Избрани статии во порталот:Религија се оние статии поврзани со религијата кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со религијата на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Шинтоизамнародна религија и некогашна државна религија на Јапонија. Отсекогаш била официјална и главна вера во Јапонија иако е мешаница од будизмот и ками-култот. Шинтоизмот смета дека микадото и неговите предци, што владееле со Јапонија, се директни потомци на творецот на светот. Темелите на религијата се засновани на довербата дека Бог постои насекаде во природата, на пример: водата, камењата, планините како Фуџијама итн. Шинтоизмот е веќе застапен во Јапонија над 2000 години. Во 6 век бил помешан со Будистичката религија донесена од Индија преку Кина и Кореја. Прочитајте повеќе


ноември

Понтифекс Максимус — бил највисокиот свештеник во староримскиот Понтифски Колегијат. Ова била највисоката свештеничка функција во римската религија, отворена само за патриции, до 254 п.н.е., кога за прв пат на оваа функција дошол плебеец. Ова била јасно религиозна функција во раната Римска република, но полека таа се исполитизирала и во времето на Октавијан Август била вклучена во титулата Цар (Император). За последен пат титулата ја имал христијанскиот цар Грацијан додека не прешла во рацете на Бискупот на Рим. Прчитајте повеќе


октомври

Вистински крст — името на крстот, на кој, според христијанското верување, се смета дека бил распнат Исус Христос.

Писателот од ранохристијанската епоха, Сократ Схоластик, пишува за откривањето на Светиот Крст. Според него, Света Елена (250-330), мајка на византискиот цар Константин I Велики (првиот император кој прво ја признае христијанската вера, а подоцна и ја прошири) тргнала во потрага на останките на Исус Христос. Тргнувајќи кон Светата Земја, таа основила многу цркви и основала здруженија за помагање на сиромашните и бедните. По престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота. Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. Со чудо бил откриен кој од трите крста е вистинскиот осносно на Исус Христос. Прочитајте повеќе


септември

Конфуцијанство — религија што ја основал кинескиот филозоф Конфуциј (551 - 479 п.н.е.) во кинеската покраина Шангтунг. Неговото подучување било во врска со моралот, добродетелта, природата и општественото уредување. Земји и култури кои се под силно влијание на конфуцијанството се Кина, Јапонија, Кореја, Тајван, Сингапур и Виетнам.

Конфуцијанствотро не се заснова врз верата во некој бог, туку врз следење на Тао (патот), и учи дека мудроста на живеењето се состои од урамнотежениот живот, кој е во склад со природата. Значително место зазема култот кон предците и верата во духови.

Повеќето религии се дефинираат како верба во еден или повеќе богови, организирано свештенство, верба во задгробен живот и воспоставени традиции. Според таквото дефинирање, конфуцијанството не е религија. Прочитајте повеќе


август

Вештерки — практиканти на специфичен вид на натприродни или магиски моќи во различни историски, антрополошки, религиозни и митолошки контексти.

Вештерството обично се однесува на лоша или штетна магија, и често се смета за начин да се објасни некоја човечка несреќа преку обвинување на некој натприроден ентитет или познаник од заедницата.

Верувањето во вештерки и неговата последица лов на вештерки, се среќаваат во многу култури ширум светот, а денес најмногу во Африка (во Банту културата), а историски најзабележително е во раниот модерен период на Европа, кога вештерките се сфаќани како ѓаволски заговор против христијанството. Тоа водело натаму кон големи судења на вештерките, посебно во германските земји. Прочитајте повеќе


јули

Исламмонотеистичка религија, која се вбројува во Аврамските религии и е втора религија по распространетост во светот. Следбениците на оваа религија се нарекуваат муслимани. Муслиманите веруваат дека Бог ја предал својата божествена реч во облик на откровенија преку разни пророци и дека Мухамед бил последниот Божји Пратеник. Исламот најдобро се дефинира според Куранот кој за муслиманите е безгрешна реч предадена од Алах на Мухамед. Според исламските научници исламот се дефинира како систем на закони и распореди за олеснување на човечкиот живот и прифаќање на Бог како создател.

На арапски, зборот „ислам“ доаѓа од коренот со три букви Син-Лам-Мим (س-ل-م), кој значи „покорност; предавање; послушност; мир“. Зборот „ислам“ е вербален апстракт на овој корен, и буквално значи „покорност/послушност“ и се однесува на покорноста кон Алах (Бог). Прочитајте повеќе


јуни

Историја на христијанството се однесува на христијанската религија и христијанската црква, чии почетоци започнуваат од мисионерството на Исус Христос и неговите дванаесет апостоли сè до ден денеска. Христијанството е аврамска религија. Таа се разликува значително од другите религии по тврдењето дека Исус Христос е Божји Син. Огромен дел од христијанските верници веруваат во Светото Тројство, кое се состои од три оделни лица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Имено постојат и разлики помеѓу различните христијански вери во однос на Светото Тројство и човечката природа на Исус. Овие разлики продолжуваат и ден денес.

Во многу христијански вероисповеди, црквата се разбира како теолошка институција која била основана од Исус за спас на човештвото. Ова разбирање се споделува помеѓу католичката и православната црква. Во католичката традиција, католичката црква го претставува Телото на Христос, додека протестанската смета дека Телото на Христос го сочинува целиот христијански народ. Според други, црквата претставува место за собир на верниците на едно место и нивно обединување.


мај

Неопаганство — хетерогена група на нови религиозни движења кои се засновани врз антички, главно претхристијански верувања. Најголем број од нив се индоевропски по потекло. Како што вели и името, овие религии се пагански по природа, иако точната врска со античкото паганство е извор на голем број дебати.

Неопаганските верувања се разновидни и затоа самиот термин неопаганство е доста широк. Неопаганските религиозни движења се цела редица на движења од политеизам до анимизам, пантеизам и други парадигми. Повеќето неопаганисти практикуваат духовност која во суштина е модерна верзија, додека други ги прифаќаат и ги развиваат народните религиозни верувања кои ги наоѓаат во историските и фолклорните извори. Некои неопагани следат синкретички споеви на повеќе култури, митологии и ритуали, додека други пробуваат до некој степен да ги реконструираат античките верувања кои постоеле пред аврамските религии (христијанството, јудаизмот и исламот). Други пак, следат верувања кои се создадени во модерно време. Прочитајте повеќе


април

Реинкарнација — доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие (во некои варијации се однесува само на луѓето), после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело. Овој основен дел најчесто се нарекува дух или душа, „повисоко јас“ или „вистинското јас“, „божествена искра“ или едноставно „јас“. Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но еден дел од „јас“ е постојан во текот на сите животи, таканаречени - инкарнации.

Верувањето во реинкарнација е древен феномен. Оваа доктрина е централен принцип во индиските религиозни традиции: во хиндуизмот, јогата, вишнаизам, шиванизам, џаинизам и сикизам. Прочитајте повеќе


март

Папа — врховен свештеник на римокатоличката црква. Папа е римокатолички бискуп по ранг на патријарх на Рим, поглавар на Римокатоличката црква и Гркокатоличката црква (унијати), како и Коптокатоличката црква.

Титулата на папата се определува како: „Бискуп на Рим, намесник на Исус Христос, кнез на апостолите, наследник на Свети Петар, врховен свештеник на целата црква, примус Италија, надбискуп и митрополит на Римската покраина, на суверената држава Ватикан, и слуга на Божјите слуги“.

Зборот „папа” произлегува од грчииот збор παπας, кое значи „татко, отец”. Во раното христијанство верниците така ги нарекувале своите духовни водачи. Од крајот на 2 и почетокот на III век во источното христијанство „папа” се вика и поглаварот на Александријската црква. Прочитајте повеќе


февруари

Хиндуизам — најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот. Не е прецизно дефинирана религија, во смисла на тоа дека содржи повеќе школи на идеи и традициии. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Мнозинството од модерни Хиндуси ја следат веданта философијата која е монотеистичка философија. Хиндуизмот верува во еден Бог кој повеќе пати низ историјата се јавува во светот во лицата на Кришна, Буда, и други. Ова учење верува во реинкарнација, односно селување на душата после смртта во друга личност.

Душата се сели безброј пати сѐ додека не постигне состојба на целосен мир. Списите на хиндуизмот се викаат Веди, кои ги има многу. Најпознат е расказот за Харе Кришна. Прочитајте повеќе


јануари

Џамијахрам во кој муслиманите се собираат и извршуваат општа молитва. Џамијата може да се сретне во различни форми, а најчесто е во форма на коцка покриена со една или повеќе куполи. На некој од периметарските ѕидови се наоѓа едно или повеќе минариња.

Зборот за џамија во повеќето современи европски јазици произлегува од шпанскиот mezquita, која во суштина означува „да се препуштиш на молитва“, т.е. „место за извршување на молитвата“. Во македонскиот и во некои други словенски јазици, зборот џамија потекнува од турскиот збор cami кој пак доаѓа од арапскиот جمع (jámaʕa), што означува собирање, или место за собир на луѓе. Прочитајте повеќе


Архива на избрани статии
2012
Историја на папството · Јин и јанг · Ала · Исламска уметност
2011
Спиритуализам · Алах · Меѓународно друштво за свесност на Кришна · Богомилство · Кабала · Будистичка уметност · Протестантска реформација · Шеријат · Праисториска религија · Црква Света Софија (Истанбул) · Историја на исламот · Махајана
2010
Историја на Јудаизмот · Ѓавол · Религија во Македонија · Десет Божји заповеди · Исламски календар · Чакра · Египетска митологија · Симонија · Келам · Авалокитешвара · Рано христијанство · Песна над песните
2009
Џамија · Хиндуизам · Папа · Реинкарнација · Неопаганство · Историја на христијанството · Ислам · Вештерки · Конфуцијанство · Вистински крст · Понтифекс Максимус · Шинтоизам
2008
Римска религија · Христијанство · Историја на будизмот во Индија · Масони