Глобално затоплување

Глобалното затоплување, кое се должи на ефектот на стаклена градина е проблем поврзан со глобални климатски промени предизвикани од зголеменото ниво на таканаречените стакленички гасови во атмосферата. Научниците излегоа со тврдење дека зголеменото присуство на овие гасови ќе резултира со глобално покачување на температурата кое би имало бројни негативни па дури и непоправливи ефекти врз животната средина.

Дијаграм на настанокот на стакленичкиот ефект

Планетата Земја е опкружена од атмосфера која е составена од различни гасови. Некои од нив, како на пример јаглерод диоксид, имаат исти својства како стаклените панели на една стаклена градина и не ѝ дозволуваат на топлината да ја напушти планетата. Затоа тие гасови се нарекуваат стакленички гасови. Понатаму, енергијата од Сонцето ја апсорбираат водите, почвите и живите суштества на планетата. Таа енергија постепено се враќа во атмосферата. Колку повеќе има стакленички гасови, толку повеќе топлина е заробена. Тоа се нарекува ефект на стаклена градина. Ефектот на стаклената градина го открил Жозеф Фурје во 1824 година, а прв кој квантитативно го истражил е Сванте Арениус во 1896 г.

Стакленички гасови

уреди
 
Напис во весникот во Нов Зеланд (објавен на 14 август 1912 година) кој ги опишува принципите на глобалното затоплување

Стакленичките гасови се природни и кога се во соодветна количина тие се од голема корист за Земјата. Стакленичките гасови го овозможуваат животот на Земјата. Тие ја зголемуваат температурата на нашата планета и без нив би било премногу студено за да се преживее. Ако не се тие, сончевата енергија која доаѓа до Земјината површина би била оддавана назад во вселената, и температурите на нашата планета би биле толку ниски што воопшто не би бил возможен живот на неа. Отсуство на стакленичките гасови би ја намалило температурата за околу 33 °C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета на Сончевиот Систем. Стакленичките гасови апсорбираат дел од таа сончева енергија која се рефлектира од површината на Земјата и оддаваат назад во атмосферата. На тој начин тие овозможуваат сончевата енергија да дојде до Земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина.

Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, загревајќи ја до тој степен кој нејзе ѝ овозможува живот со што ќе се обезбеди нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Но, кога ефектот на стаклената градина е премногу силен, тогаш температурите растат пребрзо и превисоко. Дури и најмалите зголемувања на температурата може да имаат сериозно влијание врз животите на луѓето, животните и растенијата.

Гасови кои во најголема мерка придонесуваат за ефект на стаклена градина се следните:

Покрај ова, се оддаваат и нови синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди (CFC) или накусо халони и утврдено е дека и тие влијаат врз ефектот на стаклената градина.

Со индустријализацијата и пораст на населението, емисијата на стакленичките гасови, од согорување на фосилни горива, сечење на шумите и чистење на земјиште за употреба во земјоделството, постојано се зголемува. Се предвидува дека емисијата на стакленичките гасови ќе продолжи уште да се зголемува паралелно со порастот на глобалната економија.

Озон O3

уреди

За заштита од штетните влијанија од Сонцето (поретко од други извори на зрачење) постои озонот, алотропска модификација на кислород каде се сврзани три атоми на кислород во една молекула. Озонот предизвикува 3–7% од вкупниот ефект на стаклена градина.

Озонската обвивка се наоѓа на 10–35 км од Земјината површина со дебелина од само 3 mm. Тој претставува „природен филтер” за заштита од штетното УВ зрачење. Озонот во стратосферата се формира од дејство на ултравиолетови зраци (200-250 nm) од Сонцето на молекула на обичен кислород.

  • О2 + енергија = О + О - над стратосферата
  • О2 + О = О3 - во стратосферата

Самиот озон ги апсорбира УВ зраците меѓу 250-300 nm. што доведува до негово делумно разградување па се воспоставува рамнотежа со горната реакција:

  • О3 + енергија = О2 + О
  • О3 + О = О2 + О2

Крајниот ефект на овие реакции е предизвикување на ефектот на стаклена градина така што озонот ги апсорбира УВ зраците, ги претвора во топлина, со што се зголемува т.е. придонесува за зголемување на глобалното затоплување.

Озонската обвивка го апсорбира УВ зрачењето така што тоа не стигнува до површината на Земјата. Меѓутоа, одредени индустриски соединенија предизвикуваат озонот да се разложува во поголема мерка, отворајќи дупка во озонската обвивка над Антарктикот, а со тоа живиот свет се изложува на штетни влијанија од УВ зрачење. Еден единствен атом на хлор, на пример, може да уништи стотици или илјадници молекули на озон. Најзначајни катализатори за разложување на озонот се халогените елементи (хлор, бром).

