ФК Брегалница 2008 (ФК Алумина)

(Пренасочено од ФК Алумина)

ФК Брегалница 2008, познат и по старото име ФК Алуминамакедонски фудбалски клуб од Штип

ФК Брегалница 2008
Целосно имеФудбалски Клуб Брегалница 2008
Основан1950; пред 70 години (1950)[1]
СтадионГрадски стадион Штип
(Капацитет: 4,000)
СопственикКирил Гогов (51%)
Општина Штип (49%)[2]
ЛигаВтора македонска лига - Исток
2019/20
(недовршена)
Втора лига - Исток, 2. од 10 места
Домашни бои
Гостински бои

ИсторијаУреди

Како АлуминаУреди

Алумина била оформена во 1950 година во Скопје, но своите корени ги влече од пред Втората светска војна. Игралиштето на кое настапувала Алумина се вика Македонија, а во минатото имали и трибини. По пауза од неколку години клубот повторно се натпреварувал во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига). Тренер на екипата бил Томислав Франц, кој како играч има играно 10 сезони во клубот, од 1993/94 до 2003/04.

Во клубот поминале голем број на познати играчи, најчесто млади фудбалери, кои како отстапени играчи на двојна лиценца, биле пратени на калење од некој од пореномираните скопски клубови. Така дел од својата кариера во Алумина поминале играчи како Филип Ивановски, Ќемал Аломеровиќ, Ѓоко Цветановски и други.

Како Брегалница 2008Уреди

Во летото 2008 година, Алумина биле преземена од управата на Брегалница од Штип. Оттогаш името на клубот било сменето во Брегалница 2008.

Во 2017 година, во полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија 2016/2017, против екипата на Пелистер. Тогаш Брегалница го одиграла својот прв натпревар на домашен терен под рефлектори. Осветлувањето на теренот било спроведено од страна на Општина Штип, а со поддршка на ФФМ.[3]

Навивачка поддршкаУреди

Навивачката група на штипска Брегалница го носи името Фаланга

НаводиУреди

  1. http://macedonianfootball.com/index.php?option=com_content&view=article&id=110:alumina&catid=26:3-liga-sever-third-league-north&Itemid=190
  2. „Штип добива стадион со 7.000 седишта и за меѓународни натпревари“. ekipa.mk преку web.archive.org. 11 јуни 2020. Посетено на 11 јуни 2020.
  3. „Историски прв натпревар на ФК „Брегалница“ под рефлектори на градскиот стадион“, Штипски Мозаик, март-април 2017, стр. 18.

Надворешни врскиУреди