Портал:Религија/Избрана статија
Христијанство — монотеистичка религија заснована врз животот, учењата и делата Исус Христос по раскажувањата во Новиот завет.
Со 2,1 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потекло сродна е со јудаизмот, со кој дели доста религиозни текстови и својата рана историја; поточно заднички за двете религии се еврејската библија, која во христијански контекст е позната како Стар завет (видете Јудо-христијански). Христијанството се смета за аврамска религија, заедно со јудаизмот и исламот.
Во светото христијанско писмо, поимот „Христијански“, а така и „Христијанство“ најпрвин се посведочило во Дела 11:26: „Цела година се среќавале во црквата и учеле многу луѓе. И кај Антиох учениците на Исус биле наречени Христијани“ (Гр. χριστιανους, од Христос Гр. Χριστός, што значи „миропомазаниот“).
Прочитајте повеќе