Клисели или Профитис (грчки: Προφήτης, Профитис) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Профитис бил дел од општина Егнатија[2].

Клисели
Προφήτης
Клисели is located in Грција
Клисели
Клисели
Местоположба во областа
Клисели во рамките на Бешик
Клисели
Местоположба на Клисели во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°41′N 23°16′E / 40.683° СГШ; 23.267° ИГД / 40.683; 23.267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгнатија
Надм. вис.&10000000000000141000000141 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно996[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.572 00
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 43 километри западно од Ставрос и 39 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 141 метри.

Клисели опфаќа површина од 48 квадратни километри[3].

Историја уреди

Во XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1928 година селото било преименувано во Профитис.

Демографија уреди

Во 1928 година селото било мешано со 73 бегалски семејства и 270 бегалци [4] додека во 1940 година селото броело 995 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1267 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1162 жители, во 1971 година имало 1078 жители, во 1981 година имало 1067 жители, додека во 1991 година имало 1144 жители[5] а во 2001 имало 1010 жители[6]. Денеска, населението на селото е 474 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 995 1267 1162 1078 1067 1144 631 996
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 13 ноември 2018 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  6. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-06.

Надворешни врски уреди