Задгробниот живот (животот по смртта или животот на оној свет), претставува идеја според која свеста или мозокот на битието остануваат и по неговата физичка смрт. Според многу познати сфаќања, оваа продолжена егзистенција има духовен или нематеријален облик. Поголем дел од сфаќањата за задгробниот живот потекнуваат од религијата, езотеријата и метафизиката. Се верува дека починатите лица, по смртта, одат во некоја специфична област или место за егзистенција кои ги одредува Бог, според заслугите за време на нивниот живот. Реинкранацијата пак, од друга страна, се однесува на живот после смртта во кој е зачувана само „суштината“ на битието, а „животот после смртта“, е друг живот на Земјата или пак во рамките на истиот универзум.

Видови сфаќања за задгробниот живот

уреди

Постојат две основни сфаќања за задгробниот живот: емпириски, врз основа на набљудување и религиозни, врз основа на верувањата.

Задгробниот живот во разни метафизички модели

уреди

Во метафизичките модели, теистите главно веруваат дека луѓето, после нивнатасмрт ги очекува некаков вид на задгробен живот. Атеистите пак, главно не веруваат дека постои задгробен живот. Припадниците на некои нетеистички религии како Будизмот, веруваат во живот после смртта (реинкарнација) без да се спомене Бог.Садукеите, биле прастара еврејска секта кои верувале дека постои Бог, но не и задгробрн живот. Агностиците се држат до ставот дека како посоењето на Бог, така и постоењето на души или живот после смртта е непроверено и со тоа останува непознато. Некои филозофии (на пр: хуманизам, постхуманизам и до некој степен емпиризам) се држат главно до ставот дека не постои задгробен живот. Многу религии, без разлика дали веруваат во постоењето на душата во друг свет како Христијанство, Ислам и многу други пагански системи на верување, или пак, во реинкарнација како одредени форми на Хиндуизам и Будизам, веруваат дека статусот на дадена личност во задгробниот живот е награда или казна за животот што го живееле.

Реинкарнација

уреди

Реинкарнацијата се однесува на задгробниот живот според Хиндусите, Розенкројцерите,Спиритистите и Виканите. Во реинкарнацијата, духовното развивање продолжува и после смртта кога починатиот ќе започне друг живот на земјата и ќе стекне највисок степен на свест и алтруизам врз основа на наследените реинкарнации. Ова наследство води кон евентуално ослободување. Некои припадници на источните религии следат различно сфаќање наречено метемпсихоза кое наведува дека луѓето т.е. нивната душа, може да се всели во животни, зеленчук, или дури во минерали. Дел од верувањата на Хиндусите и Спиритистите е дека и нашите сегашни животи се исто така задгробни животи. Во согласност со овие верувања, настаните во нашите сегашни животи се последица на постапките од претходните животи, или карма. Розенкројцерите, на сличен начин со оние кои имале искуства блису до смртта, зборуваат за период кој се појавува веднаш после смртта и пред влезот во задгробниот живот (пред сребрената врвца да биде прекината), проследен со пресуда, слична на краен преглед или извештај за животот на дадена личност. Многу Викини, но не сите, проповедаат верување во задгробен живот наречен Самерленд, мирно, сончево место каде што се праќаат душите на новопочинатите. Овде душите се одмараат, се опоравуваат од животот и се навраќаат на искуствата што ги имале во текот на животот. По периодот за одмор, душите се реинкарнираат и сеќавањата за претходниот живот се избришани. Ши`а(Shi'a) муслиманите, веруваат во Раџ`а (Raj'a) кое може да биде сфатено како ограничена реинкарнација.

Книгата In the ‘’Light of Truth – The Grail Message’’ од Abd-ru-shin, нуди нови знаења во врска со процесот на реинкарнација. Се мисли дека човековиот дух ги повторува своите животи и животни искуства во таканаречената „ позадина“ кои се неопходни поради неговото можно враќање во Духовната област (за луѓето позната како „Рај“). Од тука пораката на Гралот објаснува дека човекот го започнал неговиот пат како несвесно духовно семе.Воден од неговата желба за себепознавање, тој се симнал во светот за да се стекне со искуства кои имаат суштинско значење за неговиот развој, исто како што семето паѓа на земјата со цел да порасне и озрее. Поради тоа што еден живот не е доволен за да се стекнат доволно искуства, човечкиот дух се реинкарнира неколкупати на земјата во различни луѓе и култури. Духовната област може да се достигне само доколку поединци ги поправи сите свои грешки од сите животи и доколку го има достигнато себеспознанието. Ослободен од сè што е материјално, духот може да живее таму вечно како созреан човечки дух.

Задгробниот живот во античките религии

уреди

Културолошка споредба

уреди

Неодамна, од страна на научникот за религиски студии д-р Грегори Шушан беше извршено истражување во врска со задгробниот живот во античките религии низ културите. Студијата ги анализира верувањата на пет антички цивилизации (Старото и Средно Царство Египет, Сумерска и Стара Вавилонска Месопотамија, Ведическа Индија, пред- Будистичка Кина и пред-Колумбијска Мезоамерика) во врска со историски и сегашни искуства близу до смртта (NDE) и шамански задгробни „патувања“. Откриено е дека и покрај многубројните специфични културолошки разлики, деветте најчести елементи кои најчесто се појавуваат за време на NDE, исто така на едно општо структурно ниво се повторуваат низ културите. Со ова се утврдува дека авторите на овие антички текстови биле запознаени со NDE или нешто слично (на пр: шамански тип на искуства). Сличноста помеѓу културите ги поддржува и религиозната и физиолошката теорија бидејќи двете покажуваат дека феноменот е универзален.

Стариот Египет

уреди

Задгробниот живот има важен удел во религијата на Стариот Египет, неговиот систем на верување е еден од најстарите. Кога телото ќе умрело, делови од неговата душа познати како ка (двојно тело) и ба (личност) оделе во кралството на Смртта. Додека пак, душата живеела во полињата на АруОзирис барал работа како замена за заштитата што тој ја пружал. Во гробовите биле поставувани статуи како замена за починатите. За да се достигне награда во задгробниот живот, потребно било срце без гревови, способност за рецитирање на изреките, лозинките и формулите од книгата на Смртта. Во холот на Двете вистини, срцето на починатиот било мерено со пердувот на вистината и правдата Шу,земен од шапката на божицата Ма`ат. Доколку срцето било полесно од пердувот, починатиот можел да помине, но доколку било потешко, демонот Амит го јадел починатиот. Египќаните исто така верувале дека задгробен живот може да се постигне само доколку се биде мумифициран. Само доколку телото било соодветно балсамирано и закопано во мастаба, мртвиот би можел повторно да живее во полињата на Јалу и да го придружува Сонцето во текот на денот. Поради опасностите во задгробниот живот, во гробот се ставала книгата на Смртта како и храна, накит и „клетви“. Исто така го користеле и „отворањето на устата“.

Зороастризам

уреди

Зороастризмот тврди дека урванот, кој го претставува вонтелесниот дух, лежи на земјата три дена пред да замине во кралството на смртта со коешто раководи Јима. За време на трите дена додека духот е на земјата, пред неговото тело стојат правичните души и ја пеат„ Ustavaiti Gathas“ со радост, а кај главата му седи нечестива личност што плаче и ја рецитира „Yasna“. Зороастризмот тврди дека за правичните души се појавува убава девица којашто претставува персонификација за добрите мисли на душата, добрите зборови и дела. За нечестивата личност се појавува многу стара, грда, гола старица. После три ноќи, душата на нечестивиот ја зема демонот Вицареша'(Vicaresa)', на мостот Чинват и ја праќа во темнината (пеколот). Се смета дека Јима бил првиот крал кој владеел на земјата како и првиот човек кој умрел. Во областа на Јима, душите живеат како сенки и зависат од нивните потомци коишто сѐ уште живеат на земјата. Потомците ја задоволуваат нивната глад и ги облекуваат преку ритуали кои ги прават на земјата. Ритуалите кои се прават во првите три дена се од голема важност бидејќи ја штитат душата од лоши сили и и` даваат сила да го достигне подземјето. По три дена, душата го поминува мостот Чинват којшто претставува краен Суд за душата. Листата понекогаш се проширува и ги вклучува Вахман и Ормазд. Рашну е божествениот којшто ги држи вагите направдата. Доколку добрите дела се потешки од лошите, тогаш душата е достојна за во рајот. Доколку лошите дела се потешки од добрите, тогаш мостот се навалува надолу кон ширината на заострен раб и грозна старица ја зема душата во нејзините раце и ја носи со нејзе долу во пеколот. Мисван Гату e „местото на мешаните“ каде душите имаат сива егзистенција, во недостаток и на тага и на радост. На ова место се стигнува доколку добрите и лошите дела на душата се еднакви и вагата на Рашну е еднаква.

Стари Грци и Римјани

уреди

Во „Одисеја“, Хомер мртвите ги нарекува „исцрпени призраци“. Задгробен живот со вечна среќа постои во Елисејските полиња, но тие се резервирани за смртните потомци на Зевс. Во митот за Ер, Платон опишува дека на душите им се суди веднаш после смртта и се праќаат или на небото како награда, или во подземјето како казна. По уживањето или страдањето од одлуките на Судот, душите се реинкарнираат. Грчкиот бог Хејдс, во старогрчката митологија е познат како крал на подземјето, мрачно место помеѓу местото за мачење и местото за одмарање,каде што повеќето души живеат после смртта. На некои херои од грчките легенди им е дозволено да го посетат подземјето. Римјаните имаат сличен систем на верување, со тоа што Хејдс кај нив се нарекува Плутон. Во античкиот грчки мит за Херкул, како една од неговите задачи, тој мора да одпатува во подземјето за да го фати Кербер и да ја врат жена му на Адмет, Алкестида. Сонот на Скипион, напишана од Кикерон, го опишува вонтелесното искуство на душата што патува високо над Земјата и гледа од далеку надолу кон малата планета.

