Портал:Географија/Одбрана статија/2007/октомври
Скопје е главен град на Република Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.
Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња.
Античкото име е Скупи (Skupi).
Скопје има различна транскрипција во различни јазици и култури. Така имаме: Shkupi (албански), Scupi (латински), Skop'e - Скопье (руски), Skópia - Σκόπια (грчки), Skopie (полски, шпански), Скопие (бугарски), Skopje (холандски, германски, македонски, латвијски, малтешки, португалски, словенски, романски, шведски), Scoplie (варијанта на романски), Skoplje (српски на латиница, хрватски), Скопље (српски на кирилица) Skūbyī (арапски), Uskub (турски за време на отоманската империја), Üsküp (турски), Skopjė (литваниски), Szkopje (унгарски).
Скопје за прв пат се споменува од Клаудиј Диоломеј под античкото име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за прв пат се јавува кај племето Пајонци. Скупи, исто така, значи и „населба на див народ“, бидејќи Дарданците биле алчни и сурови непријатели на Македонија и античкиот свет.