Светски конгрес на есперанто

Светски конгрес на есперанто (есп. Universala Kongreso de Esperanto, UK) е еден од најважните настани во есперанто движењето во светот. Конгресите се одржуваат секоја година, скоро без прекин 113 години. Од 1905 година, прекините биле направени само за време на двете светски војни. Настанот е организиран од Светскиот есперанто сојуз.

Марк Фетес, претседател на Светскиот есперанто сојуз, за време на 100-тиот Светски конгрес на есперанто во Лил (Франција), 2015 година.
Посетеност на секој Светски конгрес на есперанто, од првиот во 1905 година, до 100-тиот во 2015 година.

Овој конгрес не е само работен состанок на Светскиот есперанто сојуз со другите есперанто сојузи, туку е и фестивал на есперантската култура, туризмот и светски форум на есперантистите. Сè до осмиот конгрес, во 1912 година, тој бил нарекуван Меѓународен конгрес, а од деветтиот, во 1913 година, се нарекува Светски конгрес.

Организација

уреди

Светскиот есперанто сојуз одржува секоја година конгрес во друга земја, земајќи го предвид географскиот распоред и организационите способности на локалните сојузи.

За местото на одржување на конгресот одлучува Претседстелството на сојузот. Битна улога во одлучувањето има и Генералниот директор на сојузот, кој потпишува одредени документи, но секојдневната работа околу организирањето сепак ја одработува постојаниот секретар на Сојузот кој е службеник во седиштето на сојузот во Ротердам. Во градот во кој се одржува конгресот, дел од работата ја организира и Месниот конгресен комитет, кој е соработник на Светскиот есперанто сојуз.

Историја

уреди

По средбите на есперантистите во 1904 година во Довер и Кале, францускиот адвокат Алфред Мишо, го организирал првиот Светски есперанто конгрес во Булоњ на Море во 1905 година.

Во почетокот, за одржување на следниот конгрес било одлучувано на тековниот конгрес, а подоцна разните есперантски работни тела одлучувале околу организацијата на следниот.

Конгресот собира неколку стотини до неколку илјади есперантисти од целиот свет. Најмногу пријавени 5986 учесници имало на конгресот во Варшава во 1987 година, кога била и стогодишнината на есперантото. Сепак за најголем број на вистински есперанто учесници се смета конгресот во Нирнберг во 1923 година, кога учествувале преку 3500 есперантисти. Бројот на земјите учеснички исто така варира, но просечно учествуваат околу шеесетина земји од разни делови од светот. Конгресот се одржува обично последната недела на јули или првата недела од август, почнувајќи и завршувајќи во сабота со траење од осум дена. До 1980 година средбите биле организирани главно во Европа или САД, со исклучок на конгресот во 1965 година кој бил одржан во Јапонија, но од тогаш се одржувале и во други земји како на пример: Бразил, Канада, Кина, Јужна Кореја,[1] Австралија, Израел, Виетнам[2] и Аргентина.[3]

Список на досегашните и планираните конгреси

уреди
 
Земји-домаќини на Светскиот конгрес на есперанто, во периодот од 1905-2016 година.
Број Година Град Држава Број на
учесници
105 2020 Монтреал   Канада  
104 2019 Лахти   Финска  
103 2018 Лисабон   Португалија 1567[4]
102 2017 Сеул   Јужна Кореја 1173[5]
101 2016 Нитра   Словачка 1252[6]
100 2015 Лил   Франција 2698[7]
99 2014 Буенос Аирес   Аргентина 706[8]
98 2013 Рејкјавик   Исланд 1034[9]
97 2012 Ханој   Виетнам 866[10]
96 2011 Копенхаген   Данска 1458[11]
95 2010 Хавана   Куба 1002[12]
94 2009 Бјалисток   Полска 1860
93 2008 Ротердам   Холандија 1845
92 2007 Јокохама   Јапонија 1901
91 2006 Фиренца   Италија 2209
90 2005 Вилнус   Литванија 2235
89 2004 Пекинг   НР Кина 2031
88 2003 Гетеборг   Шведска 1791
87 2002 Форталеза   Бразил 1484
86 2001 Загреб   Хрватска 1691
85 2000 Тел Авив   Израел 1212
84 1999 Берлин   Германија 2712
83 1998 Монпелје   Франција 3133
82 1997 Аделаида   Австралија 1224
81 1996 Прага   Чешка 2972
80 1995 Тампере   Финска 2443
79 1994 Сеул   Јужна Кореја 1776
78 1993 Валенсија (град)   Шпанија 1863
77 1992 Виена   Австрија 3033
76 1991 Берген   Норвешка 2400
75 1990 Хавана   Куба 1617
74 1989 Брајтон   Обединето Кралство 2280
73 1988 Ротердам   Холандија 2321
72 1987 Варшава   Полска 5946
71 1986 Пекинг   НР Кина 2482
70 1985 Аугсбург   Западна Германија 2311
69 1984 Ванкувер   Канада 802
68 1983 Будимпешта   Унгарија 4834
67 1982 Антверпен   Белгија 1899
66 1981 Бразилија   Бразил 1749
65 1980 Стокхолм   Шведска 1807
64 1979 Луцерн   Швајцарија 1630
63 1978 Варна   Бугарија 4414
62 1977 Рејкјавик   Исланд 1199
61 1976 Атина   Грција 1266
60 1975 Копенхаген   Данска 1227
59 1974 Хамбург   Западна Германија 1651
58 1973 Белград   Југославија 1638
57 1972 Портланд (Орегон)   САД 923
56 1971 Лондон   Обединето Кралство 2071
55 1970 Виена   Австрија 1987
54 1969 Хелсинки   Финска 1857
53 1968 Мадрид   Шпанија 1769
52 1967 Ротердам   Холандија 1265
51 1966 Будимпешта   Унгарија 3975
50 1965 Токио   Јапонија 1710
49 1964 Хаг   Холандија 2512
48 1963 Софија   Бугарија 3472
47 1962 Копенхаген   Данска 1550
46 1961 Харогејт   Обединето Кралство 1646
45 1960 Брисел   Белгија 1930
44 1959 Варшава   Полска 3256
43 1958 Мајнц   Западна Германија 2021
42 1957 Марсеј   Франција 1468
41 1956 Копенхаген   Данска 2200
40 1955 Болоња   Италија 1687
39 1954 Харлем   Холандија 2353
38 1953 Загреб   Југославија 1760
37 1952 Осло   Норвешка 1614
36 1951 Минхен   Западна Германија 2040
35 1950 Париз   Франција 2325
34 1949 Борнмут   Обединето Кралство 1534
33 1948 Малме   Шведска 1761
32 1947 Берн   Швајцарија 1370
31 1939 Берн   Швајцарија 765
30 1938 Лондон   Обединето Кралство 1602
29 1937 Варшава   Полска 1120
28 1936 Виена   Австрија 854
27 1935 Рим   Италија 1442
26 1934 Стокхолм   Шведска 2042
25 1933 Келн   Германија 950
24 1932 Париз   Франција 1650
23 1931 Краков   Полска 900
22 1930 Оксфорд   Обединето Кралство 1211
21 1929 Будимпешта   Унгарија 1200
20 1928 Антверпен   Белгија 1494
19 1927 Гдањск Слободен град Данциг 905
18 1926 Единбург   Обединето Кралство 960
17 1925 Женева   Швајцарија 953
16 1924 Виена   Австрија 3400
15 1923 Нирнберг   Германија 4963
14 1922 Хелсинки   Финска 850
13 1921 Прага Чехословачка 2561
12 1920 Хаг   Холандија 408
11 1915 Сан Франциско   САД 163
10 1914 Париз   Франција откажан поради

Прва светска војна

9 1913 Берн   Швајцарија 1203
8 1912 Краков   Австроунгарија 1000
7 1911 Антверпен   Белгија 1800
6 1910 Вашингтон   САД 357
5 1909 Барселона   Шпанија 1287
4 1908 Дрезден   Германија 1500
3 1907 Кембриџ   Обединето Кралство 1317
2 1906 Женева   Швајцарија 1200
1 1905 Болоњ на море   Франција 688

Наводи

уреди
  1. „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2018-08-14. Архивирано од изворникот на 2018-08-14. Посетено на 2019-04-15.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Kongresa Kuriero de la 97a Univerzala Kongreso en Hanojo, Vjetnamio“ (PDF).
  3. „Universala Esperanto-Asocio“. uea.org. Посетено на 2019-04-15.
  4. [1]
  5. La Kandellumo Verda 6
  6. https://uea.org/pdf/uk2016/Pribina6.pdf
  7. Universala Esperanto-Asocio: "Fina statistiko de Lillo: 2698 aliĝintoj el 80 landoj".
  8. Universala Esperanto-Asocio: "Rezolucio de la 99-a Universala Kongreso de Esperanto".
  9. Universala Esperanto-Asocio: "La 98-a Universala Kongreso de Esperanto Архивирано на 3 мај 2013 г.".
  10. https://uea.org/pdf/uk2012/Loa!-5.pdf
  11. Vikinga Voĉo, n-ro 6 (La kongresa Kuriero de la 96-a Universala Kongreso de Esperanto.
  12. Gazetaraj Komunikoj de UEA: N-ro 391 (2010-07-28)