ФК Брегалница Штип

ФК Брегалница - поранешен македонски фудбалски клуб од Штип. Клубот последен пат се натпреварувал во Третата македонска фудбалска лига - Исток. Своите натпревари ги играл на Градскиот стадион Штип, кој има капацитет од 4.000 гледачи.

ФК Брегалница
Fk bregalnica stip logo.png
Целосно име Фудбалски Клуб Брегалница
Основан 1921; пред 99 години (1921)
Распаднат 2008; пред 12 години (2008)
Стадион Градски стадион Штип
Капацитет 4,000
Трета лига - Исток
2007/2008

(последна)
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Kit body shouldersonwhite.png
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ИсторијаУреди

ФК Брегалница била создадена во 1921 година. Во својата историја, Брегалница има настапувано во Втората југословенска лига. По стекнувањето на независноста на Македонија, Брегалница станала член на Првата македонска фудбалска лига, но истата сезона (1992/93) таа испаднала од Лигата. По неколку сезони минати во второлигашка конкуренција, клубот повторно се вратил во Првата лига, во сезона 1996/97 и во сезона 1997/98, во која по одиграни 13 кола, се откажал од Лигата. Потоа настапил црн период за клубот, кој во сезоната 1999/00 испаднал од Втората фудбалска лига и неколку сезони играл во Третата лига - Исток.

Во летото 2008 година, ФК Алумина (тогашен второлигаш) биле преземена од управата на Брегалница. Оттогаш името на Алумина било сменето во Брегалница 2008. Првичната Брегалница била распадната.

Навивачка поддршкаУреди

Навивачката група на штипска Брегалница го носи името Фаланга и е навивачка група на актуелната Брегалница 2008.

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди