Градски стадион Штип
Градскиот стадион Штип - фудбалски стадион со сместивост од 4.000 гледачи. На стадионот освен централното игралиште има и атлетска патека. Со него стопанисува Општина Штип, а главен корисник е Брегалница 2008. Во минатото, до 2008 година, корисник на теренот била првичната Брегалница.
Градски стадион Штип | |
---|---|
![]() | |
Место | Штип, Македонија |
Отворен | |
Реновиран | 2016 |
Сопственик | Општина Штип |
Подлога | Трева |
Игра | Брегалница 2008 |
Гледачи | 4.000 |
ИсторијаУреди
Во 2017 година, за време на полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија 2016/2017 помеѓу екипите на Брегалница 2008 и Пелистер, за првпат бил одигран вечерен натпревар под рефлектори. Осветлувањето на теренот било спроведено од страна на Општина Штип, а со поддршка на ФФМ.[1]
Во октомври 2019 година, започнало подновувањето на играчкиот терен на стадионот.[2] Во 2020 година, во кругот на стадионот, во завршна фаза била изградбата на играчките апартмани и клупската административна зграда на Брегалница 2008.[3]
НаводиУреди
- ↑ „Историски прв натпревар на ФК „Брегалница“ под рефлектори на градскиoт стадион“, Штипски Мозаик, март-април 2017, стр. 18.
- ↑ „Поради реновирање на теренот во Штип: Брегалница – Победа ќе се игра во Пехчево…“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 3 октомври 2019. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Апартманите чекаат на игралите на Брегалница!“. ekipa.mk преку web.archive.org. 2 јули 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-10. Посетено на 10 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)