Горан Здравков

македонски фудбалски тренер и поранешен играч

Горан Здравков (роден на 11 ноември 1980 година) ― македонски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.

Горан Здравков
Горан Здравков како главен тренер на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 11 ноември 1980(1980-11-11)(43 г.)
Роден во Штип, СР Македонија, СФРЈ
Висина 1.84 м
Позиција Тренер
Среден ред (како играч)
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2017 Брегалница 2008
2018 Беласица
2018-2020 Плачковица
Тренер на екипи
2020-2021 Каменица Саса
2021-2022 Детонит Плачковица
2022- Брегалница 2008
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Играчка кариера уреди

Тој бил играч на Работнички.[1][2]

Во сезоната 2010/11, Здравков дошол во родната Брегалница 2008 која била прволигаш во тоа време. Следната сезона, Здравков и Брегалница завршиле на петтото место на табелата. Сезоната 2012/13, Здравков со Брегалница биле шести во првенството. Во сезоната 2013/14, Здравков уште бил во Брегалница 2008 со која завршил на седмото место на прволигашката табела. Следната сезона, повторно Здравков и Брегалница го освоиле седмото место. Во сезоната 2015/16, петтото место во Првата лига било обезбедено. Првенството 2016/17, Здравков и Брегалница 2008 завршиле на претпоследното деветто место и отпаднале во Втората лига. Додека бил играч на Брегалница 2008, тој бил нејзин капитен.[3][4] Во Втората лига - Исток 2017/18, Здравков ја почнал сезоната во Брегалница 2008, но за во втората половина од првенството, поточно во јануари 2018 година, тој се преселил во конкурентот на Брегалница 2008, Беласица.[5] Здравков со Беласица ја освоил Втората лига - Исток и со тоа се унапредиле во Првата лига. Но за сезоната 2018/19, Здравков ја сменил средината и се преселил во второлигашот Плачковица. Таа сезона, Здравков и Плачковица биле шести во Втората лига - Исток. Следната сезона, поради ширењето на пандемијата на COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[6] На 26 мај, Федерацијата одлучила дека Првенството воопшто нема да се продолжи.[7][8] Во прекинатата сезона, Плачковица и Здравков биле седми на табелата и таа сезона Здравков се повлекол од професионалното играње фудбал.

Тренерска кариера уреди

Тренерската кариера започнал во јули 2020 година во второлигашот Каменица Саса.[1] Во неговата прва сезона, 2020/2021, тој ја донесол Саса до шестото место во Втората лига - Исток. Сезоната 2021/22 ја почнал во Саса, но таму останал до декември. Во март 2022 година, тој дошол во радовишки Детонит Јуниор.[9] Во Детонит Јуниор ја започнал сезоната 2022/23 и бидејќи имал добри резултати, тој бил прогласен за најдобар тренер за првата полусезона.[10] Здравков во декември 2022 година, престанал да биде главен тренер на Детонит Јуниор и се преселил да биде тренер во прволигашот Брегалница 2008.[2][2][11][12] Поради добрите резултати со Брегалница 2008, на 10 април 2023 година, Здравков бил прогласен за тренер на колото од страна на sportsport.mk.[13] Следната сезона, Здравков продолжил во Брегалница 2008.[14]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Чалам во Каменица: Горан Здравков од денеска тренер на Саса!“. vesnik.com. 18 јули 2020. Архивирано од изворникот 2023-08-14. Посетено на 14 август 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Горан Здравков е нов тренер на Брегалница“. makfax.com.mk. 22 декември 2022. Архивирано од изворникот 2022-12-23. Посетено на 14 август 2023.
  3. Зоран Мишевски (26 септември 2017). „Наумов и Здравков пресилни за Кожуф, Беласица со петта победа не го дава врвот“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2017-09-28. Посетено на 14 август 2023.
  4. „СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ,ГОРАН ЗДРАВКОВ!...“. Stipski asovi. 11 ноември 2021. Архивирано од изворникот 2023-08-14. Посетено на 14 август 2023.
  5. „Здравков ја засили Беласица“. ekipa.mk. 16 јануари 2018. Архивирано од изворникот 2018-01-16. Посетено на 14 август 2023.
  6. „Државното првенство во сите конкуренции се прекинува на неодредено време“. Фудбалска федерација на Македонија. 12 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 14 август 2023.
  7. „ФФМ одлучи: Првата лига продолжува со плеј-оф и плеј-аут, без испаѓање“. ekipa.mk. 26 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 14 август 2023.
  8. „ОФИЦИЈАЛНО: ПМФЛ продолжува, ќе се игра цело лето и БЕЗ ИСПАЃАЊЕ!“. gol.mk. 26 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 14 август 2023.
  9. „Горан Здравков продолжи како тренер во Детонит...“. Stipski asovi. 14 март 2022. Архивирано од изворникот 2023-08-14. Посетено на 14 август 2023.
  10. Славчо Ивановски (11 декември 2022). „ГОРАН ЗДРАВКОВ НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА ВО ВТОРА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА“. komarec.com.mk. Архивирано од изворникот 2023-03-29. Посетено на 14 август 2023.
  11. „ГОРАН ЗДРАВКОВ ПОВЕЌЕ НЕ Е ТРЕНЕР НА ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“. radovisnews.mk. декември 2022. Архивирано од изворникот 2023-01-23. Посетено на 14 август 2023.
  12. Зоран Поповски (22 декември 2022). „Горан Здравков е нов тренер на Брегалница Штип“. sportmanija.mk. Архивирано од изворникот 2022-12-22. Посетено на 14 август 2023.
  13. „ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)“. sportsport.mk. 10 април 2023. Посетено на 14 август 2023.[мртва врска]
  14. „Горан Здравков: Брегалница ќе се засили со пет-шест ново фудбалери“. sportclub.mk. 7 јуни 2023. Архивирано од изворникот 2023-08-14. Посетено на 14 август 2023.

Надворешни врски уреди