Портал:Географија/Одбрана статија/2007

Ова е Архивата на одбрани статии прикажани на Географскиот Портал.

Денес е 19 декември 2024.

Архива на статии

уреди

2007


Јуни
 

Сан Франциско е четвртиот најголем град во Калифорнија и четиринаесетиот најголем во САД со 739.426 жители, според информации од 2005 година. Се наоѓа на врвот на Сан Франциско Полуостровот и е центар на збиднување во заливот на Сан Франциско. Сан Франциско е втор град по густина на жители во САД.

Во 1776, Шпанците биле првите европејци што перманентно го населиле Сан Франциско. Тие основале мисија и ја нарекле според Францис од Асиси. По започнувањето на златната треска во 1848, градот започнал период на нагол развој. По катастрофалниот земјотрес и пожар во 1906, Сан Франциско бил брзо реконструиран и денес е еден од најпрепознатливите градови во светот.

Сан Франциско е познат по маглата, стрмните ридови, мешавината на викторијанска и модерна архитектура и по локацијата на полуостров эаокружен со Тихиот Океан и Заливот на Сан Франциско. Меѓу најпрочуените делови на Сан Франциско се вклучуваат мостот на Златната Капија, Алкатраз, кабелските коли, пирамидата на Трансамерика и кинеската четврт.

Прочитајте повеќе...


Јули
 

Оклендската метрополитенска област или Голем Окленд, на Северниот остров, е најголемото населено место во Нов Зеланд. Градот е конурбација, сочинета од градовите (или подградовите) Град Окленд, Ваитакере, Манукау и Северен Брег. На маорски градот го носи името Tāmaki Makau Rau или Ākarana. Бројот на жители е нешто над 1.3 милиони, и со тоа е најголем град во Нов Зеланд, многу поголем од било кој друг - една третина од населението на Нов Зеланд.

Голем Окленд се простира меѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, Манукавското пристаниште на југозапад и планинскиот венец Ваитакере и помалите венци на северозапад. Централниот дел од населената област го зазема теснецот помеѓу Манукавското пристаниште на Тасманско море и Ваитематското пристаниште на Тихиот Океан). Окленд е еден од многу ретките градови на светот со пристаништа на две мориња/океани.

Tamaki Makau Rau (теснецот на илјада љубовници), денес познат како Окленд, бил најпрвин населен од маорите околу 1350 год. Регионот бил вреднуван за својата богата и плодна почва. Маорите правеле терасести утврдени села (па) на мртви и зарамнети вулканиски врвови. Пред доаѓањето на белците, маорите имале околу 20,000 вакви села во регионот, бројка која подоцна го квалификува местото како град. Прекопаните брда можат да се видат и денес околу поголемите вилкани како Албертовото брдо, Идновото брдо and Брдото со едно дрво.

Прочитајте повеќе...


Август
 

Општина Делчево е општина во Источна Македонија. Центар на општината е градот Делчево. Географската површина изнесува 423 км² и живеат околу 17.713 жители. Во Делчево се има 22 населени места и тоа: градот Делчево и селата: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово (Делчевско), Град (Делчевско), Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик (Делчевско). Градот го носи името на гордоста на македонскиот народ - Гоце Делчев. Во минатото општината била позната и под името Царево Село.

На 164 км источно од Скопје, во подножјето на планината Голак, распослан на двата брега на реката Брегалница лежи бисерот на источна Македонија, градот Делчево. Тоа е најголемо населено место во областа Пијанец, која се протега на површина од 453 км2 , сместена помеѓу Осоговските планини (на север) и Малешевските планини (на југ).

Градот лежи на надморска височина од 590м до 640м. И покрај тоа што се наоѓа во најисточнот дел од државата Делчево има релативно добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Тоа е крстосница за источна Македонија. Преку Пехчево (27 км) и Берово (34км) е поврзано со Струмица на југ, а преку Македонска Каменица (22км) и Кочани (48км) е поврзано со Штип на северозапад. На запад на 39 км, се наоѓа Виница, а граничниот премин " Арнаутски гроб " е на исток, оддалеченост од 11 км.

Прочитајте повеќе...


Септември
 

Атина (грчки: Αθήνα, Ати́на МФА: /a'θina/) е главниот и најголемиот град на Грција, како и родното место на демократијата. Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители. Метрополитанската област на Атина моментално расти северно и источно преку полуостровот Атика и го претставува доминантниот центар на економскиот, финансискиот, индустрискиот, културиниот и политичкиот живот во Грција. Градот исто така станува водечки бизнис центар во Европската Унија.

Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулката на западната цивилизација, воглавно поради големиот удар на нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера врз остатакот од тогаш познатиот европски континент. Наследството на атињанското просветление е сѐ уште воочливо во градот, портретирано низ број на спектакуларни антички споменици и слики, најпознатите од кои се Партенон на Акропол („висок град“), израснат од Иктин, Каликрат и Фидиј. Последниот е општоприфатен како еден од најдобрите примери за класичната архитектура на Стара Грција и сѐ уште претставува епско наследство за западот, впрочем и за остатокот од светот. Многу од овие културни знаменитости биле реновирани пред Олимписките Игри 2004.