Озонската дупка, некогаш се смета за појава поврзана со глобалното затоплување. Иако постојат неколку допирни точки, овие две појави не се многу поврзани. Намалување на стратосферскиот озон влијае на заладување, но значајно намалување на количина на озонот се нема случено од 1970-тите години.

Озон се појавува и во тропосферата (најдолниот дел од атмосферата на Земјата) и тука претставува загадувач кој придонесува во формирањето на фотохемискиот смог. Озон во тропосферата придонесува за загревање на површината.

Метан CH4

уреди

Метанот предизвикува 4–9 % од вкупниот ефект на стаклена градина.

Најпростиот јаглеводород - метан е гас без боја, мирис и вкус чиешто ослободување оди многу брзо. Незапаллив е но експлозивен. Метанот е производ на земјоделието, а се ослободува и од депониите за смет. Негови природни извори се исто така влажни предели (бари). Големи количини на метан се емитуваат во атмосферата преку вулканите кои се поврзани со подлабоките слоеви на Земјата или се создаваат по пат на анаеробното дишење. Метанот се создава со разградување на мртвите органски материи во мочуриштата и со разложување на органскиот отпад во безкислородни услови. Како извори на емисии на метан се сметаат покрај другите и индустријата за рециклирање на отпад, агроиндустријата, како и истекувањата и емисиите кои се јавуваат во самата нафтена и гасна индустрија.

При согорувањето се ослободува молекула на јаглерод диоксид и две молекули на вода:

  • CH4 + 2CO2 → CO2 + 2H2O

Емисиите на метан можат да се разликуваат значително од една земја или регион до друг/а, во зависност од многу фактори како што се климата, одлики на индустриското и земјоделско производство, видови на енергија и користење, управување со отпад. На пример, температурата и влагата имаат значително влијание врз процесот на анаеробна дигестија, кој е еден од клучните биолошки процеси кои предизвикуваат емисиите на метан.

Едно од прашањата кое се наметна околу производите при согорување на природниот гас и испуштање на таканаречените стакленички гасови беше фактот што метанот, главната состојка на природниот гас, е во основа многу моќен стакленички гас. Имено, еден тон на метан го има истиот ефект врз глобалните климатски промени, како 21 тон на СО2. Toa значи дека способноста на метанот да ја заробува топлината е речиси 21 пат поефикасна од онаа на јаглерод диоксидот.

Метаногени се бактерии кои произведуваат гас-метан. Тие се многу анаеробни (кислородот е отровен за нив) и чувствителни на pH вредност. Тие ја комбинираат оцетната киселина, направена од страна на ацетогени, со водороден гас и јаглерод диоксид за да произведат метан, вода и јаглерод диоксид, според следнава равенка:

  • CH3COOH + CO2 + 4H2 → 2CH4 + 2H2O + CO2

Метан во Сибир

уреди

Меурчиња од метан заробени се во езерскиот мраз во текот на првите денови на создавањето на мразот во Сибир. Иако, неверојатениот студ во Сибир претставува закана, таму се ослободува метан од стопениот мраз кој претставува уште поголема закана. Во следните десет години тоа би можело да стане сè позначаен фактор кој ќе влијае врз глобалното затоплување.

Метанот е виновникот за појава на оган во Сибир среде зима. Научниците тврдат дека тој претставува сериозна закана за климата затоа што е 23 пати посилен стакленички гас од јаглерод диоксид.

Концентрација на CH4 во атмосферата се зголемува за околу 0,6 % годишно.

Водена пареа H2O

уреди

Со својата висока концентрација таа игра значајна улога во природниот ефект на стаклена градина, иако молекулите на водата апсорбираат само определена бранова област од топлината што зрачи од Земјата. Водената пареа во најголем процент е одговорна за ефектот на стаклена градина, помеѓу 36 % и 66 % при ведро небо и помеѓу 66 % и 85 % кога е облачно. Концентрација на водената пареа варира регионално, но човечките активности не влијаат значително врз нејзината концентрација, освен во локални размери. Водената пареа има релативно кратка се задржува во атмосферата и преку врнежите се враќа назад на Земјата.

Според Environmental Health Center of the National Security, водената пареа чини дури 2% од атмосферата.

Со Clausius-Clapeyron-овата равенка може да се покаже дека воздухот може да содржи повеќе водена пареа во единица волумен, доколку тој се загрева. Овој и други основни принципи укажуваат на тоа дека затоплувањето поврзано со зголемени концентрации на други стакленички гасови, исто така ќе ја зголеми концентрацијата на водената пареа.

Јаглерод моноксид CO

уреди

јаглерод моноксид настанува со согорување на разни видови на горива, дрво, масло, парфеми.

Тој се добива при непотполна оксидација (горење) на јаглеродот во услови на недоволно присуство на кислород.

  • 2C + O2 → 2CO

Тој понатаму може да се оксидира до јаглерод диоксид.

