Портал:Религија/Избрана статија/2009/јули
Ислам — монотеистичка религија, која се вбројува во Аврамските религии и е втора религија по распространетост во светот. Следбениците на оваа религија се нарекуваат муслимани. Муслиманите веруваат дека Бог ја предал својата божествена реч во облик на откровенија преку разни пророци и дека Мухамед бил последниот Божји Пратеник. Исламот најдобро се дефинира според Куранот кој за муслиманите е безгрешна реч предадена од Алах на Мухамед. Според исламските научници исламот се дефинира како систем на закони и распореди за олеснување на човечкиот живот и прифаќање на Бог како создател.
На арапски, зборот „ислам“ доаѓа од коренот со три букви Син-Лам-Мим (س-ل-م), кој значи „покорност; предавање; послушност; мир“. Зборот „ислам“ е вербален апстракт на овој корен, и буквално значи „покорност/послушност“ и се однесува на покорноста кон Алах (Бог). Прочитајте повеќе