Будистичка уметност
Будистичката уметност потекнува од Индија следејќи го историскиот живот на Сидарта Гаутама, од 6-5 век п.н.е., и се развивала во контакт со другите култури ширејќи се низ Азија и светот.
Се развивала на север кон Средна Азија и во Источна Азија, создавајќи ја северната гранка на будистичката уметност и источно сè до Југоисточна Азија, создавајќи ја јужната гранка на будистичката уметност. Во Индија, будистичката уметност цветала и влијаела врз развојот на Хиндуистичката уметност, сè дури будизмот речиси не исчезнал во Индија околу 10. век, делумно поради силната експанзија на исламот, како и на хиндуизмот.
Предиконска фаза (5 – 1 век п.н.е.)
уредиВо текот на 2-1 век п.н.е., вајарите станале поексплицитни претставувајќи епизоди од животот и учењата на Буда. Иако Индија имала долга традиција во изработка на скулптури и мајсторство во богатата иконографија, Буда никогаш не бил прикажан во човечки облик, туку единствено преку будистички симболизам. Овој период се нарекува предиконски.
Ваквата тенденција останала до 2 век п.н.е во јужните делови на Индија, во уметноста на школата Амаравати. Се дискутира дека можеби постоеле рани антропоморфни претстави на Буда изработени во дрво кои со време исчезнале. Сепак, не постојат археолошки наоди да ги поткрепат овие расправи. Најраното дело на Будистичката уметност во Индија датира од 1 век п.н.е. Храмот махабоди во Бот Гааја станал модел за слични структури во Бурма и Индонезија. За фреските во Сигирија се вели дека се постари дури и од сликарството во пештерите Аџанта.[1]
Иконска фаза (од 1 век до денес)
уредиАнтропоморфните претстави на Буда почнале да се појавуваат од 1 век во Северна Индија. Двата главни центри на творештво се Гандара во денешна Северозападна погранична провинција, во Пакистан, и подрачјето на Матура, во централниот дел на северна Индија. Уметноста на Гандара искористила од тоа што со векови била во интеракција со античката култура откако Александар Македонски во 332 п.н.е. ја освоил Индија. Будистичката скулптура од Гандара била под влијание на старогрчката скулптура и се сугерира дека концептот на "човек-бог" бил главно инспириран од грчката митолошка култура. Елементи на скулптурата на гандарската школа се кадрава коса, наметка која ги покрива двете рамења, чевли и сандали, декорации со листови од акант и сл.
Уметноста на Матура се стреми повеќе кон индиската традиција. Во оваа школа облеката е претставена на начин да го покрива левото рамо со тенок муслин, а декорациите се палма, лотус и сл. Двете школи влијаеле една на друга. Оваа иконска уметност уште на почетокот се одликувала со реалистичен идеализам, комбинирајќи го реалното во однос на човечкото во однос на пропорции, ставови и атрибути и желбата да се прикаже совршенството и спокојот на божественото. Овој приказ на Буда воедно како човек и бог станува иконографски стожер за понатамошната Будистичка уметност. Интересно е и да се забележи дека Буда е предмет во уметностите како скулптура, сликарство и литература, но не и во музиката и танцот. Будистичката уметност продолжила да се развива во Индија некоку века. Розовите скулптури на Матура од песочник се развиле во тек на Гупта периодот (4-6 век). Уметноста на Гупта школата извршила големо влијание насекаде низ Азија. Накај 10 век, како што почнале да преовладуваат Хиндуизмот и Исламот, Будистичката уметност почнала да опаѓа во Индија. На крајот од 12 век, Будизмот во Индија се одржал само во регионот на Хималаите. Со ширењето на будизмот надвор од Индија, изворното уметничко творештво се мешало со други уметнички влијанија и се диференцирале:
Северна будистичка уметност
уредиШирењето на будизмот по патот на свилата кон Средна Азија, Кина и најпосле Кина и Јапонија почнало во 1 век преку Таримската Котлина амбасадорите испртени кон запад на кинескиот цар Минг (58-75). Сепак, поинтензивни контакти имало од 2 век натаму веројатно како последица на ширењето на империјата на Кушаните на кинеска територија кај Таримската Котлина, преку мисионерството на голем број будистички монаси во Кина дојдени од Средна Азија. Првите мисионери и преведувачи на будистичките скулптури на кинески, како Локаксема, биле или Парти, Кушани, Согдијанци или Тохари.