  • 2CO + O2 → 2CO2

Издувните гасови од мотори со внатрешно согорување се еден од најголемите загадувачи на атмосферата со овој гас, потоа следат издувните гасови кои настануваат во текот на производството на железо, како и гасови при согорување на масла во термоелектрани, во процесот на производување на нафта во рафинерии и во хемиската индустрија.

Во природата овој гас е многу редок. Во воздухот се наоѓа во траги, нешто повеќе во вулкански гасовино, го има и во метеори. Многу повеќе се создава поради човеково влијание, најчесто како резултат на антропогеното загадување. како и во гасови од фабричките оџаци, печки и мотори со внатрешно согорување. Важен е и составен дел на гасот за осветлување, како и генераторскиот и водениот гас.

Јаглерод диоксид CO2

уреди

Јаглерод диоксидот (CO2) e хемиско соединение составено од два кислородни атоми и еден атом на јаглерод. Тоа е гас без боја и мирис. Потежок е од воздухот и не гори.

Растенијата го користат јаглерод диоксидот од воздухот, трансформирајќи го во органски материи, а при тоа ослободувајќи кислород. Тоа се случува при процесот фотосинтезата при што се синтетизираат јаглехидрати. Животните и луѓето го користат кислородот во процесот на дишење, при што ослободуваат јаглерод диоксид. Овој процес се одвива постојано и е основа за животот на Земјата. Јаглерод диоксид се создава од различни извори, меѓу кои и вулкански ерупции и разградување на органската материја. Исто така, тој се произведува и од ферментацијата на некои микроорганизми и од клеточното дишење јаглерод диоксидот го има во мали концентрации во атмосферата. Тој е главна состојка на јаглеродниот циклус.

Започнувајќи од 1750 г. човечките активности значително ја зголемиле концентрацијата на CO2 во атмосферата. Измерено е дека атмосферската концентрација на CO2 е за 100 ppm повисока од пре-индустрискиот период. Јаглерод диоксид е главниот стакленички гас кој е одговорен за повеќе од половина затоплување на Земјата. Постојат многу антропогени извори на CO2. Некои од нив ќе бидат наведени и дискутирани во текстот што следи.

Фосилни горива – најголем дел на јаглерод диоксид се добива од согорување на фосилните горива. Фосилните горива (јаглен и нафта) содржат големо количество на јаглерод. Кога се запалени, тој јаглерод се ослободува во атмосферата во вид на CO2, што доведува до зголемување на неговата концентрација во атмосферата. Износ на CO2 зависи од видот на фосилното гориво.

Главни извори на CO2 при согорување на фосилни горива со застапеност во период од 2000-2004 г. се:

  • течни горива (бензин, нафта) 36%,
  • цврсти (јаглен) 35%,
  • гасни (природен гас) 20%,
  • производство на цемент 3%,
  • согорување на индустриски гасови со помалку од 1% итн.

Примарни извори на фосилни горива се електрични искористувања (33%), транспорт (31%), индустриски процеси (24%) и загревање и ладење на објекти (12%). Емисиите на јаглерод диоксид се зголемени на глобално ниво за 25% од времето на Индустриската револуција, пред 200 години, од кои 10% зголемување е во последните 30 години.

Промени при користење на земјиште – како резултат на сечење на шуми има големо влијание на количината на CO2 оддадена во атмосферата. Дрвја и растенија апсорбираат CO2 во процес на фотосинтеза, а јаглерод се чува во ткива и влакна од дрвото. Производство на цимент – при производство на цемент се користат големи количини на варовник, кој ослободува CO2 во атмосферата за време на производниот процес.

Природниот гас е најчисто користено фосилно гориво. Согорување на масло испушта помеѓу 38 и 43% повеќе CO2 отколку природниот гас, додека согорување на јаглен 72-95% повеќе CO2 по единица ослободена енергија отколку природен гас.

Зголемување на количината на стакленичките гасови ја зголемува количината на зрачењето апсорбирано од страна на атмосферата и на тој начин се намалува количината на зрачењето кое го оддава Земјата кое може да помине во вселената. Ова предизвикува затоплување на планетата Земја.

Улога на јаглерод диоксидот во ефектот на стаклена градина

уреди

За еден од главните стакленички гасови се смета јаглерод диоксидот. Иако јаглерод диоксидот не ја “заробува” топлината толку ефикасно како другите гасови од оваа група (со други зборови е “помалку моќен" стакленички гас), сепак, поради самиот факт што количините емисии на јаглерод диоксид во атмосферата се извонредно високи, особено како резултат на согорувањето на фосилните горива, му го даваат токму на овој гас приматот како стакленички.

Намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид секако може да има огромно влијание врз ефектот на стаклена градина, а со тоа и на глобалното затоплување. Концентрација на CO2 сега е зголемена за околу 0,4 % годишно.

