Карл Сејган

(Пренасочено од Саган)

Карл Едвард Сејган (англиски: Carl Edward Sagan; во Македонија грешно познат и како „Саган“; 9 ноември 193420 декември 1996) — американски астроном, астрохемичар, автор и голем популаризатор на астрономијата, астрофизика и на другите природни науки. Тој е пионер на полето на егзобиологијата и промотор на истражувањата поврзани со потрага по вонземска интелигенција (англиски термин: Search for Extra-Terrestrial Intelligence - SETI).

Карл Сејган
Роден(а)9 ноември 1934(1934-11-09)
Бруклин, Њујорк, САД
Починал(а)20 декември 1996 (62 години)
Сиетл, Вашингтон, САД
ЖивеалиштеИтака, Њујорк[1]
НационалностАмериканец
ПолињаАстрономија, Астрофизика
УстановиУниверзитет Корнел
Универзитет Харвард
ОбразованиеУниверзитет во Чикаго
Познат попотрага по вонземска интелигенција
Космос: Лично патување
Златна плоча на вселенските летала Војаџер
Плочката на вселенските летала Пионер
Контакт
Поважни наградиOersted Medal (1990)
NASA Distinguished Public Service Medal (двапати награден)
Пулицерова награда (1978)
Национална академија за науки Медал за јавна работа (1994)

Во светот е најпознат по книгите за популаризација на науката и како соавтор на многу наградуваната серија од осумдесеттите години на минатиот век „Космос: Лично патување“, која е гледана од повеќе од 600 милиони луѓе во повеќе од 60 земји во светот, што ја прави оваа емисија една од најшироко прикажуваните во светот[2]. Заедно со оваа научно-популарна серија беше издадена и книга со истиот наслов. Карл Сејган е, исто така, и автор на романот Контакт врз основа на кој во 1997 година е снимен филм со истиот наслов, со Џоди Фостер во главната улога. Во текот на својот живот Карл Сејган има отпечатено повеќе од 600 научни статии и статии за популаризација на науката. Тој, исто така, е автор, соавтор или уредник на повеќе од 20 книги. Својата работа ја темелел врз научниот скептицизам, секуларниот хуманизам, како и врз научниот метод.

Образование и научна кариера

уреди

Карл Сејган е роден Бруклин, Њујорк[3], во еврејско семејство (кое води потекло од Русија). Неговиот тако Сем Сејган бил руски имигрант, а неговата мајка Рејчел Моли Грубер била домаќинка. Студиите по физика ги завршил на Универзитетот во Чикаго во 1955 година, а магистер по физички науки станува во 1956. Со звањето доктор на науки од областа астрономија и астрофизика се стекнува во 1960 година[4]. Во периодот од 1960 до 1962 година како стипендист работи на Универзитетот во Калифорнија во Беркли. Во периодот од 1962 до 1968 година работи во Опсерваторијата за астрофизика Смитсониан во Кембриџ, Масачусетс.[5]

До 1968 Сејган редовно држел предавања на Универзитетот Харвард, а потоа на Универзитетот Корнел. Во 1971 година станува редовен професор на Универзитетот Корнел и станува раководител на Лабораторијата за планетарни студии. Во периодот од 1971 до 1981 станува помошник директор на Центарот за радиофизика и истражување на веселената во Корнел.

Сејган претставува една од водечките фигури во вселенската програма на САД од нејзиното започнување. Тој работел и како советник на НАСА. Една од многуте задачи кои ги имал во агенцијата била и да врши интервјуа со потенцијалните астронаути за мисиите Аполо чија цел беше испраќање на човек на Месечината. Сејган учествувал и во дизајнирањето на роботски управуваните вселенски летала на НАСА кои го истражувале нашиот Сончев Систем, како и во подготвувањето на некои од експериментите на експедициите во рамките на оваа агенција. Една од неговите најпознати идеи во рамките на неговата работа во НАСА е и дизајнирањето на универзални пораки кои би можело да бидат разбрани од вонземски цивилизации на вселенските летала како што се: Пионир 10 лансиран во 1972, Пионир 11 лансиран во 1973. Во текот на својот живот тој продолжил да се занимава со дизајнирање на ваков тип на пораки, па така најнапредната варијанта на пораки од сличен тип (кои досега го имаат напуштено нашиот Сончев Систем) се наоѓаат во форма на златна плоча на вселенските летала Војаџер кои беа лансирани во 1977 година.

