Топоним
Топоним (од старогрчки: τόπος, топос = место и ὄνομα, онома = назив)[1] — име на некое географско место или објект.[2] Науката што се занимава со изучување на топонимите се нарекува топонимија, која е гранка на ономастиката — општа наука за имињата од секаков вид. Под истото може да се подразбере и севкупноста на месните имиња во дадена област.[3]
Покрај општиот поим, постојат поедини видови на топоними што се однесуваат на дадени целини или земјишни облици. Такви се:
Важност
уредиТопонимијата е важна гранка на географијата бидејќи дава увид во историјата и културниот идентитет на местата. Сознанијата можат да се изведат од етимологијата на поимот, или пак од физичкото окружување, настаните и преданијата што довеле до дадениот назив.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „топоним“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ топоним — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ топонимија — Дигитален речник на македонскиот јазик
Надворешни врски
уреди- Топонимија — рубрика за топонимите во Македонија на порталот „Крале Марко“
- Присилното преименување на населените места, топонимите и микротопонимите во Егејска Македонија — „Македонска нација“