Јанез Дрновшек (роден на 17 мај 1950 во Цеље — починал на 23 февруари 2008 во Заплана) — словенечки политичар, поранешен претседател на Претедателството на СФРЈ (19891990), и претседател на Словенија (2002 - 2007)[1].

Јанез Дрновшек
Јанез Дрновшек


Мандат
22 декември 2002 – 23 декември 2007
Заменик претседател(и)   Стојан Андов (според уставот на Р.М.)
Претходник Милан Кучан
Следбеник Данило Тирк

Роден 1950
Цеље, ФНР Југославија
Починал 2008
Заплана, Словенија
Партија Движење за правда и развој
Професија Економист

Животопис

уреди

Дипломирал на Економскиот факултет во Љубљана, а докторирал на Економскиот факултет во Марибор во 1986 година. Универзитетот во Бостон му доделил звање почесен доктор во 1996 година, а Универзитетот во Илиноис иста титула во 1999 година. Дипломатската кариера ја започнал во седумдесеттите во југословенската амбасада во Каиро, а подоцна работел во Осло на Институтот за меѓународна економија. Се занимавал со проучување на современото светско економско уредување.

По враќањето во земјата, тој станал директор на филијалата на „Љубљанска банка“ во Трбовље. Во април 1989 бил избран за словенечки член на Претседателството на СФРЈ, а во мај станал претседател на претседателството по ротирачки принцип со мандат од една година. За време на вооружениот конфликт на ЈНА со единиците на ТО на Словенија бил главен преговарач.

По одделувањето на Словенија од СФРЈ и прогласување на независност, четири пати бил избран за премиер, последен пат во [(2000)]година. На изборите одржани во декември 2002година бил избран за претседател на Словенија со 56,51% од гласовите, додека противкандидат бил Барбара Брезигар. Должноста ја презел од долгогодишниот претседател Милан Кучан. Покрај словенечки зборувал англиски јазик, француски, шпански и српско-хрватски јазик. Од брак имал син Јаша и вонбрача ќерка Нана Форте.

Тој починал како последица на рак на 23 февруари 2008 година во Заплана. Бил погребан на семејните гробишта во Загорје об Сови.

Наводи

уреди
  1. „Janez Drnovsek“. Encyclopedia Britanica. Посетено на 18 јануари 2019. (англиски)

Надворешни врски

уреди