Кога северната полутопка е свртена кон Сонцето, кога кај нас е пролет и лето, тогаш лисјата вдишуваат CO2 и неговото количество во атмосферата опаѓа. Но, кога јужната полутопка е свртена кон Сонцето, кога кај нас е есен и зима, листовите опаѓаат со што се зголемува количината на CO2 во атмосферата.

Диазот монооксид N2O

уреди

Диазот монооксид создава 300 пати поголем ефект на стаклена градина од CO2.

Диазот монооксид главно се создава преку микробска промена на азотот содржан во почвата. Зголеменото создавање на N2O од човечко влијание може да се сведе на зголемениот влез на азот во почвите, пред сè, преку земјоделството, индустријата и сообраќајот. Концентрација на N2O сега е зголемена за околу 0,2% годишно.

Азотен монооксид (N2O) е продуциран од бактерии во природен денитрификациски процес. Тој е хемиски инертен во тропосферата, но во стратосферата е деградиран фотохемиски. Просечната концентрација на N2O во тропосферата е околу 300 ppb и има време на престој 10 години.

Сулфурен хексафлуорид SF6

уреди

Сулфурен хексафлуорид е гас со многу инертна реакција, кој се употребува, пред сè, во опрема со висок напон во тешката индустрија и како гас за полнење прозорци за звучна заштита и автомобилски гуми. SF6 е гас со највисок потенцијал за стаклена градина. Еден тон SF6 ја оптоварува атмосферата во големина што соодветствува на околу 23.900 тони CO2.

Последици од глобално затоплување

уреди

Последици од глобално затоплување се следниве:

  • пораст на температура за 1,5-4,5 °C на 100-150 години
  • топење на мразот на поларните делови од планетата Земја
  • пораст на нивото на морето (топење на мразот предизвикува покачување на морското ниво при што доаѓа до поплавување на некои острови и брегови)
  • временски непогоди: зголемен број на суши и пожари, зголемување на облачноста,поплави,урагани
  • влијание врз здравјето на луѓето: смртоносни топлотни бранови, лош воздух, алергии и астма
  • изумирање на животински видови

Покрај ова, следните статистички податоци се разочарувачки: Земјата станува се потопла. Во 1995 година светската научна заедница извести дека промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетие се затоплила за 0,5 °C. Уште во 1896 година големиот шведски хемичар Свенте Арениус предвидувал дека со удвојување на концентрацијата на CO2 во атмосферата преку согорување на фосилните горива, можно е глобалната температура да порасне за 5,5 °C. Ова не е далеку од вредностите 1,5 °C до 4,5 °C кои сега се добиваат од компјутерските симулации на климата за двојно зголемување на CO2 во атмосферата. Сите четири најжешки години откако почнале да се регистрираат овие податоци се во 1990-тите.

Прва жртва на климатските промени – Тувалу, мала островска земја во Тихиот Океан со десет илјади жители. Се наоѓа на средина помеѓу Хаваи и Австралиа. Островите полека ги голта морето чие ниво се покачува заради глобалното затоплување.

Доколку не се преземат мерки за решавање на глобалното затоплување:

  • Нивото на CO2 се зголемува постојано. Во текот на последниот век тоа се зголемило за цели 30 %. Ако не се редуцира порастот на популацијата и употребата на фосилни горива нивото на СО2 ќе се дуплира некаде во средината на 21 век.
  • Најважно, дел од поларните санти мраз може да се стопи и тоа да доведе до покачување на нивото на водата во морињата, кое што веќе е покачено помеѓу 10 и 25 cm во последните 100 години, а до 2050 може да стане и тродупло со што огромни крајбрежни површини, кои се многу густо населени, областите коишто се наоѓаат на помала надморска височина, па дури и цели држави, како Бангладеш, можат да бидат потопени и да исчезнат под морето. Toa делумно настанува поради ширењето на водата кога таа се загрева.

Топењето на ледниците во последното столетие, исто така, придонесува за пораст на морското ниво. Најзагрозени се: Индија, Пакистан, Бангладеш, Малдиви, Тајланд, Мозамбик, Египет, Суринам итн.

  • Ако дозволиме температурата да порасне за 4 степени, тогаш ќе настане еден општ хаос на целата Земја. Климатскиот систем веќе трпи промени поради топењето на сантите на Арктикот, но со пораст за 4 степени целосно топењето на поларниот мраз ќе биде неизбежно, што ќе предизвика зголемување на нивото на морето за 70–80 m. Сите светски крајбрежја ќе бидат потопени, заедно со пристаништата, градовите, инфраструктурата и плодната почва. Релјефот на Земјата ќе биде како оној после Леденото доба, кога нивото на морето пораснало за 120 m.

Порано замрзнатото земјиште (вечен мраз) во арктичкиот предел на Алјаска и Сибир веќе почнале да се топaт, нарушувајќи ги екосистемите и инфраструктурата.

