Дервент
Дервент или Дервен (грчки: Ακριτοχώρι, Акритохори; до 1926 г. Δερβέντι, Дервенти[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Дервент Ακριτοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°16.15′N 23°10.41′E / 41.26917° СГШ; 23.17350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | 130 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 390 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа северозападно од градот Сер и на 12 км северозападно од Валовишта. Лежи во живописна месност во југоисточното подножје на Беласица. Кај селото е манастирот „Св. Јован Претеча“.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Дервент бил чисто македонско село во Демирхисарската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дървент к’с чифлик (Dervent-këss tchiflik) бил село со 50 домаќинства на 160 Македонци.[4][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Дервент чифлик, сопственост на Дервиш-бег од Демир Хисар, од него 3 часа на север. Сместено до левиот брег на Струма. 16 куќи Македонци.[6][7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото има 160 жители, сите Македонци христијани.[4][8] Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Дервент (Dervent) се состоело од 160 Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.[9]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 195 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 249 лица.[3] Во 1924 г. населението е присилно иселено во Бугарија, а на негово место се доведени грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Акритохорион.[10] На пописот од 1928 г. Дервент е заведен како наполно дојденско село со 344 жители (113 домаќинства).[11]
Име | Име | Ново име | Ново име | Опис |
---|---|---|---|---|
Исли Таш[12] | Ίσλί Τάς | Палеопетра | Παλαιόπετρα[13] | месност на З од Мандраџик[12] |
Големо Греки Јованоглу[14] | Μεγάλο Γκρέκι Γιοβάνογλου | Мегали Стани | Μεγάλη Στάνη[13] | месност на Беласица на СЗ од Дервент[14] |
Мало Греки Јованоглу[14] | Μικρό Γραίκι | Микри Стани | Μικρή Στάνη[13] | месност на Беласица на СЗ од Дервент[14] |
Орта Буру[15] | Όρτά Μπουρού | Месорема | Μεσόρεμα[13] | река на Беласица на СЗ од Дервент[15] |
Дејдеко[15] | Ντέϊν Ντέκο | Какодијавато | Κακοδιάβατο[13] | месност на Беласица на СЗ од Дервент[15] |
Конаци[15] | Κονάκια | Каталима | Κατάλυμα[13] | месност на Беласица на СЗ од Дервент[15] |
Демир Капија[15] | Δεμίρ Καπού | Сидеропетра | Σιρεδόπετρα[13] | месност на Беласица на СЗ од Дервент, Ј под врвот Радомир (2.029,2 м)[15] |
Таш Мандра[14] | Τάς Μάνδρα | Мандра | Μάνδρα[13] | гранична месност на Беласица на ССЗ од Дервент, Ј под врвот Фурка[14] |
Једи Куле[15] | Γεντή Κουλέ | Епапиргион | Έπταπύργιον[13] | месност на Беласица на С од Дервент, Ј под врвот Конгур (1.951,3 м)[15] |
Мемиш Јатаки | Μεμίς Γιατάκι | Апандима | Άπάντημα[13] | |
Чајнк Каја | Τσάϊνκ Καγιά | Петроплаја | Πετροπλαγιά[13] | |
Бахтијар[15] | Μπαχτάρη | Елос | Έλος[13] | поранешно село на Ј од Дервент[15] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 489 | 524 | 626 | 454 | 387 | 488 | 427 | 390 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Тане Комитата (? – 1912) — борец во МОО, четата на Панајот Карамфилович, загинал на 21 ноември 1912 г.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Манастир „Св. Јован Претеча“ од 1981 г.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 192. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 856.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 12,0 12,1 Топографска карта BG 1:100.000.
- ↑ 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 13,11 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1044. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 Топографска карта ЈНА 1:100.000.
- ↑ 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 15,10 15,11 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 358. ISBN 954-9800-52-0.