Хадова
Хадова или Хандова (грчки: Πολύμυλος, Полимилос), до 1927 година (грчки: Χάντοβα, Хантова) [2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 876 жители.
Хадова или Хандова Πολύμυλος | |
---|---|
Координати: 40°22′N 22°04′E / 40.367° СГШ; 22.067° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански Округ |
Општина | Општина Кожани |
Општ. единица | Хелеспонт |
Надм. вис. | 876 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 408 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа источно од Кожани, на јужните падини на планината Дурла.
Историја
уредиЗа време на Османлиското Царство
уредиКон крајот на XIX век Хадова е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство.
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Хадова станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Хадова има 408 жители.[3] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 89 семејства и 338 жители бегалци.[4]
Во 1927 година името на селото е променето во Полимилос.
Демографија
уредиПописи
уредиДвижењето на населението по години е следното[5]:
- 1913 – 697 жители
- 1920 – 868 жители
- 1928 – 381 жител
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 779 | 736 | 757 | 637 | 537 | 695 | 565 | 408 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Χάντοβα -- Πολύμυλος
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 329.