Алберт Ајнштајн

(Пренасочено од Albert Einstein)

Алберт Ајнштајн (германски: Albert Einstein; 14 март 187918 април 1955) — германски теоретски физичар, најпознат по неговата Теорија за релативноста и Теоријата за еднаквост на масата и енергијата, . Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година за „неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект“.[1]

Алберт Ајнштајн
Алберт Ајнштајн, 1947
Роден(а)14 март 1879
Улм, Виртемберг, Германија
Починал(а)18 април 1955 (76 г.)
Принстон, Њу Џерси, САД
ЖивеалиштеГерманија, Италија, Швајцарија, САД
ДржавјанствоГерманија (1879—96, 1914—33)
Швајцарија (1901—55)
САД (1940—55)
ПолињаФизика
УстановиШвајцарски Патентен завод (Берн)
Циришки универзитет
Универзитет Чарлс во Прага
Пруска Академија на науките
Кајзер Вилхелм Институт
Лајден универзитет
Институт за напредни студии
ОбразованиеЕТХ Цирих
Циришки универзитет
Докторски менторАлфред Клеинер
Други менториХеинрих Фридрих Вебер
Познат поОпшта релативност
Специјална релативност
Брауново движење
Фотоелектричен ефект
Еднаквост на масата и енергијата
Ајнштајнови равенки за поле
Теорија на унифицирани полиња
Бос-Ајнштајнови статистики
АПР парадокс
Влијание одМарсел Гросман
Влијаел врзДавид Бом
Поважни наградиНобелова награда за физика (1921)
Коплиев медал (1925)
Планков медал (1929)
Потпис

Во огромниот број на придонеси на Ајнштајн кон физиката се вбројува неговата Специјална теорија за релативноста, која ги споила механиката и електромагнетизмот, и неговата Општа теорија за релативноста, која ја проширила Теоријата за релативноста за нерамномерното движење, создавајќи нова теорија на гравитација. Има бројни придонеси во полињата на релативистичка космологија, капиларна акција, критична опалесценција, класични проблеми на статистичката механика и нивната примена во квантната теорија, објаснување на брауновото движење на молекулите, веројатности на атомската транзиција, Квантната теорија на едноатомски гасови, термодинамичките својства на светлината со ниско ниво на зрачење (со што ги дава темелите на Теоријата на фотони), Теорија за зрачење вклучувајќи стимулирана емисија, концептот на Теоријата на унифицирани полиња и придонеси кон физичката геометризација.

Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела.[2][3] Има статус на слава во заедницата на физиката,[4] а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност.

Младост и образование

уреди

Алберт Ајнштајн е роден во еврејско семејство во Улм, Виртемберг, Германија на 14 март 1879. Неговиот татко бил Херман Ајнштајн, продавач и инженер. Неговата мајка била Полин Ајнштајн (моминско презиме Кох). Во 1880, семејството се преселило во Минхен, каде неговиот татко и вујко формирале компанија, „Elektrotechnische Fabrik J. Einstein & Cie“, која произведувала електрична опрема.

Ајнштајнови не биле посериозни еврејски религозни верници, па затоа Алберт посетувал католичко основно училиште. Иако Ајнштајн имал рани говорни маани, тој сепак бил меѓу врвните ученици во училиштето.[5][6]

 
Алберт Ајнштајн во 1893 (на 14 години), пред неговото семејство да се пресели во Италија.

Кога Ајнштајн имал пет години, неговиот татко му покажал џебен компас. Ајнштајн сфатил дека има нешто во празниот простор што ја движи иглата и подоцна изјавил дека ова искуство му направило „длабока и долготрајна импресија“.[7] На инсистирање на неговата мајка, тој земал часови по виолина на шестгодишна возраст, и иако не ги сакал и евентуално се откажал, подоцна многу уживал во моцартовите виолински сонати. Како што растел, Ајнштајн градел модели и механички направи од чиста забава, а почнал да покажува и талент за математика.

Во 1889, семејниот пријател Макс Талмуд, медицински студент,[8] го запознал десетгодишниот Ајнштајн со клучни научни, математички и филозофски текстови, вклучувајќи го делото на Кант Критика на чистата причина и евклидовите Елементи (Ајнштајн ја нарекол „малата света геометриска книга“)[8] Од Евклид, Ајнштајн почнал да разбира дедуктивно резонирање, и до дванаесетгодишна возраст, тој ја научил евклидовата геометрија. Веднаш потоа почнал да го истражува калкулусот.

