Крштение Господово

(Пренасочено од Крстење на Исус)

Крштение Господово при Јован Крстител — настан што го означува почетокот на Исусовата јавна проповед. Христијанскиот свет денес го смета крштението Господово за важен настан, врз кој се темели христијанското крштевање. За крштевањето на Исус се зборува во евангелијата според Матеј, Марко и Лука, додека во Евангелие според Јован крштевањето на Исус не е директно опишано.

Франческо Албани; Крштевањето на Исус

Многумина современи теолози и научници го сметаат за историски настан крштевањето на Исус.[1][1][2][2][3]

Јован Крстител вршел обредни капења на реката Јордан и проповедал крштевање заради покајување и простување на гревовите. Според христијанското предание, Исус по крштевањето поминал четириесет дена во пустината, а потоа почнал да проповеда.[4]

Христијанска традиција

уреди
 
Јордан

Евангелијата од Новиот завет проповедаат дека Исус кога имал триесет години отишол да се крсти кај Јован Крстител. Според христијанските извори, Јован му рекол на Исус: „Ти треба мене да ме крштеваш, а ти доаѓаш при мене“ (Матеј 3;14), и дека го крстил по инсистирањето на Исус. Според евангелијата, откако Јован го потопил Исуса во реката Јордан и го крстил, од небото врз Исус се слегол Светиот Дух во вид на гулаб и се отворило небото, и Божјиот глас проговорил: Ти си синот мој возљубен. Овој настан се нарекува богојавление.

Во Евангелието според Лука Светиот Дух се појавува во форма на гулаб, па од тогаш гулабот е познат симбол во христијанската уметност за Светиот Дух.[5][6] Вообичаената претстава е отворено небо над Исус и гулабот кој слегува врз Исус.[7]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Christianity: A Biblical, Historical, and Theological Guide by Glenn Jonas, Kathryn Muller Lopez 2010, pp. 95–96
  2. 2,0 2,1 Studying the historical Jesus: evaluations of the state of current research by Bruce Chilton, Craig A. Evans 1998 ISBN 90-04-11142-5 pp. 187–98
  3. The Gospel of Matthew by Daniel J. Harrington 1991 ISBN 0-8146-5803-2 p. 63
  4. Jevanđelje po Marku 1:13-14
  5. Clarke, Howard W. The Gospel of Matthew and its Readers: A Historical Introduction to the First Gospel. Bloomington: Indiana University Press, 2003.
  6. William F. Albright and C.S. Mann. "Matthew". The Anchor Bible Series. New York: Doubleday & Company, 1971.
  7. Medieval art: a topical dictionary by Leslie Ross 1996 ISBN 978-0-313-29329-0 p. 30