Анабаптизам

Христијанско движење и верувања што се појавиле како последица на реформите во Западното Христијанство

Анабаптизмот претставува третото движење во протестантството. Неговите наследници сметале дека црквата е составена од личности, кои вистински го преживеале Исус Христос. Тие се спротивставувале на идејата за вистинско постоење на црквата како религиозна институција, туку држеле на личната врска со Бог преку Светиот Дух. Поради ова, тие сметале дека човек треба да биде крстен во вода откако ќе се запознае со својата вера и во овој контекс тие биле најрадикални.

Ширењето на анабаптизмот над Западна Европа во периодот 1525-1550 година

Анабаптистите го отфрлаат носењето на свадбени прстени, или пак учеството во државното управување. Како еден од основачите на Анабаптизмот се смета Томас Минцер. Тој бил предводник на т.н. Селанска војна кога околу 100.000 селани заедно со Минцер биле убиени.