Парохија
најмала црковна организациска единица
Парохија[1][2] (грчки: παροικία) или енорија[3][4] (грчки: ενορία) — најмала црковна заедница на свештени лица и на верници од христијанска вера, населени на една определена територија, под духовно раководство на еден парохиски свештеник, односно парох. Во едно населено место можат да постојат повеќе парохии, а и повеќе места можат да сочинуваат една парохија.[5]