Discovery Channel е американски сателитски и кабелски телевизиски канал кој се емитува насекаде низ светот. Го основал Џон Хендрикс, а сигналот низ светот го пренесува Discovery Communications. Каналот е јавна компанија (тоа е компанија која ги продава своите хартии од вредност, најчесто преку размена на берза, а може да ги купи секој.) управувана од главниот извршен директор Дејвид Заслав. Емитува документарни програми кои најчесто се од областа на науката, технологијата, и историјата. Во САД, програмите на главната мрежа на Discovery главно се насочени кон теми поврзани со реалноста (реални шоуа) како на пример истражување на претпоставки (емисии како Разоткривачи на митови (MythBusters), Неразрешена историја (Unsolved History) и Најдобар доказ (Best Evidence)), автомобили, и професии (Валкани професии (Dirty Jobs) и Најсмртоносен улов (Deadliest Catch)), а исто така пренесува документарни емисии специјално наменети за семејствата и помладите.

Discovery Channel
Отпочната17 јуни 1985 г.
СопственикDiscovery Communications, Inc.
СлоганThe world is just awesome. (Светот едноставно е генијален)
ДржаваНиз цел свет
ЈазикАнглиски
СедиштеSilver Spring, Maryland (Силвер Спринг, Мериленд)
Сестрински канал(и)TLC
Animal Planet
OWN: Oprah Winfrey Network
Planet Green
Investigation Discovery
Discovery Fit & Health
Military Channel
Science Channel
Веб-странаdiscovery.com
Лого на Discovery 2019 година

Историја

уреди

На 17 јуни 1985 г. Discovery Channel беше пуштен во употреба инвестиран од BBC (БиБиСи), американската инвестициска фирма Allen & Company (Ален & Компани), Venture America (Венчр Америка) и други инвеститори, со почетен капитал од 5 милиони долари. На почетокот беше достапна во 156.000 домови и се емитуваше 12 часа дневно, од 15:00 ч. до 03:00 ч. 75% од содржината претставуваше нешто ново за американските гледачи.[1] Џон Хендрикс се смета за основач на каналот и на неговата матична компанија, тогаш позната како Cable Educational Network Inc. (Кејбл Еџукејшнл Нетворк Инкорпорејтед), а ја основал во 1982 г.[2]

На почетокот каналот емитуваше некои советски програми, вклучувајќи ги и вестите Vremya (буквален превод Време).[3] Во 1988 г. своја премиера имаше вечерната емисија World Monitor (Светски набљудувач) чиј творец беше дневниот интернет весник Christian Science Monitor (Христијански научен набљудувач). Истата година за првпат се емитуваше т.н. Недела на ајкулите (Shark Week)[4] која оттогаш се емитува секоја година. Во рок од 5 години каналот се распространи и достигна бројка од 50.000.000 домови.

На 4 јануари 2006 г. Discovery Communications (Дискавери Комјуникејшнс) објави дека Тед Копел (Ted Koppel), долгогодишниот извршен продуцент Том Бетаг (Tom Bettag) и осум поранешни вработени во емисијата Nightline (Најтлајн) се приклучуваат на Discovery Channel.

По опаѓањето на популарноста што се должеше на преголемото потпирање на неколку хит серии како Гаража со "чудовишта" (Monster Garage) и Амеикански чопер (American Chopper) гледаноста на мрежата се зголеми во текот на 2006 г.[5] Некои критичари рекоа дека ваквите серии се оттргнаа од основната причина поради која беше создаден каналот, да им се помогне на гледачите да го спознаат светот околу нив. Почнувајќи од 2005 г. Дискавери (Discovery) ја обнови својата понуда со емисии поблиски до вообичаените теми од науката, историјата и географијата.[6] Мрежата доби вкупно 7 номинации за Еми награда во 2006 г. за емисии во ударно време (по 08:00 ч.) како Летот кој возврати (The Flight That Fought Back) (за летот United Airlines Flight 93 - еден од летовите при терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001 г.) и Најсмртоносен улов (Deadliest Catch).

Во 2007 г. најгледани емисии на Discover Channel беа Валкани професии (Dirty Jobs) со Мајк Роу (Mike Rowe), како и сериите добитнички на Еми награди: Планета Земја (Planet Earth), Разоткривачи на митови (MythBusters) и Најсмртоносен улов (Deadliest Catch).

Моментално, Discovery Channel е најраспространетата кабловска мрежа во САД [7] со преку 92 милиони домови во кои се гледа, само дел од глобалната гледаност која изнесува преку 431 милион домови во 170 земји и територии.[8] Различни варијанти на каналот се гледаат во Латинска Америка, Обединетото Кралство, Австралија, Канада, Јапонија, Тајван, Индија, Малезија и други земји.[9]

На 1 септември 2010 г. човек влезе во зградата на телевизијата со пиштол и испука најмалку еден куршум, држеше заложници, за на крај да биде убиен.[10][11] Тој на интернет на страницата SaveThePlanetProtest.com има објавено манифест со критики упатени кон мрежата [11]

Програма

уреди

(Список на емисии кои се емитуваат на Discovery Channel)

Програмата на каналот содржи изданија како т.н. Недела на ајкулите (Shark Week) која се емитува еднаш годишно и е посветена на факти за ајкулите, потоа Најсмртоносен улов (Deadliest Catch) - емисија за ловењето морски ракови во Берингово Море, популарните научни емисии Разоткривачи на митови (MythBusters) и Како се прави (How it's made), Валкани професии (Dirty Jobs) - емисија за валкани и/или опасни професии на работничката класа, квиз шоуто Кеш такси (Cash Cab), Оружја на иднината (FutureWeapons) - емисија за најновите оружја со врвна технологија и Човекот против дивината (Man vs. Wild) - емисија која покажува што треба човекот да направи за да преживее во дивината. Кристофер Лоуел (Christopher Lowell) доби Еми награда за најдобра дневна емисија во 2000 г. за The Christopher Lowell Show, кое се емитуваше од 1998 до 2001 г.

