Шин е име на дваесет и првата буква од семитските абџади („азбуки“), односни буквата се користи во арамејски, арапски, сириски, хебрејски и феникиски. Буквата означува глас „ш“ (/ʃ/) или „с“ (/s/).
Во арапскиот јазик буквата е 21 според позиција во оригиналниот абџад. Буквата во јазикот го претставува гласот „ш“ или фонетски изразено /ʃ/. Денес буквата е 15 по ред во абџадот и се пишува ش. Гласот „С“ во арапскиот се пишува користејќи ја буквата шин, но без точки س и се вика„син“.
Буквата има две форми: ако над буквата има точка на левата страна тогаш таа е „син“ односно буквата „с“, а ако има точка на десната страна тогаш е „шин“ односно „ш“.
Albright, W. F., "The Early Alphabetic Inscriptions from Sinai and their Decipherment," Bulletin of the American Schools of Oriental Research 110 (1948): 6-22.