2. Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.

Надворешни врски

уреди