Скандинавска религија

уреди

Едите со поезија и проза, најстарите извори на информации за скандинавските сфаќања за задгробниот живот, варираат во нивниот опис на неколку области кои се подолу споменати. Најпознати се:

  • Валхала(Valhala): (лит. „Холот на убиените“ т.е. „Избраните“) ова место на небото, аналогно на грчките Елисејски полиња, е резервирано за храбрите борци кои умираат храбро во битка.
  • Хел (Hel): (лит. „Покриениот хол“) Овој престој е сличен на оној на Хејдс во религијата на Стара Грција: таму има убави ливади за оние кои не претерале во доброто како и лошото и после нивната смрт може да очекуваат да одат таму и да се соединат со нивните сакани.
  • Нифлхел (Niflhel): („Темницата“ или „Мисти Хел“)Оваа област е паралелна на грчката Тартанија. Ова е најдлабокото ниво после Хел и овде престојуваат оние кои кршат заклетви, заведуваат и силуваат жени и прават многу други лоши работи и овде заедно со сличните на нив страдаат од суровите казни.

Задгробниот живот во Аврамските религии

уреди

Јудаизам

уреди

Воскресение

уреди

Напис по име шеол кој подоцна ќе стане дел од хебрејската Библија , како задгробниот живот, е неописливо место на кое им е судено да одат сите после нивната смрт. Книгата на броевите се однесува на луѓето кои одат долу во шеол кога земјата ќе се отвори и ќе ги уништи бунтовните Кореја, Датана и Авирона и нивните 250 наследници (Броеви 16:31-33). Според ова, шеол може да се сфати како подземје, иако во литературата означува земјотрес или разделување на земјата. Соломон во Кохелет тврди: „ Тоа што им се случува на човечките синови, им се случува и на ѕверовите, дури имсе случува, кога ќе умре едниот да умре и другиот; вистина тие сите имаат еден здив; така што човекот нема поголема важност од ѕверот, туку се е суета. Сите одат на едно место; сите се од прашина и сите се враќаат во прашина. Којзнае дали духот на човекот оди нагоре, или к За тој што им се придружува на живите има надеж; подобро живо куче отколку мртов лав. Живите знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо, ни дали сѐ уште ќе имаат награда... Се` што твојата рака сака да постигне, направи го со целата своја сила, бидејќи нема работа, ниту направа, ни знаење, ни мудрост каде што одиш, во Шеол. Во `ивоој е истакнато дека: Човек умира и лежи испружен. Човек исчезнува, а каде е тој? ...Човек лежи долу и не се издигнува. Сè додека ги снема рајот, човекот не се буди од неговиот сон... кога човек умира, ќе живее ли повторно? Талмудот нуди голем број на мисли поврзани со задгробниот живот.После смртта, душата се носи на суд. Оние што воделе чесен живот веднаш влегуваат во „Светот што доаѓа“. Повеќето не влегуваат веднаш во светот што доаѓа, туку се подложени на преглед на нивниот живот на земјата и ги согледуваат грешките од животот. Некои на ова гледаат како „подучување“, душата станува помудра по прегледот на своите грешки. Други гледаат на овој период, како период во кој се вклучуваат казните за грешките во минатото. На крајот од овој период, речиси една година, душата го зазема своето место во светот што доаѓа. Иако казните се дел од некои еврејски сфаќања за задгробниот живот, сфаќањето за „вечно проклетство“ распространето во другите религии, не е централно начело во еврејскиот задгробен живот. Според Талмудот, вечното проклетство е резервирано за многу мали групи од пакосни и злобни водачи чии постапки се далеку под нормите или кои водат големи групи на луѓе кон злото. Во Талмудот, завршен во 500 година од нашата ера, неевреите кои биле чисто зло, не постоеле во ниедна област после нивната смрт. Меѓутоа, властите се согласиле на одредени доблесни луѓе да им дадат дел од светот кој доаѓа. Во книгата за Енох, сезборува за поделба на шеол во четири дела, за четири различни групи на мртви: верните светци кои ги чека воскресение во Рајот, многу доблесните кои ја чекаат својата награда, пакосните кои чекаат казна и пакосните кои веќе биле казнети и нема да воскреснат на Судниот ден. Потребно е да се знае дека книгата на Енох се смета за неавтентична од повеќе називи на христијанството и сите називи на јудаизмот. Книгата за 2 Макаби, дава чист приказ на мртвите кои ги чека воскресение и суд, плус молитви и понуди за мртвите да го симнат товарот на гревот од нив. Маимонидите го опишуваат Олам Хаба(Olam Haba) („Светот што доаѓа“) во духовна смисла, поттиснувајќи го прореченото физичко воскресение во статус на идно чудо, неповрзано со задгробниот живот, или Месијанската ера. Според Маимонидите, задгробниот живот го следува секој човечки дух, дух одделен од телото во кое бил „вдомен“ за време на неговото земно егзистирање. Зоарот го опишува Гихена(Gehenna), не како место за казна на пакосните, туку како место за прочистување на душите.

