Автопат 24 (Грција)
автопат во Егејска Македонија, Грција
Автопат 24 или А24 (грчки: Αυτοκινητόδρομος 24) — автопат во Егејска Македонија, Грција. Го поврзува големиот автопат А2 („Егнатија“), кој минува низ северните предградија на Солун, со Нова Мудања на полуостровот Халкидик на југ, преку самиот град Солун. Во потегот меѓу Лембет и клучката во Каламарија, A24 сочинува дел од Внатрешната солунска обиколница. Целиот автопат има вкупна должина од 72 км.
Автопат A24 | |
---|---|
А24 со црвено | |
Делница на А24 кај Нова Каликратија | |
Информации за правецот | |
Дел од Е79 | |
Должина: | 72 км |
Поважни клучки | |
Северен крај: | Лембет — клучка |
Јужен крај: | Нова Мудања |
Местоположба | |
Области: | Солунско, Халкидик |
Поважни градови: | Солун |
Патна мрежа | |
Автопатишта во Грција |
Населени места
уредиОва се сите населени места со свои излези на автопатот, наведени по возен редослед од север кон југ:[1]
- Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[2]
Округ | Излез | Населено место | Одредишта | Белешки/Совпаѓања |
---|---|---|---|---|
Солун (Тесалоники) |
23-K4 | Лембет (Евкарпија) — клучка | северен крај на A24 | |
K5 | Лембет (Евкарпија) | (прод. Внатр. обикол.) |
почеток на совпаѓање со Внатр. солунска обиколница | |
K6 | Кара Усеин (Полихини) | ¦ | ||
K7 | Кастра | ¦ | ||
K7A | Свети Павле (Агиос Павлос) | ¦ | ||
K8 | Триандрија | ¦ | ||
K9 | Горна Тумба (Ано Тумба) | ¦ | ||
K10 | Капуџилар (Пилеја) / Малакопи | ¦ | ||
K11 | Капуџилар/Арсакли (Пилеја/Панорама) | ¦ | ||
K12 | Каламарија — клучка | (прод. Внатр. обикол.) |
крај на совпаѓање со Внатр. солунска обиколница | |
Фојник (Фојникас)/Американско земјоделско училиште | ||||
Фојник (Фојникас) | ||||
Седес (Терми) | ||||
Аеродром Солун | ||||
Загрџа (Тагарадес) | ||||
Караџонахли (Кардија) | ||||
Адали (Като Схлолари) | ||||
Месимер (Месимери) | ||||
Халкидик (Халкидики) |
Нова Каликратија (Неја Каликратија) | |||
Српски Метох (Созополи) | ||||
Суфлар (Неја Триглија) | ||||
Флогита | ||||
Портарија | ||||
Нова Мудања — Север | ||||
Нова Мудања — Исток | јужен крај на A24 |
Галерија
уреди-
A24 пред Солун
-
A24 кај аеродромот
-
A24 кај Нова Мудања
-
A24 кај Нова Каликратија
Наводи
уреди- ↑ Автопатишта — Списоци на излези Архивирано на 15 ноември 2017 г., посет. 4 септември 2012 г (англиски)
- ↑ Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.
Надворешни врски
уреди„Автопат 24 (Грција)“ на Ризницата ? |