На старогрчки, името Атина било Ἀθῆναι-Атенаи, множина од Ἀθηνά-Атене, атичко име на божицата Атена. Името на градот може да било во множина, како оние на Θῆβαι-Тебаи (Теба) и Μυκῆναι-Микенаи (Микена), поради тоа што се состоело од повеќе делови. Во XIX век ова име било формално прифатено како име на градот. Од официјалното напуштање на грчкиот Катаревуса во 1970-тите, популарната форма Ати́на станала официјалното име на градот.

Прочитајте повеќе...


Октомври

Скопје е главен град на Република Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.

Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња.

Античкото име е Скупи (Skupi).

Скопје има различна транскрипција во различни јазици и култури. Така имаме: Shkupi (албански), Scupi (латински), Skop'e - Скопье (руски), Skópia - Σκόπια (грчки), Skopie (полски, шпански), Скопие (бугарски), Skopje (холандски, германски, македонски, латвијски, малтешки, португалски, словенски, романски, шведски), Scoplie (варијанта на романски), Skoplje (српски на латиница, хрватски), Скопље (српски на кирилица) Skūbyī (арапски), Uskub (турски за време на отоманската империја), Üsküp (турски), Skopjė (литваниски), Szkopje (унгарски).

Скопје за прв пат се споменува од Клаудиј Диоломеј под античкото име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за прв пат се јавува кај племето Пајонци. Скупи, исто така, значи и „населба на див народ“, бидејќи Дарданците биле алчни и сурови непријатели на Македонија и античкиот свет.

Прочитајте повеќе...


Ноември
 

Нижни Новгород (руски: Нижний Новгород) или скратено - Нижни, е четвртиот град по големина во Русија, по Москва, Санкт Петербург и Новосибирск. Население: 1,297,600 (2005). Градот е економски и културен центар на огромниот Волго-Вјатски стопански регион, како и административен центар на Нижегородската област и Приволжскиот федерален округ.

Од 1932 до 1990 градот го носел името Горки (Горький) во чест на писателот Максим Горки. По падот на СССР, градот си го враќа своето име.

Градот бил основан од кнезот Јуриј II Вселоводич во 1221 на врстувањето на најважните реки во регионот, Волга и Ока. Дадено му е името Нижни Новгород („Долен Новоград“), за да се различи од постариот град Новгород. Нижегородската тврдина играла важна стратешка улога, особено со помош на природниот шанец обликуван од двете реки.

Заедно со Москва и Твер, Нижни Новгород е еден од неколкуте новосоздадени градови кои ја избегнале монголските ужаси заради нивното големо значење и израснале како силни противници на т.н. татарски јарем. Градот се здобил со уште повеќе важност кога престолнината на моќното Суздаљско Кнежевство вила префрлена тука од Городец во 1350. Кнезот Димитриј Константинович (1323-1383) се стремел градот да стане соперник и рамен на Москва: изградил камена крепост, неколку цркви и бил покровител на историчарите. Најраниот ракопис од Несторовиот летопис, наречен Лаврентов летопис, бил напишан од локалниот монах Лаврентиј во 1377.

Прочитајте повеќе...


Декември
 

Виена (англиски: Vienna, германски: Wien, словенечки: Dunaj, српски и хрватски: Beč, унгарски: Bécs, чешки: Vídeň, словачки: Viedeň, романски: Viena, ромски: Vidnya, руски: Вена) е главниот град а исто така и една од деветте сојузни покраини во Австрија.

Со население од околу 1,6 милиони (2,2 милиони во метрополитанската област) се наоѓа на двата брега на реката Дунав, и на само 60 km од австриската источна граница. Така, градот лежи во југоисточниот агол на Средна Европа и се наоѓа во близина на Чешката Република, Унгарија и особено на Словачка. Виена е најголемиот град во Австрија, нејзиниот главен културен, економски и политички центар, а воедно е и седиште на многубројни канцеларии на Обединетите Нации и на разни меѓународни институции и компании вклучувајќи ги и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (OSCE), Организацијата на земјите извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC) и на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

Виена е основана како Келтски град околу 5 век пне. Во 15 година пне. (тогашен назив Виндобона) станува одбранбен град на Римското Царство против германските племиња од Север. Во текот на средниот век станува дом на Бабенберговата а подоцна и на династијата Хабсбурговци. Турците Османлии, во текот на XVI и XVIII век, двапати се одбивани во нивните обиди да го заземат градот. Во 1815 со Виенскиот конгрес се нацртани новите граници во Европа по падот на Наполеон кај Ватерло. За време на Студената војна Виена е жариште на меѓународните шпионски игри, што се должи на положбата на (тогаш) неутралната Австрија помеѓу Источниот и Западниот блок. Прочитајте повеќе...