Портал:Религија/Избрана статија/2009/декември
Шинтоизам — народна религија и некогашна државна религија на Јапонија. Отсекогаш била официјална и главна вера во Јапонија иако е мешаница од будизмот и ками-култот. Шинтоизмот смета дека микадото и неговите предци, што владееле со Јапонија, се директни потомци на творецот на светот. Темелите на религијата се засновани на довербата дека Бог постои насекаде во природата, на пример: водата, камењата, планините како Фуџијама итн. Шинтоизмот е веќе застапен во Јапонија над 2000 години. Во 6 век бил помешан со Будистичката религија донесена од Индија преку Кина и Кореја. Прочитајте повеќе