Ѓумурџина
Ѓумурџина (грчки: Κομοτηνή, Комотини, турски: Gümülcine, Ѓумулџине) — главен град на округот Родопи во источниот дел на Источна Македонија и Тракија. Градот Ѓумурџина е административен центар, но најголем и најважен град е Кавала.[2]
Ѓумурџина Κομοτηνή | |
---|---|
Поглед на стариот град и џамијата | |
Местоположба во областа 2011 Dimos Komotinis.svg | |
Координати: 41°6′N 25°25′E / 41.100° СГШ; 25.417° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Родопи |
Површина | |
• Општина | 644,93 км2 (249,01 ми2) |
• Општ. един. | 385,4 км2 (148,8 ми2) |
Надм. вис. | 45 м |
Најг. вис. | 19 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. | 66.919 |
• Општ. густина | 100/км2 (270/ми2) |
• Општ. един. | 60.648 |
• Општ. един. густина | 160/км2 (410/ми2) |
Заедница | |
• Население | 54272 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 691 00 |
Повик. бр. | 25310 |
Рег. таб. | ΚΟ |
Мреж. место | www.komotini.gr |
Природни услови
уредиЃумурџина се наоѓа во средишниот дел на грчка Тракија, на местото каде рамницата преоѓа во брдско подрачје на север. Градот се наоѓа на надморска висина од 32 до 38 м. Северно од градот се простира приморскиот дел на планинската верига Родопи. Јужно од градот се простира рамница до не така оддалеченото Егејско Море (околу 20 км). Климата во градот е изменето средоземна, со топли лета и ладни зими. Близу Ѓумурџина е Порто Лаго (34 км кон југозапад). Порто Лаго се наоѓа на тесен појас земја меѓу заливот Вистони и лагуната Вистони. Ова подрачје е познато по разноликоста на птиците и рибите.
Историја
уредиВо околината на градот Ѓумурџина откриени се остатоци од праисториски луѓе, веројатно предци на Тракијците. Во римско време ова подрачје значително напредувало, пред сè благодарение на добрата местоположба на Вија Игнација. На крајот на овој период доаѓа до пробој на варварите на ова подрачје, па младата византиска држава од градот прави тврдина, која и денес е сочувана над современиот град.
Во текот на XX се случиле големи промени во подрачјето. Со Првата балканска војна од 1912 година дотогашното турско подрачје станува дел од Бугарија, но после Првата светска војна и даден на Грција. После тоа, заради Грчко-турската војна од 1922-1923 година, дошло до иселување на Турците и останатите муслимани и доселување на Грци од Мала Азија. За време на Втората светска војна дошло до осовременување на градот што довело до негов раст.
Знаменитости
уредиЃумурџина е позната по добро сочуваната балканска архитектура во рамките на старото градско јадро. Покрај другите знаменитости има и неколку интересни музеи (археолошки, на народната уметност и византиски музеј на црковната уметност).
Население
уредиСпоред пописот од 2011 година, градот брои 66 919 жители. Населението е поделено на Грци (скоро половината) и муслиманско малцинство во Грција (скоро половина), кое опстанало во Тракија. Остатокот го чинат Роми и Ерменци. Поголемиот дел од месните муслимани се сметаат за Турци. Многубројно е грчкото население со потекло од Мала Азија, а во поново време и од просторот на бившиот Советски Сојуз.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ http://www.visitgreece.gr/el/main_cities/komotini