Филип Ивановски (Скопје, 1 мај 1985) — македонски фудбалер, напаѓач на Вардар и на македонската репрезентација.

Филип Ивановски
Лични податоци
Роден на 1 мај 1985(1985-05-01)(39 г.)
Роден во Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Вардар
Број 22
Младинска кариера
ФК Вардар
ФК Работнички
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2003 ФК Работнички 9 (0)
2004 ФК Алумина
2004-2007 ФК Македонија 48 (32)
2007–2008 ФК Дискоболија 33 (7)
2008-2010 ФК Полонија Варшава 44 (15)
2010-2011 ФК Етникос Ахнас 15 (1)
2011-2012 ФК Вардар 32 (24)
Репрезентација
2009- Македонија Македонија 8 (1)
* Ажурирано на: 20 мај 2010
** Ажурирано на: 1 јуни 2012

Кариера

уреди

Филип Ивановски својата кариера ја започнува во Вардар, но уште како младинец преоѓа во ФК Работнички. Таму ги бележи првите настапи во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига), но за кратко, бидејќи ќе биде избркан од клубот од страна на тогашниот тренер, Ѓоре Јовановски. Потоа минува шест месеци во Алумина, за нередната сезона 2004/05 да дојде во ФК Македонија Ѓ.П. каде што ќе покаже значителни успеси. Поради тоа и прави трансфер во Полска, во клубот Дискоболија Гроѓиск Вјелкопољски, за 800.000 евра.