Град Окленд

поранешна административна единица во Нов Зеланд

Град Окленд (англиски: Auckland City) — поранешна административна единица која ја покрива Оклендската Провлака и островите од заливот Хаураки. Оклендското градско подрачје се состоело од населените делови на овој град и соседните „градови“, имено Северен рег, Ваитакере и Манукау, заедно со делови од околните окрузи Папакура, Родни и Френклин. Во 2010 целото подрачје е сместено во една поширока градска управа Совет на Окленд, па поделена на настојништва (wards).

Град Окленд: Портокаловата боја го означува Град Окленд во рамките на населената област на конурбацијата (сива боја). Градскиот центар е заокружен. Заб: градот исто така ги оппаќа и островите од внатрепниот и (горе десно) надворешниот залив Хаураки.
Ова е статија за град Окленд. За општата населена област, видете ја главната статија Окленд.

Историја

уреди

Во 1989 централната власт извршила реструктуирање на локалната администрација ширум Нов Зеланд. Кон град Окленд биле припоени осум други локални административни единици. Во 2010 г. е укинат во полза на сеопшто обединување на Оклендскиот регион во едно.

Географија

уреди

Копнениот дел на градот Окленд лежи на теснец. Ваитематското пристаниште, which opens to the Хаураки, го одделува теснецот од градот Северен Брег и северно. Манукавското пристаниште, кое се отвора кон Тасмановото море го одделува реснецот од градот Манукау на југ.

Островите во внтрешниот залив се Рангитото, Мотутапу, Браунов остров, Мотуихе, Ракино, Понуи и Ваихеке, додека островите од надворешниот залв се Литл Бариер, Грејт Бариер и Мокохинавските острови. Значаен дел од оклендското централно градско подрачје е изградено на земја добиена со рекултивација през изминатите 100 години. Во план е значаен развој на недоволно искористените подрачја западно од центарот, каде големите фирми се преселуваат (2006).

Список на населби

уреди

Овие списоци на населби се географски подредени, и се дадени во правец на стрелките на часовникот од нивната положба во одност на центарот.

Централно градско подрачје
Механикс Беј, Парнел, Ремуера, Њумаркет, Графтон, Њутн, Идново брдо, Балморал, Кингсленд, Морнингсајд, Греј Лин, Понсонби, Фриманов залив, Хернов залив, Свети Мариин залив.

Источни
Мишн Беј, Кохимарама, Сент Хелиерс, Оракеи, Глендауи, Глен Инс, Мидоубенк, Поинт Ингланд, Сент Џонс, Тамаки, Панмјур, Велингтоново брдо, Елерсли.

Јужни
Отахуху, Вестфилд, Саутдаун, Пенроуз, Гринлејн, Оранга, Те Папапа, Онехунга, Брдо со едно дрво, Кралев даб, Епсом, Хилсборо, Три Крала, Ваиковаи, Роскилово брдо, Линфилд, Банкер Беј, Сандригем.

Западни
Оваирака, Нов Виндзор, Авондејл, Албертово брдо, Вотервју, Западни извори, Поинт Шевалиер, Вестмир.

За други населби во населеното место Окленд пошироко, видете Северен Брег, Манукау and Ваитакере.

Збратимени градови

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди