Авалокитешварабодисатва во сожалување. Тој е еден од најраспространетите бодисатви во махајанскиот будизам. Во Кина, со своето културно и религиозно опкружување влијателно е тврдењето дека Авалокитешвара е од женски род, по име Гуан Јин. Во таостичката митологија се вели дека Гуан Јин не е во роднинска врска со Авалокитешвара.

Четирирачната тибетска форма на Авалокитешвара

Името Авалокитешвара некаде се среќава и како Падмапани („одржувач на Лотусот), а некаде и само Локешвара („господар на светот“). Во Тибет Авалокитешвара се споменува и како Ченрециг и се верува дека реинкарнирал во далај-лама, Кармапа и другите лами. Во Монголија е познат како Мидјиг Јанрајсиг, Ксонгзим Бодисадв-а, или Нидубер Ујегчи.

Етимологија и потекло

уреди

Зборот „авалокитешвара“, доколку граматички е составен од неколку глаголи. Претставката ава што значи „долу“, „надолу“, локита што е глагол во минато неопределено време и во својот основен вид лок значи „истражува“, „набљудува“ (во овј случај „истражувал“, „набљудувал“) и именката ишвара што значи „господар“, „владетел“, „мајстор“. Гласовната форма ишвара пшреминала во ешвара, а целиот израз значи „господар кој го набљудува светот“. Зборот лока значи „свет“ што го нема во зборот или се поистоветува со слогот лок што е глагол.

 
Локешвара (Камбоџа)

Некаде од зборот авалокитешвара се преведува делот швара како звук, бучава што би значело слушател на звукот, односно тој што може да го слушне звукот (барање помош кога некој е во опасност). Ваквата анализа на зборот „авалокитешвара“ е застапена во Кина,каде што се споменува Гуан Јин.

Во будизмот зборот има значење на улогата на „бодисатва“ каде што делот ишвара е под влијание на шаивинизам, а „ишвара“ е поврзано и со хиндуистичкиот поим за госпдар или управител на светот. Така настанал и поимот „бодисатва“.

Мислењето на западните школи

уреди
 
Авалокитешвара, држејќи цвет од Лотус. Извајан камен во храмот Плаосан во Прамбанан, Јава, Индонезија

Во западните извори се смета дека Авалокитешвара е воведено во махајанскиот будизам и земено како наставка на едно од хиндуистичките божества Брама или Вишну. Во Теревада, Локешвара („господар на светот“) е име на Буда, и го претставува развојот на Брама, Вишну или Шива како локешвара. Денес поимот Авалокитешвара осбоено се споменува во Индо-Кина каде што е од машки род и се вели дека е виден кај местото Анкор.

Махајанското мислење

уреди

Според махајаснкото мислење Авалокитешвара е бодисхатва којшто има создадено обичај да ги слуша молбите на сите послушни суштества во сите времиња и да ја остави својата светост при помагањето во развојот на нирваната на секое суштество на Земјата. Махајанските сутри содржат сутра на срцето и сутра на лотусот, особено 25. дел којшто понекогаш се споменува и како сутра на Авалокитешвара.

Во махајаната се споменуваат 6 форми на Авалокитешвара. Тоа се големата страст, големата љубов на детството, лавјата храброст, водачот помеѓу боговите и луѓето и големата присутност на Брама. Секоја од овие 6 форми е поврзана со 6кралства, а тоа се проклетствата, гладните духови, животните, полубоговите, луѓето и уништувањата.

Варајанското мислење

уреди

Во тибетската традиција се споменуваат 2 извора на потеклото на Авалокитешвара. Првиот е неговата роднинска врска каде што тој како верен свештеник станува Бодишатва и трансформирајќи се од калпа во авалокитешвара.Според другиот извор авалокитешвара е универзална манифестација на страстите. Бодисатва е поглед на антрополошко возило на божеството коешто служи за подобро разбирање на Авалокитешвара со човештвото.