Централно-азиското мисионерство долж патот на свилата било придружено со наплив уметнички влијанија видливи во развојот на Сериндиската уметност од 2 до 11 век во Таримската Котлина, денешен Синѓанг. Сериндиската уметност честопати произлегува од хеленско-будистичката уметност на областа Гандара – денешен Пакистан, која е комбинација на индиски, грчки и римски влијанија. Хеленско-будистичките уметнички влијанија од патот на свилата може да се најдат дури до Јапонија, во архитектонските мотиви, приказите на Буда и некои претстави на јапонските богови.
Уметноста на северниот пат исто била под големо влијание и на развојот на Махајана Будизмот, посебна гранка на будизмот што се одликува со прифаќање на нови текстови додадени на традиционалните агами. Махајана оди подалеку од традиционалниот ранобудистички идеал на ослободување преку страдањето - (духкха) -и ја истакнува патеката на бодисатва. Махајана го издигнува Буда во трансцендентално и бесконечно битие. Оттука Северната будистичка уметност се стреми кон богати и синкретични претстави на Буда, со мноштво слики на разни Будини прикази, бодисатви и небесни суштества - (деви).
Авганистан
уредиБудистичката уметност во Авганистан (поранешна Бактрија) траела неколку века сè до ширењето на Исламот во 7 век. Претставена е со Будите од Бамијан. Други скулптури, во штукатура, шкрилец или глина, прикажуваат силно индиско пост-гуптиско влијание како и класично влијание (хеленско, па дури и грчко-римско). Иако Исламот донекаде бил толерантен кон другите религии, покажал нетолеранција кон Будизмот на кој се гледало како религија што зависи од „идолопоклонство“. Човечките фигуративни уметнички форми исто така биле забранети со Исламот па така, Будистичката уметност претрпела бројни напади што кулминирало со нејзино систематско уништување за време на Талибанскиот режим. Будите од Бамијан, скулптурите од Хада, и многу други артефакти во Авганистанскиот музеј биле уништени. Бројните конфликти после 1980 исто така довеле до систематски грабежи на археолошките наоѓалишта со цел нивна понатамошна распродажба на меѓународниот пазар.
Средна Азија
уредиСредна Азија долго играла улога на раскрсница меѓу Кина, Индија и Персија. Во тек на 2 век п.н.е., експанзијата на поранешен Хан кон Запад довело до зголемен контакт со хеленистичките цивилизации на Азија, посебно со Грчко-бактриското кралство.
Оттогаш, ширењето на Будизмот кон север довело до формирање на будистички градови па дури и кралства во оазите на Средна Азија. На некои од градовите на патот на свилата во кои имало развиени будистички манастири една од главните цели им била да пречекуваат и да даваат услуги на патници меѓу Истокот и Западот. Источниот дел на Средна Азија (Кинески Туркестан (Таримската Котлина, Синѓанг) особено развил мошне богата Сериндиска уметност (ѕидно сликарство и релјефи во бројни пештери, сликарство на платно, скулптура, ритуални предмети), под влијание на индиската и хеленистичките култури. Најдени биле скулптури во Гандара стил како и гандарското писмо - Харошти. Овие влијанија набрзо биле потиснати од страна на напливот на кинеската култура.
Поврзано: Дунхуанг, Пештери Могао, Кралство Котан, Пат на свилата
Кина
уредиБудизмот дошол во Кина околу 1 век и вовел нов трип на уметност во Кина, особено во областа на статуата. Примајќи ја оваа религија, силни кинески црти биле инкорпорирани во будистичка уметност.
Северни династии
уредиВо 5 и 6 век, Северните династии, развиле симболични и апстрактни начини на претставување, со шематски линии. Нивниот стил е свечен и величествен. Недостигот на телесност во оваа уметност, и нејзината оддалеченост од оригиналната будистичка цел на изразување на чистиот идеал на просветлување на реалистичен начин, постепено доведе до промена кон повеќе натурализам и реализам доведувајќи до израз на Танг будистичката уметност. Места каде е зачувана будистичката скулптура на Северната Веј Династија:
Династија Танг
уредиПоради отвореноста на династијата на странски влијанија, и обновената размена со индиската култура поради многубројните патувања на кинеските будистички свештеници во Индија, будистичката скулптурата на династијата Танг попримила класична форма, инспирирана од индиската уметноста од Гупта периодот. За тоа време, главниот град на Танг Шанган (денешен Сијан) станал важен центар за будизмот. Од таму будизмот се проширил во Кореја и Јапонија.
