Потрага по вонземска интелигенција или СЕТИ (SETI - Search for Extra-Terrestrial Intelligence) е заедничко име за бројни активности со кои се бара разумен вонземски живот. Општиот приод на проектите СЕТИ е да се прегледа небото во потрага по каква било меѓуѕвездена комуникација од страна на цивилизација на некоја планета. Владата на САД порано многу придонела за програмата СЕТИ, но денес главно се фонансира од приватни извори.

Потрагата по сигнал од вонземски цивилизации претставува голем предизвик со оглед на тоа што не се познати многу детали во врска начинот на кој вонземската цивилизација би комуницирала со нас. Во рамките на СЕТИ проектите се прават извесни претпоставки.

СЕТИ експерименти со радио телескопи уреди

Пионерски потфати уреди

Во 1960 година на Cornell University (во САД) астрономот Франк Дрејк (Frank Drake) започнал со изведување на првите СЕТИ експерименти. Со користење на дваесет и шест метарскиот радио телескоп во Грин Банк (Green Bank), Западна Вирџинија, во областа од околу 1,420 GHz, се обидел да најде дојде до евентуален сигнал испратен од вонземска цивилизација. Анализата на податоците од скенирањето на небото не покажале никакви резултати.

Првата СЕТИ конференција била одржана во Грин Банк во 1961 година. Советскиот Сојуз покажал значаен интерес за СЕТИ во текот на шеесеттите и биле изведувани серија од експерименти во потрага по радио сигнали. Американскиот астроном Карл Саган и советскиот астроном Јосиф Шкловски заедно ја напишале првата книга од оваа област.[1]

Во 1963 г. бил пуштен во употреба 110 m широки радио телескоп кој претставува сопственст на Ohio State University. Овој радио телескоп е наречен Големото уво. Подоцна со користење на овој телескоп започнал да се изведува првиот континуиран СЕТИ програм.

Во 1971 г. НАСА започнала да финансира СЕТИ истражувања кои биле предводени од Дрејк, Бернард Оливер (Bernard Oliver), корпорацијата Hewlett-Packard и др. Изготвениот предлог извештај сугерирал изградба на низа од 1500 радиотелескопи. Поради цената на чинење (10 милијарди долари) оваа низа од телескопи никогаш не беше изградена, но извештајот[2] претставуваше основа за сите следни СЕТИ проекти.

Симболична порака до вонземските цивилизации уреди

 
Изгледот на пораката испратена од Арецибо. Податоците од кои пораката ги носи се кодирани бинарно (бојата е додадена само за илустрација).

Во 1974 г. со користење на радио телескопот во Арецибо опсерваторијата (Arecibo Observatory) во Порторико, бил направен симболичен обид за испраќање на симбилична порака (позната како Арецибо порака) до кластерот на ѕвезди кој се означува како М13 и кој се наоѓа на растојание од околу 25.000 светлосни од Земјата.

Најдобриот кандидат за вонземска порака досега уреди

 
До сега најдобриот кандидат за сигнал испратен од вонземска интелигенција

СЕТИ програмата на Ohio State University се здобила со слава во 1977 г. Кога д-р Jerry R. Ehman, волонтер на проектот, забележал многу силен сигнал помеѓу обработените податоци. Овој сигнал, до сега, претставува најдобар кандидат за порака испратена од вештачки вонземски извор, но никогаш повеќе не бил пронајден при повторени пребарувања.

Во 1979 година на University of California, во Беркли започнато е со работа на проектот SENERDIP (Search for Extraterrestrial Radio Emissions from Nearby Developed Intelligent Populations).[3] Во 1986, на истиот универзитет започнато е со изведување на SERENDIP II проектот, а на слични SERENDIP проекти се работи до денес.

SETI@home уреди

 
Изглед на SETI@Home програмата (верзија 5.27).