Во езотеричкиот будизам авалокитешвара има 7 форми. Тоа се Амогапаша (непогрешлива замка), Вара-сахасрабкуја-локана или Сахасрабхујасахасрабнетра (1000 раце, 1000 очи), Хајагрива (јавање на коњ), Екадасамука (11 лица на Авалокитешвара), Кунди, Кинтамани-цакра (волан на врховната сила) и арја Локитешвара, светоста на врховниот набљудувач на светот.

Мантра

уреди
 
Ом Мани Падме Хум - мантра на Авалокитешвара

Според тибетскиот будизам Ченрециг е поврзан со шестсложната мантра Ом Мани Падме Хум. Ченрециг исто така се наоѓа и како Садакшари („господар на шесте слогови“). Поврзаноста на оваа мантра со Авалокитешвара се среќава во сутрата Карандавјуха од крајот на IV или почетокот на V век што претставува еден од првите трудови коишто се направени во Тибет пред крајот на V век.

Во шингонскиот будизам, мантрата се употребува за воздигнување на авалокитешвара како Он Аро-рикја Совака (Ох, чист, свет!), но исто така ОМ Мани Падме Хум повремено се употребува.

Големата сожалувачка мантра е 82 слоговна мантра кажана од Авалокитешвара на говорот за будистите и Бодисатвите, воздигнувајќи ги вредностите на мелодичноста на мантрата. Оваа мантра е популарна во Кина, Јапонија и во Тајван.

Илјадата раце на Авалокитешвара

уреди
 
Авалокитешвара со 1000 раце, дел од карпата Дацу на планината Баодинг, Дацу, Чонгкинг, Кина.

Според една позната будистичка приказна, Авалокитешвара ветил дека нема да се одмори по ослободувањето на послушните суштества од самсара. Поради големиот напор, тој сè уште си мислел дека има многу суштества коишто треба да бидат заштитени. По напорот да го разбере мнозинството, неговата глава се поделила на 11 дела. Амитабха воочувајќи го неговото ветување,тој му дал 11 раце за да ги слушне звуците на трпението. Откако ги слушнал и разбрал звуците, Авалокитешвара се обидел да им помогне на оние на којшто им била потребна помош.Тогаш тој видел дека 2 од неговите раце се поделени на повеќе делови. Амитабха повторно се појавил и овој пат на Авалокитешвара му дал 1000 раце за да ја извршува својата работа.

Во некои хималајски верзии на оваа приказна се споменува дека тој најпвин добил 8 раце, а во повеќе кинески верзии таа бројка е променлива и не е точно утврдена.

Во храмот Баоен во северозападен Сечуан, Кина се наоѓа скулптура на Авалокитешвара со 1000 раце од времето на династијата Минг.

Манифестации

уреди

Авалокитешвара има голем број на манифестации во своите форми. Најпознати за најспоменуваните форми се:

Санскрит Кинески Јапонски Значење Опис
Арјавалокитешвара 聖觀自在 Шо Канон Свет Авалокитечвара Основната форма на Бодисатва
Екадашмука 十一面 јуичимен Единаесетте лица на Авалокитешвара Дополнителни лица за подучување на 10 рамнини на постоењето
Сахасра-буја Сахасра-нетра 千手千眼 сењусенган 1000 раце, 100 очи на Авалокитешвара Многу позната форма: гледа и им помага на сите
Кинтамани-цакра 如意輪 њоирин Желба исполнета со Авалокитешвара Држејќи го скапоцениот камен Цинтамани
Хајагрива 馬頭 bato Управувањето на коњ на Авалокитешвара Гневна форма; симултано Бодисатва и кралот Видсом
Кунди' 准提 Јунтеи Мајката божица Авалокитешвара Жунти на кинески
Амогапаша 不空羂索 фукурењаку Авалокитешвара со јаже и мрежа
бхркути Жарлив
Пандаравасини 白衣 бјакуе Бел и невин Директната прошка на Гуан Јин
Парнашабари Покриен со листови
Ракта Шадакшари 6 црвени слогови
Шветабхагавати White-Bodied
Удака-шри Водна среќа