Сепак, на странските влијанија кон крајот на Танг династијата се гледало како на нешто негативно. Во 845, Танг императорот Вузонг ги забранил сите "странски" религии (вклучително и христијанското Несторијанство, Зороастризам и Будизам) со цел да се поддржи домородната религија, Таоизам. Тој го конфискувал будистичкиот имот и ги натерал верниците скришно да го почитуваат култот со тоа влијаејќи на развојот на религијата и на нејзината уметност во Кина. Чан Будизмот сепак, како претходник на јапонскиот Зен, продолжил да цути неколку века, посебно под Сонг династијата (960-1279), кога Чан манастирите биле големи културни и образовни центри.
Раното сликарство на Чен монасите имало тенденција да го одбегне прецизниот реализам на Гомби сликарството во полза на енергични, монохроматски слики, обидувајќи се преку творештвото да го искажат влијанието на просветленоста.[2]
Подемот на неоконфуцијанството во времето на Сји Чу во 21 век резултирал со огромна критика кон монашките сликари. Поврзани со тогаш непопуларната школа на Чен будизмот, нивните слики биле негирани. Некои слики преживеале откако биле однесени во Јапонија, но школата на Чен сликарство во Кина целосно била уништена.[3]
Династија Кинг
уредиНа почетокот на Кинг династијата, таканаречените сликари Четири Монаси (Жу Да, Ши Тао, Кун Кан и Хонг Рен) ги користеле своите слики да го искажат своето неодобрување на тогашната политичка клима. Иако ги користеле традиционалните форми, тие отишле чекор подалеку од високотехничките дела популарни во тоа време (претставени преку Четворицата Ванг) и концентрирани на експресивните потези со четка и смели бои.[4]
Наследството
уредиПопуларизацијата на будизмот во Кина оваа земја ја направи дом на една од најбогатите збирки на будистички уметности во светот. Могао Пештерите во близина на Дунхуанг и пештерите на храмот Бинглинг во близина на Јонгжинг во провинцијата Гансу, пештерите Лонгмен во близина на Луојанг во провинцијата Хенан, пештерите Јунганг во близина на Датонг во провинцијата Шанси и Дазу Рок резбите во близина на општината Чонгкинг се едни од најзначајните и најпознати будистички наоѓалишта на скулптурата. Џиновската статуа на Буда во Лешан, исклесана во рид во 8 век за време на династијата Танг е најголемата камена статуа на Буда во светот.
Кореја
уредиКорејската будистичка уметност главно одразува интеракција меѓу другите будистички влијанија и силната изворна корејска култура. Освен тоа, уметноста на степите, особено сибирски и скитски влијанија се гледаат во раната будистичка уметност заснована на ископувањето на артефакти и погребни богатства како кралските круни на Сила појаси, ножеви, и гогоци во облик на запирка.[5][6] Стилот на оваа домородна уметност бил геометриски, апстрактен и богато украсен со одлики на "варварскиот " луксуз. Иако многу други влијанија биле силни, Корејската будистичка уметност, се одликува со "вкус за вистинскиот тон, смисла за апстракција но исто така и за бои што доста интересно е во линија со современиот вкус"[7].
