Јуроајс Класик 2016
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 21. Јуроајс Класик | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2016 1.UWT | ||
Датум | 21 август 2016 | ||
Растојание | 217,7 км | ||
Држава | Германија | ||
Поаѓалиште | Хамбург | ||
Одредиште | Хамбург | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 144 | ||
Просечна брзина | 44,363 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Кејлеб Јуан (Тим Џејко АИУла) | ||
Второпласиран | Џон Дегенколб (Тим ДСМ) | ||
Третопласиран | Џакомо Ницоло (Трек-Сегафредо) | ||
◀2015 | 2017▶ | ||
Документација |
Јуроајс Класик 2016 (претходно позната како Ватенфал Класик) — 21. издание на германската велосипедска класична трка Јуроајс Класик. Се одржала на 21 август 2016 година.[1]
Трката била освоена од Кејлеб Јуан во спринт, откако резултатот на Насер Бухани бил поништен поради нерегуларен спринт.
Рута
уредиЈуроајс Класик била единствена трка која се одржала во рамките на Светската турнеја во 2016 година.
Екипи
уредиБидејќи Јуроајс Класик е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Четири професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Извештај од трката
уредиТрката започнала во 11:30 часот по месно време, при што првакот од претходната година Андре Грајпел ја бранел титулата.[3] Од главната група најпрвин се одвоиле шест возачи, а во текот на рутата водечката група се намалила на четворица, возејќи на делумно влажни патишта поради слаби врнежи. Првобитна, водечката група се состоела од Лукас Пестлбергер (BOA), Матео Монтагути (Ag2R), Алесандро Де Марки (BMC), Камил Градек (VAT), Матеј Мохорич (LAM) и Максат Ајазбајев (AST). По 217 километри, групата од четворица била достигната пред целта. Насер Бухани (COF) бил најбрз во завршниот спринт, пред Кејлеб Јуан (OBE), Џон Дегенколб (TGA) и Џакомо Ницоло (TFS).[4] Меѓутоа, поради неправилен спринт титулата на Бухани му била одземена, а Кејлеб Јуан бил прогласен за победник.[4]
Поредок
уредиЗавршен пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извори: ProCyclingStats Cycling Quotient |
Наводи
уреди- ↑ Вин, Најџел. „Календар на Светската турнеја на UCI 2016“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 5 декември 2015.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ Hamburg Cyclassics – Tausende Zuschauer feiern die Radler, Hamburger Abendblatt (на германски)
- ↑ 4,0 4,1 Live Straßenrennen, eurosport.de (на германски)
- ↑ „Јуроајс Класик 2016“. ProCycling.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Јуроајс Класик 2016“. ProCycling.