Јанина (округ)
Јанина (грчки: Περιφερειακή ενότητα Ιωαννίνων) — округ во областа Епир, Грција. Главен град на округот е Јанина. Ова е најголемиот округ во Епир е меѓу најголемите во државата.
Јанина Περιφερειακή ενότητα Ιωαννίνων | |
---|---|
округ | |
Општини во Јанина | |
Округот Јанина во Грција | |
Координати: 39°45′N 20°50′E / 39.750° СГШ; 20.833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Епир |
Адм. центар | Јанина |
Површина | |
• Вкупна | 4.990 км2 (1,930 ми2) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 167.901 |
• Густина | 34/км2 (87/ми2) |
Пошт. бр. | 44x xx, 45x xx |
Повик. бр. | 265x0 |
ISO 3166 | GR-33 |
Рег. таб. | IN |
Мреж. место | nomioan.gr |
Географија
уредиОкругот Јанина се граничи со Албанија на север, окрузите Костур на североисток, Гребен и Трикала на исток, Арта на југоисток, Превеза на југ и Теспротија на југозапад и запад.
Јанина е планински округ во кој доминира венецот Пинд на источниот дел. Помали вериги во состав на Пинд, од север кон југ, се следниве: Грамошта, Смолика (2.637 м, највиска во Пинд), Тимфи, Лигос, Пелистер (Лакмос) и Џумерка (Атаманика). Меѓу пониските планини, Ксеровуни е на југ, а Томар на југозапад.
Јанинското Езеро е најголемо езеро во Епир. Во округот извираат неколку поважни реки, меѓу кои Војуша, Арахтос и Ахерон.
Подрачјето на денешниот округ е припоено кон Грција во 1913 г. по Првата балканска војна, остварувајќи ги намерите на „Големата идеја“ (Мегали-идеја).
Општини
уредиЈанинскиот округ е поделен на 8 општини. These are (прикажани со нивните броеви на картата во инфокутијата):[1]
Сообраќај
уреди- EO5/E55 Ј, Цен.
- EO6, З, Цен., И
- EO17, Ј, ЈЗ
- EO20/E55, Цен., СЗ, С
- EO26, СЗ
- Егнатија/E90, СЗ, Цен., СИ
- Јанински аеродром
Туризам
уредиКако и највеќето од копнена Грција, Јанина не е популарна меѓу туристите колку островите. Сепак, ова подрачје има низа природни и историски знаменитости. Покрај градот Јанина, тие се:
- Црковишта (Додони) — археолошко наоѓалиште со пророчиште и амфитеатар.
- Национален парк Вик-Војуша — ја опфаќа клисурата Вик низ која тече реката Водоматица.
- селата во областа Загори, делумно во Националниот парк Вик-Војуша.
- загорското село Папинго — скијчако одморалиште и почетно место за планинарство и високогорство.
- планината Смолика (2.637 м) — втора по височина во Грција.
- Мечово — скијачки центар
- пештерите во Перама, неколку километри североисточно од Јанина.
- споменикот во Залонго во чест на жените од с. Сули.
- Воениот музеј во с. Калпаки.
- Бурзанскиот мост кај Мелисоптера.
- Музеј на грчката историја „Павлос Врелис“ — најпознатиот музеј на восочни фигури во Грција.
Спорт
уредиНајголемиот фудбалски клуб во округот е „ПАС Јанина“. Помали клубови во округот се:
- „Авероф“
- „Велисарио“
- „Дафнула“
- „Елеуса“
- „Кефаловриси“
- „Мечово“
- „Мусјотица“
Литература
уреди- Franz X. Bogner & Georgios Pilidis. Lake of Ioannina. 128 pages. ISBN 978-960-233-199-6. Ioannina 2010.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Портал на округот Јанина Архивирано на 13 септември 2008 г.