Трите кралства на Кореја
уредиПрвото од Трите кралства на Кореја што официјално го примиле Будизмот било Когурио во 372.[8] Сепак, кинеските записи и употребата на будистичките мотиви на когуриските ѕидови укажува на тоа дека будизмот бил воведен порано од официјалната дата.[9] Кралството Пекче официјално го признало будизмот во 384.[8] Кралството Сила изолирано со потежок пристап кон Кина, официјално го прифатило будизмот во 535 иако оваа туѓинска религија била позната во кралството уште во раниот 5 век благодарение на работата на монасите од Когурио.[10] Воведувањето на будизмот кај уметниците ја стимулирало потребата од создавање слики за обожување, кај архитектите за изградба на храмови а книжевниците за Будини сутри со што тој полека придонел за трансформација на корејската цивилизација. Особено значајна при преносот на софистицираните уметнички стилови во корејското кралство била уметноста на "варварскиот" Туоба, кланот кој ја воспоставил северно-вејската династија во Кина во 386. Северно-вејскиот стил особено бил влијателен на уметноста во Когурио и Пекче. Подоцна уметниците од Пекче го пренеле овој стил во Јапонија заедно со елементите на Јужната династија и корејските обележја. Корејските уметници биле доста селективни во изборот на стилот и комбинирањето на различните регионални стилови со што создале една специфична Корејски будистички уметнички стил.[11][12]
Додека Когуриската будистичка уметност покажувала виталност и подвижност налик на Северновејските прототипи, Кралството пекче било воедно во близок контакт со Јужните династии на Кина и овие блиски дипломатски контакти довеле до појавата на една фина и пропорционална скулптура [13] Кралството Сила исто така развило значајна будистичка уметност чиј пример е Бангасајусанг, скулптура која била испратена во Јапонија како подарок за Кориуџи храмот.[14] Будизмот во периодот на трите кралства стимулирал голема изградба на храмови, како храмот Миреукса во пекче и храмот Temple in the Baekje Kingdom and the Хвангниогса во Сила. Архитектите на пекче биле познати по нивните вештини и изградбата на голема деветкатна пагода во Хвангниогса и раните будистички храмови во Јамато Јапонија како Хокоџи (Асука-дера) и Хориуџи.[15][16]
Јапонија
уредиПред воведувањето на Будизмот, Јапонија веќе била седиште на разни култури и уметнички влијанија, од апстрактната линиска декоративна уметност на изворниот неолитски јомонски период од околу 10500 п.н.е. - 300 п.н.е., до уметноста во тек на периодите Јајои и Кофун со развој на уметноста Ханива. Јапонците го откриле будизмот во 6 век кога мисионерските монаси допатувале на нивните острови заедно со бројни скулптури и уметнички дела. Будистичката религија во следните векови била прифатена од страна на државата. Поставена на самиот крај на патот на свилата, Јапонија успеала да зачува многу аспекти на Будизмот токму во времето кога тој изчезнувал од Индија и кога бил потиснуван во Средна Азија и Кина.
Од 711, бројни храмови и манастири биле изградени во главниот град Нара, вклучително и петкатна пагода, Златната сала на Хориуџи и храмот Кофукуџи. Биле изработени огромен број слики и скулптури, честопати по нарачка и со спонзорство на власта. Во оригиналниот стил карактеристичен по реализмот и грациозноста, се мешале индиски, хеленистички, кинески и корејски уметнички влијанија. Творештвото на Јапонската будистичка уметност било особено богато меѓу 8 и 13 век за време на периодите Нара, Хејан и Камакура. Јапонија развила крајно богата фигуративна уметност за пантеонот на будистичките божества, понекогаш во комбинација со Хинду и Шинто влијанија. Од 12 – 13 век, се развила Зен уметноста, и ги достигнала своите златни денови во Муромаши периодот, после воведување на верата од страна на Доген и Ејсаи после нивното враќање од Кина. Зен уметноста главно се одликува со оригиналното сликарство (како на пример сумие) и поезијата (главно хаику). Потрагата по просветленост "во моментот" исто довело и до развој на други значајни изведени уметности како чајната церемонија Чаноју и уметноста на цветно аранжирање наречено Икебана. Будизмот до денес останал мошне активен во Јапонија и зачувани се околу 80.000 будистички храмови. Многу од нив се од дрво и затоа редовно подлежат на реставрација.
Тибет и Бутан
уредиTантричкиот будизам почнал како движење во источна Индија околу 5-6 век. Многу од практиките на тантричкиот будизам потекнуваат од Браманството (користењето на мантрите, јогата, или палењето на жртвени подароци). Од 8 век, тантризмот станал доминантна форма на будизам во Тибет. Поради нејзината географска поставеност во центариот дел на Азија, Тибетската будистичка уметност примила влијанија од Индиската, непалската, хеленско-будистичката и Кинеската уметност. Една од најкаректеристичните творби на тибетската будистичка уметност се мандалите, дијаграми на "божествениот храм". Од уметнички аспект, будистичката Гупта уметност и Хиндуистичката уметност се двете најсилни инспирации на тибетската уметност.
Виетнам
уредиКинеското влијание било најдоминантно на северот од Виетнам (Тонкин) меѓу 1 и 9 век а преовладувале конфуцијанството и Махајана Будизмот. На југ се наоѓало поранешното кралство Чампа (пред да биде заземено од Виетнамците од север). Уметноста во Чампа имала силно индиско влијание исто како соседната Камбоџа.