Реформски и реконструктивен Јудаизам. Одбивање на воскресението

Реформниот и реконструктивниот Јудаизам го одбиваат воскресението. Во согласност со ова, тие го измениле текстот да пишува m’chayei hakol („кој дава живот на сите“). Во новата молитвена книга издадена од движењето за реформен Јудаизам, ја вратиле традиционалната молитва за воскресение на мртвите.

Реинкарнација

уреди

Додека грчките филозофи како Платон и Сократ преку филозофски докази се обидувале да докажат дека постои реинкарнација, еврејските мистици кои исто така го прифаќале тоа воопшто не се обидувале да го докажат постоењето. Тие нуделе објаснувања за тоа зошто реинкарнацијата би ги решила инаку нерешливите проблеми во теологијата (како да се усклади постоењето на Бог со зла и добра страна). Реинкарнацијата во еврејската мисла се јавила некое време после Талмудот. Реинкарнацијата не е спомната во Талмудот, ниту во други претходни написи. Идејата за реинкарнацијата, наречена гилгул, станала популарна во народното верување и е споменувана во Јудејската литература помеѓу евреите Ашкенази. Помеѓу некои кабалисти, се шири идејата дека некои човечки души се реинкарнираат во нечовечки тела.Овие идеи биле застапени во многубројни кабалистички дела од 1200те години и во делата на мистиците од 1500те години. Во колекцијата со приказни на Мартин Бабер(Martin Buber), за животот на Баал Шем Тов(Baal Shem Tov), вклучува неколку приказни кои се однесуваат на луѓе кои се реинкарнирале во сукцесивни животи. Едни од најпознатите (некабалисти или антикабалисти) Раби кои ја одбиле идејата за реинкарнација се: Саадиа Гаон(Saadia Gaon), Дејвид Кими(David Kimhi), Хасдај Крискас(Hasdai Kreskas), Једај Бедерши(Yedayah Bedershi) (раниот 14 век), Џозеф Албо(Joseph Albo), Абрахам ибн Дауд(Abraham ibn Daud), Рош и Леон де Модена(Rosh and Leon de Modena). Саадиа Гаон, во Emunoth ve-Deoth, вклучува дел vi со докази за непостоење на доктрината за метемпсихоза (реинкарнација). При негирањето на реинкарнацијата, Саадиа Гаон тврди дека евреите кои веруваат во реинкарнација, прифатиле нееврејски верувања. Според Кришна, луѓето би требало да се сеќаваат на детали од поретходните животи доколку постои реинкарнација. Ова верување е познато и во ортодоксниот Јудаизам. Навистина, постои цело дело наречено Sha’ar Ha’Gilgulim (Портата на реинкарнациите) кое е основано врз делата на Раби Исак Луриа (Isaac Luria)(надополнето од неговиот следбеник Раби Чаим Витал(Chaim Vital)). Делото ги опишува опширните, комплицирани правила на реинкарнацијата. Од Sha’ar Ha’Gilgulim, се издвојува сфаќање дека гилгул физички е паралелно со бременоста. Многу ортодоксни молитвени книги вклучуваат ноќна молитва со која се бара прошка за гревовите што се направени во овој или претходниот гилгул што е проследено со рецитирање на молитвата пред спиење.

Христијанство

уреди

Од Светите книги

уреди

Кога Седуците го прашале Исус за воскресението (чиј сопруг би бил некој кој бил женет неколкупати во животот), Исус одговорил дека бракот немал никаква важност по воскресението, бидејќи воскреснатиот (во овој случај) би бил како ангелите во рајот. Исус исто така вели дека, ќе дојде време кога мртвите ќе го слушнат гласот на Синот Божји и сите што биле во гробовите ќе станат, верниците ќе воскреснатво живот, а на неверниците ќе им се суди. Во Евангелието според Матеј, на денот на смртта на Исус, гробовите се отвориле, а при неговото воскресение многу починати светци излегле од своите гробови и отишле во „светиот град“, Ерусалим. Судниот ден: Исус го спореди кралството на небото, со коешто тој владее, со мрежа што била фрлена во морето и собрала риби од секаков вид. Кога мрежата била полна, луѓето ја повлекле на брегот и добрата риба ја ставале во садови, а лошата ја фрлале настрана. Така ќе биде и на крајот од постоењето, или Судниот ден. Ангелите ќе ги оделуваат добрите од лошите и лошите ќе ги фрлаат во оган. Потоа правичните ќе заблескаат како Сонцето во кралството на нивниот Татко.