Во неговите рани тинејџерски години, Ајнштајн ја посетувал прогресивната гимназија Луитполд. Неговиот татко имал намера тој да следи електрично инженерство, но Ајнштајн се судрил со авторитетните во училиштето и со школскиот режим. Тој подоцна напишал дека духот на учење и креативноста биле изгубено во строго учење на памет.

Во 1894, кога Ајнштајн имал петнаесет години, бизнисот на неговиот татко пропаднал и семејството се преселило во Италија, најпрвин во Милано, а по неколку месеци во Павија. За ова време, Ајнштајн го напишал својот прв научен труд, „Истражувањето на состојбата на етер во магнетни полиња[9] Ајнштајн подоцна го напуштил Минхен за да го заврши средното училиште, но во пролетта 1895 година се повлекол за да се придружи на семејството во Павија, убедувајќи го училиштето да го ослободи користејќи медицинска белешка.

Наместо да го заврши средното образование, Ајнштајн одлучил да се пријави директно на ЕТХ Цирих, Швајцарскиот Федерален Институт за технологија во Цирих, Швајцарија. Без школско свидетелство, тој морал да положи приемен испит, во што не успеал, иако имал исклучително добри оценки во математика и физика.[10] Ајнштајн напишал дека во таа иста година, на 16 години, за првпат го извршил неговиот експеримент на визуелизација на патување паралелно со светлосен бран.

Ајнштајнови го испратиле Алберт во Арау, Швајцарија, да го заврши средното образование. Додека престојувал со фамилијата на проф. Јост Винтелер, тој се заљубил во нивната ќерка, Мари (сестрата на Алберт, Маја, подоцна се омажила со Пол Винтелер). Во Арау, Ајнштајн ја проучувал Максвеловата Електромагнетна теорија. Во 1896, тој матурирал на 17 годишна возраст, се откажал од своето германско државјанство за да ја избегне воената служба (со одобрение на татка си) и конечно се пријавил на математичката програма во ЕТХ. Мари се преселила во Олсберг, Швајцарија каде зела наставничко место.

Во 1896, идната жена на Ајнштајн, Милева Мариќ, исто така се пријавила на ЕТХ како единствената жена која студирала математика. За време на следните неколку години, Ајнштајн и Мариќ го развиле своето пријателство во романса. Ајнштајн завршил со студиите во 1900 од ЕТХ со диплома по физика.[11] Истата година, пријателката на Ајнштајн, Мишел Бесо, го запознала со работата на Ернст Мах. Следната година, Ајнштајн објавил статија во престижниот весник Annalen der Physik за капиларните сили на една сламка. На 21 февруари 1901, тој добил швајцарско државјанство, од кое никогаш не се откажал.[12]

Научна кариера

уреди

Ајнштајн студирал во Цирих на Eidgenössische Technische Hochschule од 1896 до 1900 година каде му е доделена учителска диплома. Во 1901 година станал државјанин на Швајцарија. По завршени студии Ајнштајн се вработува во Патентниот завод на Швајцарија. Ајнштајн докторирал во 1905 година со теза "Нов вид на воспоставување на молекуларни димензии" ("Eine neue Bestimmung der Moleküldimensionen"). Истата година напишал неколку студии кои ги имаат воспоставено темелите на современата физика. Неговите истражувања се дотолку импресивни оти немале обимни наводи во поранешната научна литература и претставувале битен исчекор кон нови разбирања на физичките појави. Три од нив, на темите на брауновото движење, фотоелектричен ефект и специјална релативност се од посебна важност бидејќи разјасниле набљудувања за коишто до тогаш не постоеле научни објасненија.

Ајнштајн станал светска позната личност по неговата формулација на теоријата за релативноста во 1915 година. Неговата популарност има достигнато такво ниво што во секојдневниот говор зборот Ајнштајн претставува синоним за интелигентен или генијален. Последните години од својот живот ги посветил на изучување на обединувањето на теориите на гравитација и електромагнетизам.

Политички погледи

уреди

Ајнштајн себеси се сметал за пацифист и хуманист, а кон крајот на животот и за демократски социјалист. Особено изразен бил неговиот пацифизам, при што Ајнштајн посебно ги почитувал погледите на Махатма Ганди.

Познато е неговото залагање за одбрана на човековите права, кое особено дошло до израз за време на макартизмот во САД. Кога истакнатиот црнечки водач В. Е. Б. Дибуа бил обвинет дека е комунистички шпион, Ајнштајн сам се пријавил за сведочи во негова корист. Во таа прилика, Ајнштајн изјавил: „Расизмот е најголема болест на Америка.“ По објавата на Ајнштајн дека ќе сведочи во одбрана на Дибуа, обвинението против него било повлечено.

