Чинар (грчки: Λεύκη, Левки[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Чинар
Λεύκη
Чинар is located in Грција
Чинар
Чинар
Местоположба во областа
Чинар во рамките на Кавала (општина)
Чинар
Местоположба на Чинар во Општина Кавала и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°59′N 24°31′E / 40.983° СГШ; 24.517° ИГД / 40.983; 24.517
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000121000000121 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно194
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 14 километри североисточно од градот Кавала на надморска височина од 121 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 80 Турци[3].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Левки[4].

Демографија

уреди

Во 1928 година во селото биле сместени 40 грчки семејства со 156 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 156 лица, додека во 1940 година селото броело 234 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 278 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 128 жители, во 1971 година имало 90 жители, во 1981 година имало 64 жители, додека во 1991 година имало 48 жители[6]. Денеска, населението на селото е 194 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 234 278 128 90 64 48 48
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Λεύκη
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 79.