Раната Црква: 1от век

уреди

Исус и новите писатели на Библијата, споменуваат идеи за задгробен живот и воскресение кои вклучуваат Рај и Пекол. Авторот на Лука ја вбројува приказната за „Лазар и богатиот човек“ која ги прикажува луѓето во Хејдс како го очекуваат воскресението без разлика дали ги очекува мачење или блаженост. Авторот на „Книгата за откритието“, пишува за Бог и ангелите против Сатаната и демоните во епска битка на крајот на светот, кога на сите ќе им се суди. Таму се спомнува за духовни тела на пророци од минатото и за преобразувањето.

Раната Црква: II и III век

уреди

Неканонските Акти на Пол и Тесла зборуваат за делотворноста на молитвите за мртвите, така што може да се наречат „ состојба на среќа“. Иполит од Рим, го отсликува Хејдс како место каде правичните и под пазувите на Аврам го очекуваат своето воскресение и се радуваат на инината, а грешните се измачувани пред „езерото со оган што непрекинато гори“, во кое подоцна ќе бидат фрлени.

Раната Црква: IV и V век

уреди

Грегориј од Ниса дискутира за можноста за прочисување на душите по смртта во кое се верувало многу порано. Свети Августин му се спротивставува на Пелаџио(Pelagius) тврдејќи дека најголем грев е тоа што во пеколот одат некрстените и сирачињата и таму се подложени на исти казни како и оние кои извршиле вистински гревови.

Средновековно Христијанство

уреди

Папата Грегориј I го повторува сфаќањето повторувано со векови наназад од Грегориј од Ниса дека, на мртвите страдаат од прочистување на душата и во врска со тоа пишувал за „прочистителни пламени“. Именката „прочистување“ (латински: место за чистење) за првпат се користи за да го опише болното прочистување на душата на спасените по животот. Истиот збор во форма на придавка (прочистувачко,а,и) кој се јавува исто така и во нерелигиозни текстови, веќе се користел од страна на Христијаните како Августин од Хипо и Папата Грегориј I во смисла на прочистување после смртта.

Свиденборг и просветлувањето

уреди

За време на Ерата на просветлувањето, теолозите и филозофите истакнале разни филозофии и верувања. Познат пример е Емануел Свиденборг(Emanuel Swedenborg) кој напишал околу 18 теолошки текстови кои детално го опишуваат задгробниот живот според неговите духовни искуства, од кои најпознати се Рајот и Пеколот. Од друга страна пак, просветлувањето придонесе за појавувањето за многу релистични филозофии како деизмот. Многу слободни мислители на деизмот тврделе дека верувањето во задгробен живот со награда и казна било неопходно поради разумност и добар морал на луѓето.

Седумдневните Адвентисти

уреди

Седумдневната Адвентистичка Црква тврди дека првата смрт, или смртта настаната преку живот на планетата со природни услови (болест, старост, несреќа итн.) е спиење на душата. Адвентистите веруваат дека телото + здивот на Бога = жива душа. Како и Јеховините сведоци и Адвентистите користат клучни фрази од Библијата како „Живите знаат дека ќе умрат:но мртвите не знаат ништо, ниту пак имаат награда повеќе бидејќи сеќавањата за нив се веќе заборавени“ (Eccl. 9:5 KJV). Адвентистите исто така тврдат дека цената на гревот е смртта, а Бог е бесмртен. Адвентистите веруваат дека Бог ќе им даде вечен живот на воскреснатите на Второто пришествие на Исус. Дотогаш сите што починале, „спијат“. Кога Исус Христос кој е зборот и здивот на животот, ќе дојде по вторпат ќе ги земе правичните со себе на небото и да се сретнат со својот Господар. Правичните ќе бидат во Рајот со Бог илјада години (еден милениум) и заедно ќе им судат на неискупените и на паднатите ангели. Додека спасените се во Рајот, земјата ќе биде лишена од луѓе и животни.Само паднатите ангели ќе останат живи. Второто воскресение е она на нечестивите кога Исус ќе го донесе новиот Ерусалим од Рајот и ќе го смести на земјата. Исус ќе ги повика да живеат сите тие што се нечестиви. Сатаната и неговите ангели ќе ги убедат нечестивите да го заобиколат градот, но пеколен оган и сулфур ќе паѓаат од небото и ќе ги уништи, со што Земјата ќе се прочисти од сите гревови. Ова се нарекува втора смрт. На новата земја Бог ќе обезбеди вечен дом за сите спасени и совршена средина за вечен живот, каде што ќе биде вратена и градината Едем. На големата контроверзност ќе и дојде крај и гревот нема да постои повеќе. Бог ќе владее вечно во совршена хармонија. (Rom. 6:23; 1 Tim. 6:15, 16; Eccl. 9:5, 6; Ps. 146:3, 4; John 11:11-14; Col. 3:4; 1 Cor. 15:51-54; 1 Thess. 4:13-17; John 5:28, 29; Rev. 20:1-10; Rev. 20; 1 Cor. 6:2, 3; Jer. 4:23-26; Rev. 21:1-5; Mal. 4:1; Eze. 28:18, 19; 2 Peter 3:13; Isa. 35; 65:17-25; Matt. 5:5; Rev. 21:1-7; 22:1-5; 11:15.)

