Венетик

река во Егејска Македонија

Венетик (грчки: Βενέτικος, Венетикос) — река во Егејска Македонија, десна притока на Бистрица.

Венетик
Местоположба
Физички особености
УстиеБистрица, кај с. Раци, Гребенско
Особености на сливот

Извира од планината Смолика над с. Авдела, Гребенско и тече на исток. Ја образува впечатливата клисура Портица, па на крај се влева во Бистрица кај с. Раци, Гребенско. Реката е погодна за сплаварење и кајакарење.[1][2]

Мостови

уреди

Реката е позната по своите стари турски камени мостови. Во минатото имала 19 моста, од кои највеќето се зачувани.[3] Најпознати се Азизагиниот мост кај с. Залово и Портичкиот мост кај с. Спилио. Азизагиниот е најголемиот грбав мост во Македонија и втор во денешна Грција, по оној кај Плака на р. Арахтос, Епир. Изграден е во 1727 г. по нарачка на Азиз-ага.[4] Портичкиот мост се наоѓа на влезот на истоимената клисура. Изграден е во 1743 г. и долг е 13 метри.[5]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Γρεβενά, Βενέτικος“. Архивирано од изворникот на 2011-09-23. Посетено на 2016-01-07.
  2. „Νομός Γρεβενών, παραπόταμοι Αλιάκμονα“. Архивирано од изворникот на 2011-06-30. Посетено на 2016-01-07.
  3. Λύκειο Αγίων Αναργύρων, περιβαλλοντική εργασία[мртва врска] Γεφύρια του Βενέτικου
  4. „Νομός Γρεβενών, Γεφύρι Αζίζ Αγά“. Архивирано од изворникот на 2011-09-18. Посетено на 2016-01-07.
  5. „Νομός Γρεβενών, Γεφύρι Πορτίτσας“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2016-01-07.