Најконтроверзен е ставот на Ајнштајн кон атомската бомба. Непосредно пред почетокот на Втората светска војна, на 2 август 1939 година Ајнштајн му напишал писмо на американскиот претседател Френклин Рузвелт, поттикнувајќи го да започне истражувања за пронаоѓање на јадрено оружје. Сепак, подоцна Ајнштајн се спротивставил на употребата на јадреното оружје и не учествувал во проектот за создавање на атомска бомба. По војната, Ајнштајн се промовирал како еден од најголемите критичари на јадреното оружје.

Ајнштајн бил и приврзаник на ционизмот. Во 1952 годинна, новосоздадената Држава Израел му понудила да стане втор претседател на земјата, но Ајнштајн ја одбил понудата, тврдејќи дека не поседува доволно способности за справување со луѓе.

Занимливости

уреди

По смртта на Ајнштајн, за време на аутопсијата му биле извадени мозокот и очите, при што во 1955 година очите му биле предадени на неговиот личен офталмолог Хенри Абрамс, кој ги чувал до 2009 година. Потоа, тие се чувале во сеф во Њујорк.[13]

Ајнштајн како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Ајнштајн“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.[14]
  • „Ајнштајн на плажа“ (англиски: Einstein on the beach) — музички албум на американскиот композитор Филип Глас (Philip Glass) од 1979 година.[15]
  • „Ајнштајновиот ден“ (англиски: Einstein's Day) — песна на американската рок-група Мишн оф Бурма (Mission of Burma) од 1982 година.[16]

Надворешни врски

уреди
Македонски јазик
уреди
Англиски јазик
уреди

Наводи

уреди
  1. „Нобелова награда за физика 1921“. Нобелова фондација. Посетено на 6 март 2007.
  2. Пол Артур Шилп, уредувач (1951). Albert Einstein: Philosopher-Scientist, Volume II. Њујорк: Harper and Brothers Publishers (Harper Torchbook едиција). стр. стр. 730–746. Во неговите ненаучни трудови се вклучуваат: За ционизмот: Говори и предавања од проф. Алберт Ајнштајн (1930), „Зошто војна?“ (1933, соавтор со Сигмунд Фројд), Светот според мене (1934), Од моите подоцнежни години (1950) и научна книга за општата читателска публика, Еволуцијата на физиката (1948, соавтор со Леополд Инфелд).
  3. „Алберт Ајнштајн, биографија“. Нобелова Фондација. Посетено на 7 март 2007.
  4. Дурани, Матин. „Физиката: минато, денес, иднина“. Physics World. Архивирано од изворникот на 2007-12-04. Посетено на 27 ноември 2007.
  5. Розенкранц, Цеев (2005). Albert Einstein — Derrière l'image. Neue Zürcher Zeitung. стр. 29. ISBN 3-03823-182-7.
  6. Совел, Томас (2001). Ајнштајн синдромот: Бистри деца кои проговоруваат доцна. Basic Books. стр. 89–150. ISBN 0-465-08140-1.
  7. Шилп, П. А. (1979). Алберт Ајнштајн - Автобиографски забелешки. Open Court Publishing Company. стр. 8–9.
  8. 8,0 8,1 Дадли Хершбаг, „Ајнштајн како студент“, оддел за хемија и биохемија при универзитетот Харвард, Кембриџ, САД, стр. 3 веб: HarvardChem-Einstein-PDF Архивирано на 26 февруари 2009 г.: за посетите на Макс Талмуд.
  9. Мехра, Јагдиш. „Првиот труд на Ајнштајн“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-09-09. Посетено на 4 март 2007.
  10. Хајфилд, Роџер; Картер, Пол (1993), Приватниот живот на Алберт Ајнштајн, London: Faber and Faber, стр. 21, ISBN 0-571-17170-2
  11. „Кратка биографија на Алберт Ајнштајн“. 2005. Посетено на 11 јуни 2007.
  12. „Националностите на Ајнштајн на einstein-website.de“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 4 октомври 2006.
  13. „Окото на Ајнштајн и средниот прст на Галилеј се чуваат како музејски експонати“, Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 22-23.
  14. Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 58.
  15. YouTube, Philip Glass - Einstein On The Beach - 01 Knee Play 1 (1981) (пристапено на 13 мај 2017)
  16. YouTube, Mission Of Burma - VS. - Full Album (пристапено на 13 мај 2017)