Задгробниот живот во Црквата на Исус Христос и светците од последните денови (Мормонизам)

уреди

Џозеф Ф. Смит(Joseph F. Smith) од Црквата на Исус Христос и светците од последните денови(The Church of Jesus Christ of Latter-day Saints) направил елаборат за задгробниот живот. Го открива како сцена на мисионерски обид од страна на правичните духови да ги искупат тие што сѐ уште се во темнина – во затворот за духовите, или „пекол“, каде духовите на мртвите остануваат до судењето. Поделено е на два дела: Затвор за духови и Рај. Заедно се познати како „Светот на духовите“, или „ пазувата на Аврам“; види Лука 16:19-25).Тие веруваат дека Исус го посетил затворот (1 Петар 3:18-20) и ги отворил портите на Рајот за оние кои се кајат.Ова е слично на „Застрашувачкиот пекол“, учење на некои од главните Христијански верувања. И Затворот за духови и Рајот се во согласност со верувањата на „Светците од последните денови“. По воскресението на духовите „трајно“ им се доделуваат до три степена на небесна слава- Небесна, Земна и Телесна ( 1 Cor 15:44-42; Вера и Завети, дел 76), или се фрлаат со Сатаната во „Далечната темнина“. (Види Вера и Завети, дел 76).

Спас, верување и доблест од античкото до современото христијанство

уреди

Повеќето Христијани одрекуваат дека влезот во Рајот може да биде соодветно заслужен, попрво го сметаат за дар кој може да го додели само Бог преку неговата добрина. Ова верување е според теологијата на Св.Павле: Спасени сте како дар Божји, преку верба, а не со работа, така што никој нема да може да се фали. Августинските, Томистичките, Лутеранските и Калвинистичките теолошки традиции, сите ја истакнуваат незаслужената добрина што Бог ни ја дава и го одбиваат таканереченото Пелагијанство со кое човек сам би го заслужил спасот преку добри дела. Сите Христијански секти не го признаваат ова учење, контроверзиите за добрината и добрата волја и судбината. Во праксата , верувањето дека Рајот е награда за доброто однесување е општоприфатено народно верување во христијанските заедници па дури и кај членови на црквите кои го одбиваат тоа верување. Христијанските теолози Томас Акинас(Thomas Aquinas) и Џонатан Едвардс(Jonathan Edwards) пишуваат дека спасените во Рајот ќе се радуваат на страдањата на проколнатите. Меѓутоа, Пеколот не содржи современи начини на казнување, бидејќи ниту може да ги одврати неверниците, ниту да ги рехабилитира грешниците, меѓутоа ова не влијае на Христијанското верување кое библиското учење го става над идеите на општеството. Универзалците тврдат дека спасението е за сите. Јеховините сведоци и Седумдневните адвентисти тврдат и покрај тоа што водат живот со строги правила, сметаат дека грешниците се уништуваат, а не се мачат.

Мртвите како Ангели на небото

уреди

Во неформалните народни верувања на многу христијани, душите на доблесните луѓе одат во Рајот и се претвораат во ангели. Повеќе формални христијански религии прават остра разлика помеѓу ангелите кои се создадени од Бог, пред настанокот на човештвото и светците кои се луѓе на кои Бог им доделил бесмртност со својата добрина преку нивната верба во Синот Божји, Исус. (John 3:16).

Универзалисти

уреди

Некои секти како универзалистите, веруваат дека сите, без разлика во што веруваат или што имаат направено, ќе бидат наградени.

Јеховини сведоци

уреди

Живите се свесни дека ќе умрат; но мртвите не се свесни воопшто за ништо, ниту пак имаат награда, бидејќи сеќавањата за нив се заборавени. Тие веруваат дека Армагедон, воскресение во светлината, во Едемската градина, ќе им биде доделено на сите и на правичните и на грешните (не и на пакосните) мртви. Acts 24:15 кажува „Имам надеж во Бога... дека ќе воскреснат и правичните и грешните.“ Вечната смрт (непостоење) е казната за гревот без покајание после Армагедон. На тие што нема да бидат мртви кога ќе се појави Армагедон, ќе им се суди или ќе бидат убиени за време на Армагедон поради потенцијалните гревови без покајание. Тие сметаат дека смртта е казна за гревовите (затоа повеќето мртви ќе воскреснат- ја платиле веќе цената).

Современо православие

уреди

Верувањата, типични за модерните православни цркви треба да се опишат.

Современа католичка црква

уреди

Во 1990те, каташизмот на Католичката црква го дефинира пеколот, не како казна врз грешниците, туку како нивно себеисклучување од Бога.

Христијанска наука

уреди

Христијанската наука учи дека дека состојбата после смртта се состои од форма на „условен период“ и духовно развивање/ напредок, каде што искуството на починатиот е во пропорција со неговата способност да ја искористи неограничената љубов од Бога. Последователно, личност кој ќе умре во состојба на грешник ќе ја искуси Божјата љубов во вид на страдање (како личност којашто е навикната на темница, чиишто очи болат од светлината), додека пак којшто починал во состојба на духовна свест ќе искуси соодвеен степен на среќа. Во христијанската наука не постои сфаќање за вечната казна: пеколот и рајот се состојба на мислата кои кореспондираат со сегашноста, или недостигот на себепочитување што го карактеризира поединечното претрпување на искуството на смртта.Личноста која умира, не „оди“ никаде: тој/таа достигнува друго ниво на свест до кое тие што останале позади сѐ уште не го пстигнале. Последна и неизбежна цел на сите нас е искуството на божествена Љубов (рај, хармонија). За искуството на рајот не е неопходна смртта:може да се искуси доколку мислата на дадена личност достигне одредено духовно ниво. Вистина, Христијанската наука учи дека самата смрт е илузија и како што учи и покажува Исус Христос низ својот живот, може и ќе биде освоена со победата на гревот.

Ислам

уреди

Исламското верување во задгробниот живот како што се тврди во Куранот е уникатно, неговиот официјален опис е подетален. Исламски збор што го опишува рајот е џенет, а што го опишува пеколот е џенем. Тие имаат различни нивоа. Лицата нема да влезат таму додека не помине Судниот ден, кога тие ќе воскреснат. Удобноста во нивниот гроб, зависи од вербата во Бог и Неговите учења, како и нивните дела за време на животот. Постојат 8 нивоа во рајот и 7 во пеколот.

Исламот учи дека главната цел на создавањето на човекот е доброто однесување со другите луѓе, возвишувањето на Создавателот на Рајот и Земјата- Алах (арапски збор кој се користи за именување на Единствениот Бог, за кој муслиманите го сметаат Бог според Јудеохристијанската традиција). Исламот учи дека животот на земјата е тест за кој секој поединец ќе добие крајна награда во задгробниот живот, или казна која трае вечно.

Во XX век, се развиле дискусии во врска со поврзаноста на човечките постапки и божествениот суд, потрбата за морална правичност и вечните последици од човечките постапки во овој живот и свет.

Источни религии

уреди

Хиндуизам

уреди

Упанишадите ја опишуваат реинкарнацијата или самсара. Во Bhagavad Gita, важна книга во Хиндуизмот, опширно се зборува за задгробниот живот. Овде Господарот Кришна вели дека исто како што човекот ги остава старите алишта и носи нови, така и душата го остава старото тело и зема ново. Во Хиндуизмот се верува дека телото е како школка, а душата внатре е непроменлива и неуништлива и презема различни животи во циклусот на раѓање и смрт. Крајот на овој циклус е спасението, или Мокша. Хиндусите , исто така веруваат во „Карма“. „Кармата“е збир од добрите и лошите дела на една личност. Според Хиндуизмот, учењето на Кармата е „Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“. На тој начин, ако си живеел добар живот, ќе добиеш награда во задгробниот живот. Исто така збирот од лоши дела што си ги направил, ќе се отслика и во задгробниот живот.