Јужна будистичка уметност
уредиОртодоксните форми на будизмот, исто така познати како Јужен Будизам сè уште се практикуваат во Шри Ланка, Мјанмар (Бурма), Тајланд, Лаос и Камбоџа. Уште во текот на 1 век, најмногу преку трговијата, Индија почнала силно да врши влијание во земјите на Југоисточна Азија. Трговските патишта ја поврзувале Индија со јужниот дел на Бурма, со централниот и јужниот дел на Сијам, долна Камбоџа и јужен Виетнам, и во тие делови биле основани бројни урбанизирани крајбрежни населби.
Речиси повеќе од илјада години, индиското влијание бил главен фактор кој различните земји од овој регион ги довел до одреден степен на културно единство. Јазиците Пали и Санскрит и индиското писмо, заедно со Махајана и Теравада Будизмот, Браманизмот и Хиндуизмот, биле пренесувани преку директен контакт или преку светите текстови и индиската литература како Рамајана и Махабхарата. Ова ширење обезбедило уметнички контекст за развој на Будистичката уметност во овие земји, кои понатаму развиле свои сопствени одлики. Меѓу 1 и 8 век, неколку кралства се бореле за превласт во регионот (посебно камбоџанското Фунан потоа бурманските Мон кралства) кои придонесувале со разноразни уметнички одлики, во поголем дел произлезени од индискиот Гупта стил. Од 9 до 13 век, Југоисточна Азија имала многу моќни империи и станала исклучително активна во однос на будистичкото творештво и архитектура. Империјата Шри Виџаја на југ и империјата Кмер на север се бореле за превласт но и двете биле дел од Махајана Будизмот и нивната уметност го изразувала богатиот Махајана пантеон на бодисатвите.
Теравада будизмот во регион од бил воведен околу 13 век од Шри Ланка, и бил прифатен од новото тајландско кралство Сукхотај. Од периодот на теравада будизмот централно место заземале манастирите кои воедно биле и центри на учење. Градењето на храмови комплекси игра посебно значајна улога во уметничкиот израз на Југоисточна Азија од тоа време. Од 14 век, во регионот почнал да се шири Исламот, во Малезија, Индонезија, и повеќето од далечните острови на Филипините. Во континенталните подрачја, Теравада Будизмот продолжил да се шири во Бурма, Лаос и Камбоџа.
Шри Ланка
уредиСпоред традицијата, Будизмот во Шри Ланка бил воведен во 3 век п.н.е. од страна на индиски мисионери под водство на Тхера Махинда, син на императорот Асока. Пред експанзијата на Будизмот, домородното население на Шри Ланка живеело во анимистичен свет полн со предрасуди. Преобраќањето на таквото население во ранобудистичките верувања бил тежок и бавен процес. Најраниот монашки комплекс бил Махавихара. Махавихара станал центар на ортодоксната Теравада доктрина. Овој центар преовладувал сè до основањето на Абхајагири Вихара околу 89 п.н.е. Абхајагири Вихара станал седиште на реформистичките Махајана доктрини. Третиот центар бил Џетаванарама. Шри Ланка е позната по камените скулптури на Буда изработени во бронзена легура.[17]
Мјанмар
уредиСосед на Индија, Мјанмар (Бурма) бил под силно влијание на источниот дел на индиската територија. Се вели дека народот Мон од јужниот дел на Бурма го прифатил Будизмот околу 200 п.н.е. под влијание на Индискиот крал Ашока, пред шизмата на Махајана и Хинајана Будизмот.
Најдени биле ранобудистички храмови, како Беиктано во централен Мјанмар, кои датираат меѓу 1-5 век. Будистичката уметност на монасите била под влијание на индиската уметност од Гупта и пост-Гупта периодот, и нивниот стил се проширил во Југоисточна Азија во тек на експанзијата на империјата Мон меѓу 5-8 век. Подоцна, илјадници будистички храмови биле изградени во главниот град Баган, меѓу 11 и 13 век и околу 2.000 од нив сè уште постојат. Од тој период останале прекрасни накитени скулптури на Буда. За време на Ава периодот, од 14-16 век, популарен бил Ава стилот во отсликувањето на Буда. Во овој стил, Буда има широки испакнати уши, истакнати веѓи кои се искривуваат нагоре, полузатворени очи, тенки усни и коса во пунџа на врвот, и обично со мудра.[18]
Во тек на династијата Конбаунг, на крајот на 18 век, се појавил Мандалај стилот на отсликувањето на Буда – стил кој останал популарен до денес.[19] Во овој стил, лицето на Буда е многу поприродно, помесесто, со природно обликувани веѓи, со малку искосени очи, со подебели усни и со округла пунџа на врвот. Во овој стил, Буда е прикажан како седи или како стои.[20] Стилот на облеката е со набори, обвиткана околу телото.