  • Зголемување на глобалната температура ќе предизвика пораст на нивото на морето и ќе го промени износот и шемата на врнежите, веројатно, вклучувајќи ги и проширување на територијата на пустините. Најверојатните ефекти вклучуваат зголемување на интензитетот на екстремни временски појави, како и промени во земјоделските приноси.
  • Потопла планета ќе го забрзува глобалниот циклус на водата: размената на вода помеѓу океаните, атмосферата и земјиштето. Повисоки температури ќе предизвикуваат поголемо испарување и побрзо сушење на почвите. Зголемено количество вода во атмосферата значи повеќе дожд и снег. Првите знаци на промени на циклусот на вода предизвикуваат поплави, урагани, ерозија на земјиштето па дури и губење на некои видови живи организми.

Веќе е крајно време да сфатиме: „Климатските промени ... не се ништо друго, туку една форма на бавно умирање".

Што треба да се направи за да се спречи затоплувањето?

уреди

Човековото влијание на глобалното затоплување денес, за првпат во историјата на Земјата, луѓето ја имаат, можеби, одлучувачката улога за иднината на климатските промени. Потоплата иднина може да беде резултат на денешните активности на луѓето во кои се ослободуваат големи количини на гасови кои ја задржуваат топлината. Овие гасови се дел од причините за зголемување на темп. за 0,5 степени за последните 100 г.

Денес за секој од над 6 милијарди луѓе на планетата скоро 6 тони СО2 се исфрла во атм годишно. Како резултат на нашите активности конц. на СО2 е покачено за 30 % во последните 250 г.Индустриски развиените земји денес најмногу ослободуваат СО2, додека емисијата на СО2 во земјите во развој е во подем.

Јасно се гледа дека најголемата одговорност им припаѓа на развиените земји (главно САД, Европа и Јапонија). Овие земји би требало да вложат најголеми напори за редуцирање на емисиите. Бидејќи најголема последица од климатските промени ќе биде сушата и недостигот од вода, треба да се обединиме кон решавање на овој проблем.

Кјото протокол (KP) претставува мошне важен чекор во органичувањето на емисијата на стакленичките гасови (CO2, CH4, N2O, HFCs, PFCs, SF6) бидејќи за првпат се специфицирани правни обврски. Согласно со KP развиените земји имаат специфични обврски: во првиот период (2008-2012), тие треба да ги намалат вкупните емисии на стакленичките гасови за најмалку 5 % во споредба со емисиите на 1990година. Договорените цели се разликуваат помеќу развиените земји (САД се обврзале да ги намалат емисиите за 7 %, Европската унија (EU) како целина за 8 %, Јапонија и Канада за 6 %. Неодамна, САД ја повлекле својата овбрска во рамките на KP, предизвикувајќи вознемирување од светски рамки.

Што може владата да направи?

уреди

Владата може да покрене акција за пошумување. Исто така би можела да обезбеди масовен транспорт. Владата може да постави стандарди за чистота на воздухот и филтри на оџаците. За да помогне кон спречување на глобалното затоплување владата може да забрани сечење на природата, а исто така може да инвестира во флуоресцентното осветлување и користење на сончева енергија наместо јадрени и термоцентрали.

Што можат луѓето да направат?

уреди

Секогаш кога е можно луѓето треба да пешачат, да возат велосипед или да го користат јавниот превоз. Доколку користат автомобил треба да изберат таков кој нема многу да троши. Дома, треба да ги исклучуваат светлата кои непотребно горат и да го исклучуваат телевизорот кога не го гледаат. Светилките треба често да ги менуваат бидејќи нови произведуваат помалку CO2. Доколку ги заменуваат електричните уреди треба да земат такви кои се енергетски најефективни. При миење на садови треба да користат ладна или топла вода, а не жешка. При греење на водата не треба да ја загреваат над 70 степени. Што се однесува до отпадоците, тие треба да се рециклираат. Луѓето исто така треба да посадуваат дрвја во близина на својот дом.

Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред се водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да дојде до Земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се оддава од Земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот Систем.

Ефект на стаклена градина

уреди

Ефектот на стаклена градина е израз за загревање на планетата Земја кое настанало со пореметување на енергетската рамнотежа помеѓу количина на зрачење кое од Сонцето го прима и во вселената го зрачи Земјината површина. Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, во последното столетие, засилен од човечките активности, се чини дека се претвора во сериозна закана.