SETI@home претставува многу популарен проект кој се заснова на учеството на голем број на волонтери во изведувањето на анализата на податоци. Овој проект се изведува под раководство на University of California, во Беркли, а е финансиран од The Planetary Society и Paramount Pictures, a подоцна и од сојузната држава Калифорнија.

Секој може да учествува во овој проект доколку го инсталира на својот компјутер софтверот кој е одговорен за анализа на податоците. До денес во рамките на овој проект учествуваат околу 5 милиони луѓе од повеќе од 200 држави во светот. Сите тие заедно имаат обработено околу 19 милијарди часови компјутерско време.[4][5]

Критики во однос на СЕТИ истражувањата уреди

Како што бројот на СЕТИ проекти се зголемува, некои истражувачи ги критикуваат проценките на пионерите во оваа област како еуфорични или оптимистички. На пример, Peter Schenkel, кој е поддржувач на СЕТИ проектите во една прилика напишал „...во светлина на новите наоди, изгледа прифатливо да ја ставиме на страна преголемата еуфорија и да им пристапиме на работите поприземно... Би требало да си признаеме дека раните почетните проценки (дека постојат милион, стотина илјади или, пак, десетина илјади напредни вонземски цивилизации во нашата галаксии) се премногу оптимистички.“ [6]

Постојат и такви кои тврдат дека СЕТИ истражувањата претставуваа псевдонаука. Писателот на научна фантастика Michael Crichton во рамките на едно предавање на California Institute of Technology изјавил дека „Дејковата равенка не може да биде проверена и затоа СЕТИ не може да се смета за наука. Без никакви двојби СЕТИ претставуа религија.“[7]

Дали активниот СЕТИ претставува опасност уреди

Активниот СЕТИ (англиската кратенка е: METI – Messaging to Extra-Terrestrial Intelligence) претставува испраќање на сигнали во вселената со надеж дека тие ќе бидат забележани од некоја напредна вонземска цивилизација. Некои сметаат дека ваквиот пристап мала, но постоечка опасност и дека пред да се започне со поопсежни МЕТИ активности треба најпрво да се развие широка јавна дискусија.

Загриженоста во однос на СЕТИ истражувањата беше зголемена во октомври 2006 година кога Меѓународната академија за астронаутика во списанието Nature објави дека „Не е сигурно дека контактот со сите вонземски цивилизации би бил бенигнен, дури и ако контактот би бил бенигнен не е сигурно дека од тоа не би произлегле сериозни реперкусии“[8].

Поврзано уреди

Наводи и забелешки уреди

  1. Sagan, Carl; Iosif Shklovskii (1966). Intelligent Life in the Universe.
  2. NASA Technical Report CR-114445 - Project Cyclops: A design study of a system for detecting extraterrestial intelligent life. 14.5 MB pdf file.
  3. „SERENDIP“. UC Berkeley. Архивирано од изворникот на 2013-03-11. Посетено на 2006-06-12.
  4. „SETI@home Classic — Current Total Statistics“. Архивирано од изворникот на 2006-06-19. Посетено на 2006-06-12.
  5. „BOINCstats“. Посетено на 2008-01-29.
  6. „SETI Requires a Skeptical Reappraisal (Skeptical Inquirer May/June 2006)“. Архивирано од изворникот на 2008-12-31. Посетено на 2009-01-18.
  7. „Welcome to MichaelCrichton.com“. Архивирано од изворникот на 2007-06-11. Посетено на 2009-01-18.
  8. Nature Vol 443 12 Oct 06 p 606

За натамошно читање уреди

  • McConnell, Brian; Chuck Toporek (2001). Beyond Contact: A Guide to SETI and Communicating with Alien Civilizations. O'Reilly. ISBN 0-596-00037-5.
  • Perelmuter, J.M. (2006). The Sinusoidal Spaghetti. iUniverse. ISBN 0-595-41713-2.

Надворешни врски уреди

Организации уреди

Академски списанија, извештаи и публикации уреди

Видео уреди

Статии уреди

Новости уреди