Ватрослав Ингациј Облак (словенечки: Vatroslav Oblak, Цеље, 15 мај 1864 - Цеље, 15 април 1896) — словенечки и австриски лингвист, славист и македонист.

Ватрослав Игнациј Облак <vr> Vatroslav Ignacij Oblak
Портрет на Ватрослав Облак.
Роден/аВатрослав Игнациј Облак
15 мај 1864
Цеље, Словенија
Починат/а15 април 1896
Цеље, Словенија
Занимањемакедонист, филолог, славист, лингвист
НационалностСловенец
Образованиедипломиран филилог
Жанрлингвистика, филологија
Значајни делаМакеоднски студии

Животопис

уреди

Облак своето образование го започнал во основното училиште во Цеље каде во истиот град го продолжил и гимназиското образование, но при крај го напуштил образованието поради заболување од туберкулоза. Наскоро го продолжил образованието, но поради несогласување со авторитетите се преселил во Загреб кога во 1886 година матурирал. Облак заминал за Виена каде студирал словенечка филологија. На 11 март 1891 се здобил со титула „доктор на науки“ каде и добил стипендија за да замине во Македонија и престојувал во Солун каде ги проучувал македонските дијалекти. Но турските власти го затвориле по што австрискиот конзул реагирал за да го ослободат и ја напуштил Македонија. По краток престој во Виена, тој повторно отпатувал но овој пат во Далмација каде го проучувал чакавското наречје.[1]

Творештво

уреди

По запишувањето на факултет започнал со издавање на списанието „Архива за словенска филологија“ и во 10 години напишал околу 150 статии. Го проучувал словенечкиот јазик и неговите дијалекти, дијалектите на хрватскиот јазик и македонските дијалекти. Значајно дело е „Македонските студии“ (Macedonische Studien) каде се обработени македонските дијалекти.[2]

Наводи

уреди
  1. Slovenski biografski leksikon 1925-1991. (2009). Elektronska izdaja. Ljubljana: SAZU
  2. Enciklopedija Slovenije. (1994). Knjiga 8. Ljubljana: Mladinska knjiga.

Поврзано

уреди