Потфати неповрзани со телевизија

уреди

Професионален велосипедски тим (Pro Cycling Team)

уреди

Не долго пред одржувањето на Тур де Франс (Tour de France) во 2004 г., Discovery Channel објави дека почнувајќи од 2005 г. ќе биде главен спонзор на професионален велосипедски тим чиј член ќе биде 7-кратниот победник на Тур де Франс Ленс Армстронг (Lance Armstrong). Но, по победата во 2007 г. на шпанецот Алберто Контадор (Alberto Contador) кој беше дел од тимот спонзориран од Discovery Channel телевизијата реши да се откаже од велосипедски спонзорства. Спонзорството на овој тим прекина во 2007 г.

Радио Дискавери Ченл (Discovery Channel Radio)

уреди

Радио Дискавери Ченл (Discovery Channel Radio) беше канал на двете големи канадски сателитски радио служби. Програмата се состоеше од аудио варијанти на популарните емисии од многубројните телевизиски канали. Претходно Дискавери (Discovery) беше на ЕксЕм Сателајт Радио (XM Satellite Radio), но прекина да се емитува на почетокот на септември 2005 г. Сириус Сателајт Радио (Sirius Satellite Radio) прекина да го емитува Дискавери Радио (Discovery Radio) на 21 февруари 2007 г.

Продавници

уреди

Discovery Channel исто така го позајми својот бренд на продавници на мало во трговски центри и други места ширум Америка, како и на интернет продавница. Поучни подароци беа специјалитет на продавницата. На 17 мај 2007 г. Дискавери Комјуникејшнс (Discovery Communications) објави дека ги затвора сопствената продавница и продавниците во трговските центри. Хадсон Груп (Hudson Group) ќе продолжи да раководи со Discovery Channel Airport Stores (продавнциите на Дискавери Ченл во аеродромите), а ќе продолжи со работа и интернет продавницата.[12]

Телескоп

уреди

(Дискавери Ченл телескоп)

Discovery Channel исто така ја финансира изградбата на Discovery Channel Telescope Архивирано на 7 јуни 2011 г., а партнер му е опсерваторијата Лоуел (Lowell Observatory).

Мрежно место

уреди

Discovery.com содржи неколку игри кои нудат научни и социолошки предизвици.

Рекламирање и создавање на бренд

уреди

Слогани

уреди

Претходни слогани на Discovery Channel беа „Истражи го светот” ("Explore Your World") и „Нема ништо повозбудливо од откривање” ("There's no thrill like discovery.") Но, поради тоа што се насочија повеќе кон реални шоуа и емисии и се оттргнаа од строго образовна програма, го променија и мотото во „Забавувај го мозокот” ("Entertain Your Brain"). Новиот слоган за видоизменетиот Discovery Channel гласеше „Ајде сите да откриеме...” ("Let's All Discover...") и завршеток на реченицата поврзан со некоја од емисиите. На пример рекламите за Разоткривачи на митови (MythBusters) завршуваа со „Ајде сите да откриеме зошто ниеден мит не е сигурен” ("Let's All Discover, Why No Myth Is Safe"). Со промената на логото во 2008 г. дојде и до промена на слоганот: „Светот едноставно е...генијален” ("The World is Just...Awesome.") Една од најпопуларните реклами на каналот е Го сакам светот (I Love the World) која ја направи агенцијата 72andSunny и содржи изменети стихови и рефренот од познатата кампувачка песна „Ги сакам планините” ("I Love The Mountains").

Логоа

уреди
 
Оригинално лого, се користеше од 1985 до 1995 г.

[[Податотека:Discovery Channel 1995.svg|100px|thumb|right|http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/e/ec/Discovery_Channel_1995.svg Архивирано на 14 јули 2009 г.

Останати

уреди
  1. Schneider, Steve (June 16, 1985). „CABLE TV NOTES; A CHANNEL WITH A DIFFERENCE“. New York Times. Посетено на May 1, 2010.
  2. Zad, Martie (June 19, 1988). „The Discovery Channel; Science, Nature, Adventure and Animals That Bite“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на 2010-06-14. Посетено на 2011-05-12.
  3. „Television: The Russians Are Coming“. Time. February 23, 1987. Архивирано од изворникот на 2010-06-14. Посетено на 2011-05-12.
  4. „MediaPost Publications - Discovery Rebrands, Upgrades Marketing Efforts - 07/24/2007“. Архивирано од изворникот на 2007-02-14. Посетено на 2011-05-12.
  5. „DCI :: Press and News Releases“. Архивирано од изворникот на 2007-01-24. Посетено на 2011-05-12.
  6. Dirty Work – 8/14/2006 – Multichannel News
  7. „Top 20 Cable Program Networks – NCTA.com“. Архивирано од изворникот на 2007-11-05. Посетено на 2011-05-12.
  8. „DCI :: Businesses & Brands :: Discovery Channel“. Архивирано од изворникот на 2008-10-12. Посетено на 2011-05-12.
  9. „DCI :: Press and News Releases“. Архивирано од изворникот на 2007-01-24. Посетено на 2011-05-12.
  10. „Armed Man With Bomb Takes at Least One Hostage in Discovery Channel Building“. Fox. September 1, 2010. Посетено на September 1, 2010.
  11. 11,0 11,1 „Suspect in Maryland hostage situation published angry online manifesto“. CNN. September 1, 2010. Посетено на September 1, 2010.
  12. „Discovery shuttering 103 locations“. CNN. May 17, 2007. Посетено на May 1, 2010.