Овој ефект се јавува како резултат на зголемување на количината на зрачењето кое од површината на Земјата не може да биде оддадено во вселената, туку атмосферата го апсорбира и станува потопла. Земјата мора да испушта енергија во вселената исто онолку колку што таа апсорбира енергија од Сонцето. Сончевата енергија пристигнува во форма на зрачење со помала бранова должина. Атмосферата на Земјата одбива дел (37-39%) од оваа енергија, додека остаток (поголем дел) паѓа на површина на Земјата и ја загрева. Земјата се ослободува од оваа енергија, така што ја праќа назад во вселената во облик на инфрацрвени зраци (зраци со поголеми бранови должини). Поголем дел од инфрацрвеното зрачење, оддадено од Земјината површина, се рефлектира од гасови што постојат во природата. Овие гасови спречуваат енергијата да помине кон вселената, така што зраците се враќаат назад кон Земјата и ја зголемуваат атмосферската температура. Оние гасови кои го задржуваат зрачењето се познати под назив стакленички гасови, а проблеми кои настануваат се познати под име глобално затоплување. Тоа се случува со атмосферата на Земјата во последниот век.

Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, се чини дека во последното столетие се претвора во сериозна закана, засилен од човечките активности. Со индустријализација, емисијата на стакленички гасови од согорување на фосилни горива, сечење на шуми и чистење на земјиште за употреба во земјоделството, постојано се зголемува. Во последните 100 години стакленичките гасови се оддавале во атмосферата побрзо од колку што природните процеси можеа да ги отстранат. Дополнително, оддавани се нови синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди и халони (CFC) и утврдено е дека и тие го поддржуваат ефектот на стаклената градина. Во овој период концентрацијата на овие гасови во атмосферата постојано се зголемува, со предвидувања дека ќе продолжи да расте паралелно со порастот на глобалната економија. Овие дополнителни емисии почнуваат да ја нарушуваат деликатната рамнотежа, значително зголемувајќи го количеството на стакленички гасови во атмосферата и нивниот изолационен ефект. Податоците за климата пред 160 години укажуваат на тесна поврзаност меѓу концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата и глобалните температури. Уште во 1896 година големиот шведски хемичар Свенте Архениус предвидувал дека со удвојување на концентрацијата на CO2 во атмосферата преку согорување на фосилно гориво, можно е глобалната температура да порасне за 5,5 C. Ова не е далеку од вредностите 1,5 C до 4,5 C кои сега се добиваат од компјутерските симулации на климата за двојно зголемување на CO2 во атмосферата. Во 1995 година светската научна заедница извести дека промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетие се затоплила за 0,5 C. Во јануари 2001 година UNIPCC (Меѓувладиното тело за климатски промени при Обединетите нации), официјално изјави дека човековото влијание претставува главен фактор за денешното глобално затоплување. Оваа изјава беше од големо знаење, бидејќи до тогаш постоеја мислења според кои глобалното затоплување е поврзано со сончевата активност, природните климатски флуктуации, или е резултат на грешки во компјутерските модели. Квантитативните предвидувања за идната состојба сè уште се неизвесни. Во 1995 година IPCC направи проценка дека глобалната температура на воздухот на Земјата ќе се зголеми за дополнителни 1 C -3,5 C до 2100 година, додека во 2001 година за истиот период беше предвиден пораст на температурата од 1,4 C - 5,8 C. Во најдобар случај, ќе се соочиме со затоплување за 2 C до 2100 година, што би било најбрзо менување на климата во последните неколку милениуми, период кога се развивала модерната цивилизација. Затоплувањето во овие размери ќе влијае врз многу аспекти на нашите животи, бидејќи ќе предизвика промени на температурите и врнежите, пораст на морското ниво и промени во распределбата на свежа вода. Најверојатно значајни ќе бидат влијанијата врз здравјето на луѓето, виталноста на шумите и други природни подрачја, како и продуктивноста во земјоделството.

ГОДИШНИ ВРНЕЖИ, 1901-1995 (Американска истражувачка програма за глобални промени: Климатски промени / тековни сознанија) Во последните 100 години глобалното средно морско ниво порасна за 10 до 25 cm, делумно поради ширењето на водата кога таа се загрева. Топењето на ледниците во последното столетие, исто така, придонесува за пораст на морското ниво. Порано замрзнатото земјиште (вечен мраз) во арктичкиот предел на Алјаска и Сибир исто така почна да се топи, нарушувајќи ги екосистемите и инфраструктурата. Споменатото топење и затоплувањето на тундрите ќе доведе до распаѓање на органска материја и ослободување на заробениот јаглерод и метан, создавајќи дополнителен извор на стакленички гасови. Како што ризиците од глобалните климатски промени стануваат сè повеќе очигледни, се јавува вистинска потреба од фокусирање на акции за намалување на емисиите на стакленичките гасови и минимизирање на штетните влијанија од климатските промени. Општо земено, луѓето во земјите во развој се почувствителни на климатските промени заради недоволно развиената инфраструктура и ограничениот капитал, како и поголемата зависност од природните ресурси.

Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени

уреди

Во текот на 1980-те години, заради научните докази за глобалните климатски промени и последиците од нив, се појави зголемена загриженост помеѓу научниците, политичарите и јавноста. Во 1992 година, во Рио де Жанеиро беше усвоена Рамковната конвенција за климатски промени (UNFCCC). Согласно со Рамковната конвенција, се поставија бројни обврски за сите земји, главно во врска со изготвувањето и имплементацијата на политики за намалување на емисиите на стакленички гасови. Сепак, одзивот на развиените земји (кои се главните “произведувачи” на стакленички гасови), се покажа недоволен и заради тоа во 1995 година воведен е Берлинскиот мандат, кој воспостави преговарачки процес за поголем ангажман во рамките на Конвенцијата во периодот по 2000 година. Овој процес, конечно, доведе до потпишување на Кјото протоколот (КП) во 1997 година.

На оваа карта (направена од Американскиот институт за светски ресурси, USA World Resources Institute) се претставени разлини региони, не според нивната географска положба туку според емисиите на стакленики гасови. Јасно се гледа дека најголемата одговорност им припаѓа на развиените земји (главно САД, Европа и Јапонија). Овие земји би требало да вложат најголеми напори за редуцирање на емисиите.

Кјото протоколот (КП) претставува мошне важен чекор во ограничувањето на емисиите на шесте стакленички гасови (CO2, CH4, N2O, HFCs, PFCs и SF6), бидејќи за првпат се специфицирани правни обврски. Согласно со КП развиените земји имаат специфични обврски: во првиот период (2008-2012), тие треба да ги намалат вкупните емисии на стакленики гасови за најмалку 5% во споредба со емисиите од 1990 година. Договорените цели се разликуваат помеѓу развиените земји (САД се обврзале да ги намалат емисиите за 7%, Европската унија (ЕУ) како целина за 8%, Јапонија и Канада за 6%), а истиот принцип важи и за државите-членки на ЕУ во согласност со интерниот договор за распределба на обврските. Неодамна, САД ја повлекоа својата обврска во рамките на КП, предизвикувајќи вознемирување од светски размери.

Во 1998 година, за време на Четвртата UNFCCC конференција на страните воспоставен е Акциониот план од Буенос Аирес, со кој е специфициран временскиот распоред за имплементацијата на КП. Согласно со овој план, во Хаг, во ноември 2000 година се одржа Шестата конференција на страните со главна задача да се постигне договор за најважните оперативни прашања од КП. Бидејќи земјите потписники се разидуваа по клучните прашања, до крајот на состанокот не беше постигнат договор. За време на продолжението во Бон, во јули 2001 година (Шеста конференција на страните, продолжение) министрите постигнаа политика согласност за суштинските основи врз кои се темелат оперативните прашања од КП. Овој политички договор веќе е преведен во правен текст за сите флексибилни механизми и за леновите 5, 7 и 8 од КП (известување, мониторинг и преглед). Работата се предвидува да биде завршена на состанокот во октомври 2001 година во Маракеш (Седма конференција на страните). Рамковната конвенција за климатски промени постави низа обврски кон потписниките сметајќи на нивните заедники, но и поединечни одговорности. На својата петта и шеста сесија Конференцијата на страните ги охрабри земјите вклуени во Анекс II на Конвенцијата (т.е. најразвиените земји) во давањето помош на државите чии економии се во транзиција, како и на земјите во развој, при зголемувањето на нивните можности за постигнување на целите на Конвенцијата и нивната подготовка за ефикасно учество во процесот на КП. Интегрираното планирање и имплементацијата на релевантни активности содржат низа акции, како што се развој на национални системи за проценка на емисиите и впивањата на стакленички гасови, проекции за еволуција на емисиите и определување / проценка на можни мерки за редукција на емисиите од различни сектори (енергија, индустрија, резиденцијален / терцијален сектор).

Земјите со економија во транзиција, како и земјите во развој при преземањето на такви активности се соочуваат со големи тешкотии, главно заради ограниченото користење на околинско-прифатливи технологии, недостаток на финансиски и човечки ресурси со соодветна експертиза, како и поради отсуство на ефикасни административни структури. Поради тоа итно е потребно создавање капацитети (capacity building) во овие земји.

Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред се водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да дојде до Земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се оддава од Земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот Систем.

