Келам
Келам (арап. کلام, тур. Kelâm) е една од веронауките (علم الكلم) за исламот. На арапски ова значи „зборување“. Постојат рапсрави за тоа зошто науката го носи ова име. Еден предлог е дека се работи за зборувањето на Алах. Келам е исламска традиција која се стреми теолошки принципи по пат на дијалектика. Келамскиот веронаучник на арапски се нарекува мутакалим (мн. мутакалимиин).
Првите веронаучници на келамот ги бирал Хунајн ибн Ишак († 873 г.) за Домот на мудроста под управа на Абасидскиот калиф на Багдад.
Видови на теологија
уредиИсламската теологија е теологија изведена од Куранот и пророчките посланија. Содржината на исламската теологија може да се подели на чиста теологија, теодицеја, есхатологија, антропологија, апофатика и компаративна религија. Овие поделби ги наоѓаме во Куранот и во пропрочките посланија.
Чиста теологија
уредиЧистата теологија зборува за природата на Алах како неговата суштина и својства (атрибути) како и неговата поврзаност со луѓето и другите битија, како однос помеѓу создателот и создадените суштества.
Есхатологија
уредиЕсхатологијата се занимава со последните, конечни нешта, а во исламската теологија есхатологијата се однесува на крајот на светот и што се случува потоа (на другиот свет). Под есхатологија спаѓа смртта на луѓето, нивните души по телесната смрт, целосното уништување на овој свет, воскресението на душите на луѓето и страшниот суд на луѓето според нивните постапки по воскресението, и соодветните награди и казни за верниците и неверниците. Потоа местото за верниците се нарекува Рај, за неверниците Пекол.
Теолошка антропологија
уредиАнтропологијата во исламската теологија се фокусира на природата и целта на човечкиот род создаден од Алах за да живее на овој свет. Апофатичката (т.н. „негативна“) теологија се занимава со сѐ она што Алах не е.
Компаративна религија
уредиКомпаративната религија во исламската теологија се занимава со сличностите и разликите помеѓу илсмаската теологија и другите теологии како Христијанската и Еврејската според тоа како се објаснети во Коранот и во пророчките преданија.
Ралики помеѓу верските групи
уредиОпшт преглед
уредиНиз историјата на исламската теологија разликуваме школи како што се Салафити, Ашарити, Мутазилити и Ханбалити. Сите овие се одликуваат како со сличности така и со меѓусебни разлики.
Сунитско гледиште
уредиСунитите сметаат дека постојат шест верски одредби: верба во Бога, неговите ангели, неговите книги, неговите пророци, есхатологија, и дека вредностите и стандардите за добрина и лошотија се дадени од Алах.
Шиитско гледиште
уредиПостојат разлики помеѓу муслиманите во одредувањето на контекстот на одредбите. Шиитите сметаат дека постојат пет верски одредби: Божје единство, Божја Правда, Пророштво, Имамат и есхатологија.
Мутазилитско гледиште
уредиМутазилитите највеќе ја нагласуваат човековата слободна волја во односот со Алах додека тие кои им се спротивставени на мутазилитите ја нагласуваат предодреденоста на човечката субина во односот со Алах. Мутазилитите ѝ даваат предност на Божјата правда додека ним спротивставените, на Божјата семоќ во контекст на односот помеѓу човекот и Бог.