Друг вообичаен стил е Шан стилот, на народот Шан, кои живеат во планините на Мјанмар. Во овој стил Буда е прикажан со аглести одлики, широк и шилест нос, коса врзана слична како во тајландските прикази и со мала, тенка уста.[21]
Камбоџа
уредиКамбоџа било центар на кралството Фунан кое се проширило во Бурма и на југ дури до Малезија меѓу 3 и 6 век со влијанија од Индија. Подоцна, од 9 до 13 век, Махајана Будизмот и хиндуистичката империја Хмер доминирале во голем дел на југоисточниот азиски полуостров и влијаел врз развојот на Будистичката уметност во регионот. Под империјата Хмер повеќе од 900 храмови биле изградени во Камбоџа и соседен Тајланд.
Ангкор бил центар на овој развој со голем будистички комплекс а голем дел од будистичките скулптури се зачувани.
Тајланд
уредиОд 1-7 век, Будистичката уметност во Тајланд отпрвин била под влијание на индиската поради директниот контакт со трговците и експанзијата на кралството Мон што водело до создавање хинду-будистичка уметност инспирирана од Гупта традицијата, со бројни монументални вешто изработени статуи Од 9 век, разните школи на тајландската уметност биле под силно влијание на камбоџанската хмерска уметност на север и уметноста Шри Виџаја на југ, и двете со Махајана религија. Во 13 век, Теравада будизмот бил воведен од Шри Ланка речиси истовремено кога било воспоставено тајландското кралство Сукхотај. Новата религија инспирирала високостилизирани слики во Тајландски будизам со понекогаш многу геометриски и речиси апстрактни фигури. Во текот на периодот Ајутхаја (14-18 век), Буда почнал да биде претставуван на постилизиран начин прикажан со накити и украси.
Индонезија
уредиКако и останатиот дел на Југоисточна Азија и Индонезија се чини дека најсилно била под влијание на Индија во 1 век. Островите Суматра и Јава во западниот дел на Индонезија биле седиште на империјата Шри Виџаја (8-13 век). Шривиѓајанската империја го прифатила ммахајаната и ваѓрајаната и , под власта на владетелите кои се викале Саилендра. Шривиџајците ја ширеле махајанската будистичка уметност во тек на нивната експанзија на Југоисточниот азиски полуостров. Бројни статуи бодисатва од Махајана од овој период се најдени низ регионот кои се одликуваат со висока софистицираност и техника.
Богати и убави архитектонски остатоци се пронајдени на Јава и Суматра. Највеличествен е храмот на Боробудур (најголемата будистичка структура на светот, изградена околу 780-850). Овој храм бил изграден според будистичката концепција на универзумот со Мандалата која брои 505 слики на седнатиот Буда. Во Суматра Шри Вижаја веројатно го изградиле храмот на Муара Такус и Муаро Џамби. Најубав примерок на класичната јаванска будистичка уметност е деликатната статуа на Праџнапарамита (колекција на Националниот музеј Џакарта) божицата на трансценденталната мудрост од кралството Сингхасари. Индонезиската будистичка империја на Шри Виџаја пропаднала после конфликтот со владетелите Чола од Индија, аа потоа следела империјата Маџапахит, пред да биде дестабилизирана со ширењето на Исламот во 13 век.
Современа будистичка уметност
уредиМногу современи автори користат будистички теми. Достојни примери за тоа се Бил Виола, во неговите видео инсталации,[22] Џон Конел, во скулптурата.,[23] и Алан Греам во неговата мултимедија „Времето е спомен” (Time is Memory).[24]
Во Британија, Мрежата на будистички организации сакала да идентификува будистички практичари низ сите уметности. Во 2005, бил одржан фестивал на уметностите, „Лотус во цвет“ (A Lotus in Flower), а во 2009 помогнала во организирање на дводневната уметничка конференција, „Будистички ум, креативен ум“ (Buddha Mind, Creative Mind). Подоцна, како резултат се формирала Асоцијација на будистички уметници.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Foltz, Richard C. (2010). Religions of the Silk Road: Premodern Patterns of Globalization. New York, New York, USA: Palgrave Macmillan. ISBN 978-230-62125-1 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help). - Jarrige, Jean-François (2001). Arts asiatiques- Guimet (Éditions de la Réunion des Musées Nationaux. изд.). Paris. ISBN 2-7118-3897-8.
- Lee, Sherman (2003). A History of Far Eastern Art (5th. изд.). New York: Prentice Hall. ISBN 0-13-183366-9.
- Scarre, Dr. Chris (editor) (1991). Past Worlds. The Times Atlas of Archeology. London: Times Books Limited. ISBN 0-7230-0306-8.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Susan L. Huntington: "Early Buddhist art and the theory of aniconism", Art Journal, Winter 1990.
- von Schroeder, Ulrich. 1981. Indo-Tibetan Bronzes. (Hong Kong: Visual Dharma Publications, Ltd.).
- von Schroeder, Ulrich. 2001. Buddhist Sculptures in Tibet. Vol. One: India & Nepal; Vol. Two: Tibet & China. (Hong Kong: Visual Dharma Publications, Ltd.).
Наводи
уреди- ↑ Buddhist Art, Frontline Magazine May 13-26, 1989
- ↑ Cotterell, A; The imperial capitals of China: an inside view of the celestial empire, Random House 2008, ISBN 9781845950101 p179
- ↑ Ortiz, Valérie Malenfer; Dreaming the southern song landscape: the power of illusion in Chinese painting, BRILL 1999, ISBN 9789004110113 p161-2
- ↑ „Confucius Institute Online: Four Wangs and Four Monks“. Архивирано од изворникот на 2012-03-29. Посетено на 2011-11-22.
- ↑ „Crown“. Arts of Korea. The Metropolitan Museum of Art. Посетено на 2007-01-09.
- ↑ Grayson (2002), p. 21.
- ↑ Pierre Cambon, Arts asiatiques- Guimet'
- ↑ 8,0 8,1 Grayson (2002), p. 25.
- ↑ Grayson (2002), p. 24.
- ↑ Peter N. Stearns and William Leonard Langer (2001). The Encyclopedia of World History: ancient, medieval, and modern, chronologically arranged. Houghton Mifflin Books. ISBN 0-395-65237-5.; „Korea, 500–1000 A.D.“. Timeline of Arts History. The Metropolitan Museum of Art. Посетено на 2007-01-09.
- ↑ Grayson (2002), pp. 27 & 33.
- ↑ „Korean Buddhist Sculpture, 5th–9th Century“. Timeline of Arts History. The Metropolitan Museum of Art. Посетено на 2007-01-09.
- ↑ metmuseum.org
- ↑ kenyon.edu
- ↑ * Fletcher, Banister; Cruickshank, Dan, Sir Banister Fletcher's a History of Architecture, Architectural Press, 20th edition, 1996, ISBN 0750622679.
- ↑ orientalarchitecture.com
- ↑ von Schroeder, Ulrich. 1990. Buddhist Sculptures of Sri Lanka. First comprehensive monograph on the stylistic and iconographic development of the Buddhist sculptures of Sri Lanka. 752 pages with 1620 illustrations (20 colour and 1445 half-tone illustrations; 144 drawings and 5 maps. (Hong Kong: Visual Dharma Publications, Ltd.). von Schroeder, Ulrich. 1992. The Golden Age of Sculpture in Sri Lanka - Masterpieces of Buddhist and Hindu Bronzes from Museums in Sri Lanka, [catalogue of the exhibition held at the Arthur M. Sackler Gallery, Washington, D. C., 1st November 1992 – 26th September 1993]. (Hong Kong: Visual Dharma Publications, Ltd.).
- ↑ „The Post Pagan Period - 14th To 20th Centuries Part 1“. Архивирано од изворникот на 2008-12-06. Посетено на 2011-11-22.
- ↑ „The Post Pagan Period - 14th To 20th Centuries Part 3“. Архивирано од изворникот на 2015-02-24. Посетено на 2011-11-22.
- ↑ Mandalay Buddha Statues, Buddha Art Gallery
- ↑ Shan Buddha Statues, Buddha Art gallery
- ↑ Buddha Mind in Contemporary Art, University of California Press, 2004
- ↑ ARTlines, април 1983
- ↑ The Brooklyn Rail, December 2007
Надворешни врски
уреди„Будистичка уметност“ на Ризницата ? |