Научни достигнувања

уреди

Придонесот на Карл Сејган бил клучен за откривањето на високите температури на површината на планетата Венера. Неговите погледи дека оваа планета е многу сува и жешка беа во спротивност со мислењата на поголемиот број научници во шеесеттите години кои Венера ја замислуваа како планета со многу пријатна клима. Со анализа на радиосигналите емитирани од површината на Венера тој заклучил дека температурата на површината од планетата изнесува околу 500 °C. Како дел од истражувачкиот дим на лабораторијата „Млазен Погон“ на НАСА (на англиски: NASA Jet Propulsion Laboratory)[6] тој учествувал во дизајнирањето и управувањето на проектот Маринер во рамките на кој беше планирано и испраќање на вселенско летало на Венера. Резултатите што беа добиени од вселенското летало Маринер 2 во текот на 1962 година ги потврдија тврдењата на Сејган за климатските услови на површината на Венера.

Сејган е еден од првите кои ја изнел хипотезата дека месечината Титан на планетата Сатурн) може да има океани од супстанци во течна состојба на својата површина, како и дека месечината Европа на планетата Јупитер може да има океани од вода. Ваквата спекулација ја прави Европа потенцијално место каде би можел да се развие живот[7]. Постоењето на вода под површината на Европа подоцна било на индиректен начин потврдено од анализите направени со вселенското летало Галилео. Сејган, исто така, помогнал во изнаоѓањето на задоволително објаснување за црвената нијанса која ја има месечината Титан на планетата Сатурн. Тој смета дека ова обојување потекнува од комплексни органски молекули кои паѓаат на површината на месечината во форма на дожд.

Тој исто така го предвидел и глобалното затоплување кое претставува закана за нашата планета и со помош на ефектот на стаклена градина претпоставувал дека нашата планета би можела да стане неподобна за живот слично како Венера.

Заедно со некои негови колеги од Универзитетот Корнел, Сејган спекулирал за можноста на постоење живот во облаците на Јупитер.

Промената на боите на планетата Марс тој ја толкувал како резултат на ветриштата кои дуваат на таа планета, а не како што некои верувале како резултат на постоење вегетација на таа планета.

Сепак, Карл Сејган е најпознат по своите истражувања поврзани со можностите за потрага по вонземски живот. Во рамките на овие истражувања тој се занимавал и со испитување на можностите за синтеза на аминокиселини од едноставни хемиски супстанци во присуство на зрачење.[8].

Професионална активност

уреди
 
Членовите на „Планетарното друштво“ при основањето. Карл Сејган е втор од десно.

Сејган бил поддржувач на потрагата по вонземски цивилизации. Тој се залагал за поголемо користење на радиотелескопите во потрагата по интелигентни сигнали од вонземски цивилизации. Бил толку настојчив во врска со СЕТИ истражувањата, што во 1982 година успеал во реномираното научно списание „Наука“ (Science) да публикува петиција потпишана од 70 научници во која биле вклучени и седум добитници на Нобелова награда. Ова претставувало пресвртница во однос на стекнувањето на извесен научен кредибилитет на ова контроверзно научно поле. Со помош на д-р Френк Дрејк (Frank Drake) ја имаат напишано пораката „Аресибо“ – радиопорака која е испратена во вселената со помош на радиотелескопот „Арецибо“ на 17 ноември 1974 година. Целта на оваа порака била да се испрати информација до евентуално постоечките вонземски цивилизации за постоење на живот на Земјата.

Карл Сејган во текот на дванаесет години бил одговорен за технологијата на Икарус (Icarus) – научното списание за истражување на патентите. Тој е еден од основачите на „Планетарното друштво“ (Planetary Society) – најголемата светска интересна група (со повеќе од милион членови) која се занимава со истражување на вселената. Тој, исто така, бил и еден од членовите на управниот одбор на Институтот СЕТИ (SETI Institute). Сејган бил раководител на одделот за планетарни науки на Американското астрономско друштво (American Astronomical Society), потоа бил претседател на секцијата за планетологија на Американското друштво за геофизика (American Geophysical Union) и др.

Во текот на Студената војна, Сејган бил вклучен во активности за зголемување на јавната свест за последиците од јадрената војна, и за тоа во колкава мерка таа би се рефлектирала врз деликатната рамнотежа во која егзистира животот на Земјата.

Во јануари 1991 година, Сејган погрешно предвидел дека чадот кој настанал од запалените нафтени полиња во текот на Војната во заливот „може во голема мера да влијае врз земјоделството на јужна Азија“.

Во текот на последните години од својот живот, Карл Сејган се залагал за создавање на организација за следење на вселенските објекти кои би можеле да се судрат со Земјата[9].

Популаризација на науката

уреди

Сејган имал извонредна способност да им помогне на луѓето подобро да го разберат космосот - истовремено нагласувајќи ја вредноста и значењето на човештвото, како и неговата релативна неважност во споредба со универзумот. Тој беше водител и заедно со неговата сопруга Ен Драјан, беше сценарист и продуцент на популарната серија Космос: Лично патување (оригинален наслов: Cosmos: A Personal Voyage).

Серијата покриваше повеќе научни аспекти како што се потеклото на животот и нашето место во универзумот. Серијата за првпат била емитувана во САД во 1980 година. Во средината на осумдесеттите серијата беше емитувана и во Македонија. Според НАСА до денес серијата е емитувана во повеќе од 60 држави и презентирана е пред околу 600 милиони луѓе.[10]

Сејган, исто така, е автор и на книгата „Космос“ во која се дискутирани темите кои се обработени во телевизиската серија. Оваа книга, до денес претставува најпродаваната научно-популарна книга напишана на англиски јазик.[11] Тој е автор и на популарниот научно-фантастичен роман „Контакт“, но за жал не доживеа да го види филмот кој во 1997 година беше снимен според според романот, со Џоди Фостер во главната улога.

Неговата книгата „Бледата сина точка: Визија за иднината на човештвото во вселената“[12] (насловот во оригинал: Pale Blue Dot: A Vision of the Human Future in Space), која претставува своевидно продолжение на книгата „Космос“, доживеала голем успех во 1995 година. Сејган, исто така, го напишал и воведот за популарната книга на Стивен Хокинг, „Кратка историја на времето“.

Личнен живот и убедувања

уреди

Сејган честопати пишувал за религијата и за односот на религијата и науката и при тоа го изразувал својот скептицизам за конвенционалното поимање на Господ како суштество со човечки лик. Сејган во една прилика кажал декал „Идејата дека Бог претставува голем бел маж со брада, кој седи на небото и ги брои врапчињата е смешна. Но, ако под Господ се подразбираат физичките закони кои владеат со универзумот, тогаш сигурно постои таков. Овој Господ не може емоционално да се задоволи... нема многу смисла во тоа да му се молиме на законот за гравитација“.[13] Сејган беше сметан за човек со слободна мисла или за скептик. Еден од неговите најчести цитати во „Космос“ е: „За силните тврдења потребни се цврсти докази“ [14]. Сејган себеси не се сметал за атеист велејќи дека „атеистот треба да знае многу повеќе од мене“. Во одговор на едно директно прашање во 1996 година за своите религиозни убедувања тој рекол: „Јас сум агностик“.[15]

Сејган во брак стапил трипати: во 1957 со биологот Лин Маргулис, мајка на Дорион Сејган и Џереми Сејган; во 1968 со уметникот Линда Салцман, мајка на Ник Сејган и во 1981 со авторот Ен Драјан, мајка на Александра Рејчел (Саша) и Семјуел Демокритус (Сем). Со Ен Драјан бил во брак сѐ до неговата смрт, во 1996 година.

Исак Асимов за Сејган рекол дека е еден од двајцата луѓе на планетава кои се поумни од него самиот. Вториот е научникот за компјутери и експерт за вештачка интелигенција Марвин Мински.[16]

Награди и признанија

уреди
 
Медал на НАСА за истакнување во државна служба

Карл Сејган е добитник на бројни награди и признанија. Следуваат во оригинал:

