Очипала
Очипала, се среќава и како Очипале или Очипаре — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Очипала | |
![]() Маало на селото | |
Координати 41°59′51″N 22°44′35″E / 41.99750° N; 22.74306° EКоординати: 41°59′51″N 22°44′35″E / 41.99750° N; 22.74306° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Пијанец |
Население | 92[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09019 |
Надм. вис. | 600 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Очипала се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, на оддалеченост од околу 5 км од Делчево. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 600 метри. Неговиот атар зафаќа површина од 6,7 км2.[2]
ИсторијаУреди
Во почетокот на XX век, Очипала било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 212 ха, шумите се на површина од 218 ха, а на пасишта отпаѓаат 179 ха.[2]
НаселениеУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Очипала живееле 10 жители, сите Македонци.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 92 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Очипала:[4]
Години | Македонци | Турци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — |
1953 | 230 | 6 | 2 | 238 |
1961 | 229 | 1 | 0 | 230 |
1971 | 195 | 0 | 0 | 195 |
1981 | 141 | 0 | 0 | 141 |
1991 | 111 | 0 | 1 | 112 |
1994 | 106 | 0 | 0 | 106 |
2002 | 92 | 0 | 0 | 92 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
РодовиУреди
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
- Доселеници: Топчији (6 к.) доселени се во 1885 година од селото Драмче; Прдловци (3 к.) доселени се во 1910 година од селото Бигла; Малчове (3 к.) доселени се во 1911 година од селото Бигла; Мишеве (5 к.) доселени се во 1913 година од селото Бигла; Дуовци (4 к.) доселени се во 1914 година од селото Драмче; Јовановци (5 к.) доселени се во 1914 година од селото Киселица; Мандалевци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Драмче.[5]
Општествени установиУреди
Во селото има основно училиште до четврто одделение.
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1950 година.
Изборно местоУреди
Во селото постои изборно место бр. 0589 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на старото училиште.[6]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 82 гласачи.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 79 гласачи.[8]
Културни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Врница — могила од римско време
- Јурто — населба од доцноантичко време
- Пресечен Камен — градиште — градиште од доцноантичко време
- Топчин Могила — могила од римско време
- Чукарче — старохристијанска црква и некропола
- Цркви[10]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — нова црква во изградба
ЛичностиУреди
- Родени во Очипала
- Ратко Димитровски (р. 1956) — македонски стопанственик и политичар, поранешен градоначалник на Кочани
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 226.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Се гради првата црква во делчевското село Очипала“. A1on. 4 јули 2017. Посетено на 16 јули 2018.