Островите на Карипското Море, заеднички наречени Карипски Острови, се групирани во Големи Антили, Мали Антили и Бахамски Острови.

Местоположба на Големите Антили во однос на останатите Карипски острови.
Островите кои припаѓаат на Големите Антили.

Големите Антили се Куба, Јамајка, Хиспаниола (на која се наоѓаат Хаити и Доминиканската Република) и Порторико. Овие 5 држави од Големите Антили зафаќаат вкупна површина од 207.435 км² и на нив живеат вкупно над 35 милиони жители.

Помалите острови во околината на четирите поголеми острови понекогаш исто се сметаат за дел од групата на Големи Антили. Големите Антили се состојат од континентална карпа, за разлика од Малите Антили кои се вулкански и корални острови.

Големите Антили имале стратешка важност при освојувањето на Америка и за доминација врз нив војувале Шпанија, Холандија, Франција и Обединетото Кралство. Прво биле експлоатирани нивните природни ресурси, а подоцна станале главна база за бродовите кои патувале помеѓу Европа и Новиот Свет. Со развојот на комерцијалната авијација, стратешкото значење на островите е намалено, и денес тие главно живеат од земјоделство и туризам.

Наводи

уреди
  • Rogonzinski, Jan. A Brief History of the Caribbean. New York: Facts on File, 1992.

Поврзано

уреди