Создавање капацитети и климатски промени

уреди

Договорени приоритетни акции во создавањето капацитети откако земјите со економии во транзиција и земјите во развој ги презентираа своите погледи. Овие акции подразбираат:

  • Национални катастри на емисии на стакленички гасови
  • Идни проекции за емисиите на стакленички гасови
  • Идентификација и проценка на политичките и мерките за ограничување на емисиите на стакленички гасови
  • Проценка на можните влијанија на климатските промени и идентификација/проценка на можното прилагодување
  • Истражување и систематско набљудување
  • Образование, обучување и подигање на јавната свест
  • Размена на научни работници
  • Трансфер на околинско прифатливи технологии
  • Национални комуникации за прогресот на политичките и мерките за намалување на емисиите на стакленички гасови, како и развој на релевантни национални планови
  • Национални системи за проценка на емисиите на стакленички гасови
  • Национални регистри
  • Развој на релевантни структури за имплементација на Флексибилни механизми од КП, имено Здружена имплементација (JI), Тргување со емисии (ET), Механизам на ист развој (CDM)

Програма за создавање капацитети за балканските земји

уреди

Програмата за создавање капацитети за балканските земји е иницирана од страна на Министерството за околина, просторно планирање и јавни работи на Грција. Програмата има вкупен буџет од приближно еден милион евра и времетраење 18 месеци. Во оваа програма вклучени се следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија и Југославија. Сите овие земји ја ратификуваа Рамковната конвенција за климатски промени, а две од нив (Бугарија и Романија) го потпишаа и Кјото протоколот. Овие две земји припаѓаат на Анекс I од Конвенцијата, додека останатите во моментов не се вклуени во Анекс I. Со оваа програма, Грција, како земја од Анекс II од Конвенцијата (UNFCCC), обезбедува финансиска и техника поддршка за гореспомнатите земји со цел да им помогне во подобрувањето на можностите за остварување на целите од Конвенцијата. Ова може да биде спроведено преку имплементирање на одредбите од Конвенцијата и подготвување на овие земји за активно учество во процесот на КП. Националната опсерваторија од Атина (НОА) ја координира програмата. НОА е јавен истражуваки центар задолжен за изработка на годишен катастар на емисиите на стакленички гасови во Грција, по барање на Министерството за околина, просторно планирање и јавни работи на Грција. Таа исто така е национален фокусен центар на Меѓувладиното тело за климатски промени. Понатаму, НОА беше задолжена за изработка на втората национална комуникација и работи како технички консултант за министерствата кои се компетентни по прашања од климатските промени, политиките и мерките за намалување на емисиите на стакленики гасови, заштеда на енергија и користење на обновливи енергетски извори. Во последно време, НОА им помагаше на соседните земји во остварувањето на нивните техники и извештајни обврски зацртани со Рамковната конвенција за климатски промени. Четири партнери од Грција се вклу-чени во оваа програма: две приватни консултантски компании - EPEM S.A. и SPEED S.A., Националниот технички универзитет од Атина (Лабораторија за економија во индустријата и енергетиката) и една невладина организација, Интердисциплинарен институт за околински истражувања (ИНИЕР). Програмата започна во почетокот на 2001 година, додека првичниот состанок беше одржан во Атина во март 2001 година.

Главните цели на програмата се:

  • Помош на балканските земји во изработка и имплементација на квалитетни национални катастри на антропогени емисии и впивања на стакленики гасови, придружена со неопходни системи за поддршка при собирање и управување со податоците. Тоа се елементи кои овозможуваат да се направи проценка на тековната ситуација и воочените трендови
  • Помош на балканските земји при идентификација, проценка и избор на соодветни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, земајќи ги предвид националните приоритети, постоечките ограничувања и инфраструктурните барања, како и можните поддржувачки политички и мерки за надминување на овие тешкотии.
  • Идентификација на приоритетни подраја за дејствување во балканските земји во рамките на флексибилните механизми од КП
  • Проценка на ранливоста на овие земји од климатските промени
  • Подобрување на општата состојба на околината во балканските земји
  • Понатамошен развој на финансиска и научна соработка помеѓу Грција и другите балкански земји

За да се постигнат овие цели, програмата ги содржи следните задачи:

  1. Изработка / оценка на катастрите на емисиите на стакленички гасови
  2. Проекции на емисиите на стакленички гасови
  3. Идентификација и евалуација на политиките и мерките за намалување на емисиите на стакленички гасови
  4. Формулација на Национален акционен план за намалување на емисиите на стакленички гасови
  5. Бази на податоци - обука на кадри
  6. Евалуација на постоечките административни структури
  7. Олеснување на трансферот на енергетско-штедливи технологии и на околинско-прифатливи технологии
  8. Проценка на потребите за прилагодување на постоечките национални правни рамки во врска со користењето на флексибилни механизми
  9. Дефиниција на приоритетни подрачја за флексибилни механизми
  10. Подигање на јавната свест за успешна имплементација на оваа програма

потребно е активно учество на сите владини и невладини организации во земјите вклучени во проектот. На овој начин ќе бидат собрани квалитетни податоци, а резултатите од секоја задача ќе ги задоволат потребите на вклучените земји во врска со климатските промени. Понатаму, активното учество на сите членки ќе обезбеди продолжување на активностите во областа на климатските промени на локално ниво и ќе ја промовира соработката помеѓу земјите во оваа значајна меѓународна иницијатива посветена на околината.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди