Кавала (округ)
Кавала (грчки: Περιφερειακή ενότητα Καβάλας) — еден од двата најисточни окрузи во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува дел од областа Источна Македонија и Тракија. Административен центар е градот Кавала.
Кавала Περιφερειακή ενότητα Καβάλας | |
---|---|
Округ | |
Општини во Кавала и Тасос | |
Кавала и Тасос во Грција | |
Координати: 41°00′N 24°25′E / 41.000° СГШ; 24.417° ИГД | |
Подрачје | Егејска Македонија, Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Админ. центар | Кавала |
Површина | |
• Вкупна | 1.728 км2 (667 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 115.974 |
• Густина | 67/км2 (170/ми2) |
Пошт. бр. | 64x xx, 65x xx |
Пов. бр. | 2510, 259x0 |
ISO 3166 | GR-55 |
Рег. таб. | ΚΒ |
Мреж. место | pekavalas.eu |
Географија
уредиНа запад се наоѓа планината Кушница (Пангео, 1.957 м). Околни окрузи се Сер на запад, Драма на север и Скеча на исток. Долж источната граница тече реката Места, одделувајќи ја Македонија од Тракија. Обработливото земјиште е распределено по северното и источното крајбрежје.
Климата на округот е претежно средоземна.
Административна поделба
уредиОкругот Кавала се дели на 3 општини:[1]
Островот Тасос е општина сместена во свој округ, одземен од округот Кавала согласно законските измени „Каликратис“ во 2011 г., со кој се преуредени и општините, спојуваќи поголем број општини во горенаведените три.
Демографија
уредиБидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 3 населени места и сочинуваат околу 3% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 3.000 Македонци.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Кавала (округ) на Ризницата ?
- Портал на округот Кавала