Будизам

уреди

Будистите тврдат дека при повторното раѓање душата останува иста или непроменета поминувајќи од една форма во друга. Видот на повторното раѓање е условено од степенот на морал во постапките на личноста (kamma или karma). На пример, кога некоја личност има извршено телесна, говорна или умствена штета, водена од алчност, омраза или заблуда, се очекува повторно раѓање во помал облик т.е. животно, дух или во облик на пекол. Од друга страна пак, кога личноста извршува дела воден од великодушност, милост, сожалување и мудрост, се очекува повторно раѓање во облик на среќа т.е. човек, или некој од небесните облици. Во Тибетскиот Будизам , Тибетската книга за мртвите ја објаснува состојбата на луѓето измеѓу смртта и реинкарнацијата. На починатиот ќе му се појави светлина на мудрост која му ја покажува патеката, за да продолжи напред и да го напушти циклусот на реинкарнација. Има многу причини зошто починатиот не ја следи таа светлина. Некои немаат инструкции во врска со оваа средишна состојба од претходниот живот. Некои ги следат своите основни инстинкти како животни. Некои имаат страв кој потекнува од нечесните дела или изразената ароганција од претходниот живот. Во средишната состојба, свеста е многу флексибилна и затоа е важно да се биде доблесен, со позитивен став и да се избегнуваат негативните идеи. Идеите кои доаѓаат од потсвеста може да предизвикаат екстремен темперамент и застрашувачки визии. Во оваа ситуација треба да се сфати дека овие манифестации се само рефлектирање на внатрешните мисли. Никој не може да ги повреди душите во оваа состојба, затоа што немаат материјално тело. Починатиот добива помош од разни будисти кои му го покажуваат патот кон светлината. Оние кои нема да го следат патот на светлината, во секој случај ќе добијат шанса за подобра реинкарнација. Мора да се ослободат од предметите и личностите од коишто зависат од претходниот живот. Препорачливо е да се одбере семејство во кое родителите веруваат во Дарма и да се реинкарнира со желба за грижа за доброто на сите луѓе.

Сикизам

уреди

Сиктите исто така веруваат во реинкарнација. Тие веруваат дека душата има духовно потекло од универзумот кој потекнува од Бог. Доброто направено за време на животот ќе собере благослови и соединување со Бог. Душата може проживее многу животи пред да стане едно со Бог. Но има уште повеќе од ова: има четири класи, вклучени во ова верување. Над сите овие класи е Бог „Waheguru“ и можеш да останеш со него, или ако сакаш може да одиш кај своите луѓе и да им служиш. Под овие четири класи се растенијата и вирусите. Во зависност од направените дела, се движиш нагоре и надолу низ класите, добар живот и смрт те поместува во повисока класа, а лош живот и смрт те спушта во пониска класа.

Парапсихологија

уреди

Во испитување извршено во 1901 година од физичарот Данкан Мекдугал, се мерела загубената тежина на човекот кога „ душата го напуштила телото“ после смртта. Мекдугал ги мерел пациентите на умирање со цел да докаже дека душата е материјална, допирлива, па дури и мерлива. За овие експерименти се смета дека немаат многу голема важност, но иако резултатите на Мекдугал варирале од „21 грам“, некои луѓе оваа бројка ја сфатиле како синоним за тежината на душата. Насловот на филмот „21 грам“ од 2003 година, е даден според откритијата на Мекдугал. Друштвото за физички испитувања било основано во 1882 година, со намера за испитување на Спиритуализмот и задгробниот живот. Неговите членови до денешен ден вршат научни истражувања во врска со паранормалното. Оваа организација ги направила првите обиди за научно истражување на феномените поврзани со задгробниот живот. Негови први членови биле познати научници како Вилијам Крукс и филозофи како Хенри Сиџвик и Вилијам Џејмс. Џ. Б. Рајн, кој критички гледал на раните основања на парапсихологијата како лабораториска наука, бил посветен на барањето научен доказ за духовното постоење на луѓето. Едни од научниците кои се занимавале со оваа област се: Рејмонд Муди ,Сузан Блекмор, Чарлс Тарт, Вилијам Џејмс, Ијан Стивенсон, Мајкл Персинџер и Пим ван Ломел. Некои, како Францис Крик, во 1994 година се обиделе да извршат „научно истражување за душата“. Френк Типлер тврдел дека физиката може да ја објасни бесмртноста, иако овие аргументи не се веродостојни и не се на исто ниво како научните. Тарт вршел истражувања за вонтелесните искуства коишто ја согледуваат можноста, човек да може достигне оддалечени места надвор од физичкото тело. Подоцнежните истражувања и ги потврдиле и ги негирале „вонтелесните“ искуства, испитувајќи делови од мозокот. Во некоја болница, била ставена порака над креветите на пациентите која се читала само ако се гледа одозгора. Но, до 2001 година, никој од таа болница кој тврдел дека имал вонтелесно искуство ја нема видено пораката. Во 2008 година, Пени Сартори, сестра на интензивна нега од Свонзи, по 10-годишно истражување, издаде книга за вонтелесното искуство. Сартори вели дека, луѓето кои имале вонтелесни искуства лебделе над своите тела и можеле точно да раскажат што се случувало во собата, иако нивните очи биле затворени. Истражувањата за задгробниот живот, исто така вклучуваат (меѓу другото) и протерување на духови на починатите (вклучувајќи, во некои случаи и информации добиени од тие духови), комуникација преку инструменти (снимање на паранормални гласови на касета) и медијација.

Задгробниот живот во популарната култура

уреди
  • „Задгробен живот“ (англиски: Afterlife) — песна на американската рок-музичарка Марија Меки (Maria McKee) од 1996 година.[1]

Наводи

уреди