  • Annual Award for Television Excellence - 1981 - Ohio State University - PBS series Cosmos: A Personal Voyage
  • Apollo Achievement Award - National Aeronautics and Space Administration
  • NASA Distinguished Public Service Medal - National Aeronautics and Space Administration (двапати)
  • Emmy - Outstanding Individual Achievement - 1981 - PBS series Cosmos
  • Emmy - Outstanding Informational Series - 1981 - PBS series Cosmos
  • Exceptional Scientific Achievement Medal - National Aeronautics and Space Administration
  • Helen Caldicott Leadership Award - Women's Action for Nuclear Disarmament
  • Hugo Award - 1981 - Cosmos
  • Humanist of the Year - 1981 - Awarded by the American Humanist Association
  • In Praise of Reason Award - 1987 - Committee for the Scientific Investigation of Claims of the Paranormal
  • Isaac Asimov Award - 1994 - Committee for the Scientific Investigation of Claims of the Paranormal
  • John F. Kennedy Astronautics Award - American Astronautical Society
  • John W. Campbell Memorial Award - 1974 - Cosmic Connection: An Extraterrestrial Perspective
  • Joseph Priestley Award - "For distinguished contributions to the welfare of mankind"
  • Klumpke-Roberts Award of the Astronomical Society of the Pacific - 1974
  • Константин Циолковски медал - доделен од страна на Советското здружение на космoнаути
  • Locus Award 1986 - Contact
  • Lowell Thomas Award - Explorers Club - 75th Anniversary
  • Masursky Award - American Astronomical Society
  • Miller Research Fellowship - Miller Institute (1960–1962)
  • New Jersey Hall of Fame - 2009 inductee [17]
  • Oersted Medal - 1990 - American Association of Physics Teachers
  • Peabody Award - 1980 - PBS series Cosmos
  • Prix Galbert - The international prize of Astronautics
  • Public Welfare Medal - 1994 - United States National Academy of Sciences
  • Pulitzer Prize for General Non-Fiction - 1978 - The Dragons of Eden
  • The San Francisco Chronicle Award - 1998 - Contact
  • Named the "99th Greatest American" on the 5 јуни 2005, Greatest American show on the Discovery Channel.

Литература

уреди
  1. Sagan, Carl (1994). Pale Blue Dot: A Vision of the Human Future in Space (1. изд.). New York: Random House. стр. .68. ISBN 0-679-43841-6.
  2. „StarChild: Dr. Carl Sagan“. NASA. Посетено на 2007-05-02.
  3. Poundstone, William (1999). Carl Sagan: A Life in the Cosmos. New York: Henry Holt & Company. стр. 363–364, 374–375. ISBN 0805057668.
  4. Graduate students receive first Sagan teaching awards
  5. Smithsonian Astrophysical Observatory.
  6. Jet Propulsion Laboratory
  7. Sagan, C. Thompson, W. R. and Khare, B. N. Titan: A Laboratory for Prebiological Organic Chemistry, Accounts of Chemical Research, 25, 286 (1992).
  8. The Columbia Encyclopedia. „Sagan, Carl Edward“. Sixth Edition. Columbia University Press. Посетено на 2007-05-02.
  9. Head, Tom (2006). Conversations With Carl Sagan. University Press of Mississippi. pp. 86–87. ISBN 1-57806-736-7.
  10. http://www.mnsu.edu/emuseum/information/biography/pqrst/sagan_carl.html Архивирано на 28 мај 2010 г. (посетено на 25.04.2009)
  11. „Meet Dr. Carl Sagan“. The Science Channel. Архивирано од изворникот на 2007-05-18. Посетено на 2007-05-02.
  12. Carl Sagan, Astronomer: Author of Pale Blue Dot: A Vision of the Human Future in Space. Interview with Charlie Rose. Charlie Rose. PBS New York. 1995-01-05. (Interview [.SWF]). Archived from the original on 2012-01-05. Retrieved on 2007-04-25. starts at 00:39:29
  13. Сличен цитат може да се најде и во глава 23 во книгата на Сејган Broca's Brain. "Some people think God is an outsized, light-skinned male with a long white beard, sitting on a throne somewhere up there in the sky, busily tallying the fall of every sparrow. Others—for example Baruch Spinoza and Albert Einstein—considered God to be essentially the sum total of the physical laws which describe the universe. I do not know of any compelling evidence for anthropomorphic patriarchs controlling human destiny from some hidden celestial vantage point, but it would be madness to deny the existence of physical laws."
  14. http://voices.washingtonpost.com/achenblog/2006/04/the_sagan_file.html Архивирано на 8 јули 2009 г.; reprinted in Achenbach, Joel (2007). The Sagan File. Skeptic 13(1), pp. 55-56.
  15. Head, Tom (2007). Conversations with Carl. Skeptic 13(1), pp. 32-38; excerpted from Head, Tom, editor (2006). Conversations with Carl Sagan. Univ. of Mississippi Press. ISBN 1-57806-736-7.
  16. Isaac Asimov (1980). In Joy Still Felt: The Autobiography of Isaac Asimov, 1954-1978. Doubleday/Avon. стр. 217,302. ISBN 0-380-53025-2.
  17. New Jersey to Bon Jovi: You Give Us a Good Name[мртва врска] Yahoo News, 2 февруари 2009

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:


  Статијата „Карл Сејган“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).